Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Кристијан Вулф е новиот претседател на Германија

Драматичен и долг ден во германскиот Рајхстаг. Кандидатот на владејачката коалиција, Кристијан Вулф, дури по третото гласање беше избран за претседател на државата. Девет часа траеше изборната битка, која Вулф на крајот ја заврши со хумор: „Од поразите имам значително повеќе научено, отколку од победите. Ако ви кажам дека девет години траеја моите обиди да станам премиер на Долна Саксонија, денешниот избор во Сојузното собрание траеше релативно кратко“.

Во првите два круга гласање Вулф не успеа да го освои неопходното апсолутно мнозинство. Пратеникот од социјалдемократите, Волфганг Тирзе, коментира: „Првиот круг гласање беше навистина големо изненадување. Тоа е голем успех за Јоахим Гаук, бидејќи за него гласаа многу повеќе делегати, отколку што го номинираа“,

Изненадувањето беше дотолку поголемо за канцеларката Ангела Меркел, која со нервозен израз на лицето постојано праќаше СМС-пораки и контактираше со нејзините сопартијци и со коалицискиот партнер, Гидо Вестервеле. На крајот, Меркел заклучи: „Сметам дека апсолутното мнозинство што го освои Кристијан Вулф во третиот круг гласање, јасно покажа дека зад него стои големо мнозинство, што ќе го најде и меѓу народот“.

Лидерот на либералите, пак, Гидо Вестервеле, чија партија ја поддржа номинацијата на демохристијанот Вулф, по гласањето истакна: „Тој ќе биде лидер на луѓето, ќе успее да изгради мостови. Вулф има една посебна способност за близина со луѓето, инаку немаше толку долги години да биде успешен како покраински премиер“.

Сепак, критичарите коментираат дека со вчерашното гласање во Сојузното собрание на Меркел и' е испратен јасен сигнал за незадоволство во и онака раскараната владина коалиција. Демохристијаните и либералите со месеци не спровеле ниту еден заеднички проект. Наместо тоа, се редат пораз до пораз. Опозицијата е едногласна во заклучокот дека вчерашниот ден значително и' наштетил на канцеларката: „На крајот најмногу аплаудираат оние што на избирачкото ливче не гласале за Вулф. Сметам дека кај нив постои голема потреба за разјаснување на некои работи“.

А што му порача противкандидатот Јоахим Гаук на идниот германски претседател? „Сакам од се' срце да му честитам на новиот претседател Кристијан Вулф и да му го посакам божјиот благослов и наклонетоста на граѓаните“. (Дојче веле)


#
Статијата е прочитана 441 пати.

Испрати коментар

Од: Saso Germanija
Датум: 02.07.2010 08:40:15
Komunistite so apstinencijata go donesoa Vulf na celo, protiv sebesi, zasto ne mu prostija na Gauk deka e borec veteran protiv komunizmot od koj bese progonuvan. Ta zeleniot Vulf na 50 godini stana pretsedatel. Toa se siri vo zemjite na demokratiite, kako sto se seiri i kaj nas.Eto B.C. kutriov nemoze da se smiri. Seir bese koga Koler i zalepi samar na germ. demokratija.

Најди! во Утрински
Насловна
Брана за беззаконието на факултетите
Радикалниот исламизам маршира
Тиквешански
На лозарите им скисна грозјето
Власта во паника
„Портокалово“ искушение за Бразил
Зурли, тапани и сите адети на Петровден
И протести и скапотија, а нашите јуришаат на грчките плажи
Политички игри со Тоше
Фантазерите го спасуваат Мундијалот
Бодигардите на државниот врв со краток фитил
„Китот“ ќе ја чисти нафтената дамка
Ослободување во три слики
Гана фокусирана на Форлан и на Суарез
Мамењето во фудбалот и етиката
Секој месец се' поскапо
Тактика на нојот
Приоритетите во животот сосема ме сменија
Арогантна тенисерка што ги штеди насмевките
Нов врисок на принцот на темнината
Кралот на сапунските серии