Хлеб: Капело со комунистички методи
„Капело на играчите им вели дека мора да јадат точно во 8,15 часот наутро, а не меѓу 8 и 9. Тоа е тотална идиотарија“, вели играчот од средниот ред на Белорусија, Александар Хлеб, кој поради повреда на глуждот нема да биде подготвен за мечот со Англија наредната среда.
„Сметам дека се' е лошо во англиската репрезентација. Ништо не може да се постигне со забрани и ограничувања. Играчите доаѓаат да играат за националниот тим, меѓу другото и поради забава. Најважна е атмосферата во тимот. Се чини дека кај Англија во сила е некаков вид комунизам“, смета Хлеб. |