Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Дуел со шпанските ракометни тореадори

Утре попладне Металург игра во гости со Барселона, една од најдобрите европски екипи

Миодраг Мицковиќ

Сигурно дека ракометарите на Металург немаа многу среќа во извлекувањето на ждрепката за групите во Лигата на шампионите кога за противници ги добија шпанската Барселона, германскиот Кил и првакот на Норвешка Драмон, но ќе имаат можност и чест да играат против најдобрите не само европски туку и светски екипи.

Првиот испит годинава на европската сцена го имаа во средбата со Кил во гости на која беа поврзани со осум голови разлика, но со својта игра оставија добар впечаток пред германските љубители на ракометот. Дури со малку среќа и поголема концентрација во финишот на мечот, поразот можеше да биде само со неколку голови разлика.

Но тоа е веќе минато, на ред е нов европски предизвик за металурзите, утрешниот меч против Барселона во гости. Ќе биде тоа дуел со шпанските ракометни тореадори кои и не паметат кога загубиле на свој терен. Јасно е дека во Металург не се занесуваат ниту помислуваат за некој подвиг. За неговите играчи најважно е да прикажат добра игра во салата во Барселона која прима околу 7.500 гледачи, немаме информации дали ќе биде полна, но без оглед кој гостува во неа, кога игра Барселона, таа е преполна бидејќи по фудбалот и кошарката, ракометот е трет спорт по популарноста во оваа држава. А уште во прашање е и името - Барселона и се е кажано.

Во своите редови Барселона има повеќе ракометари од другите држави, најмногу од Данска, тука е и Унгарецот Наѓ, Тунижанецот Бен Амор, ги има и од Хрватска. На овој меч поради повреда нема да настапи еден од најдобрите нивни играчи Ромеро кој е повреден но тука се Лазано, Хансен, Гарсија, Болдсен, одличниот голман, Данецот Кастер Хвид кој се смета за еден од најдобрите голмани на светот. И да не ги набројуваме останатите, репрезентативец до репрезентативец, играчи од светска класа.

И сега, против една таква екипа ќе игра нашиот Металург, кој во Германија покажа дека има добра екипа и кој може со успех да игра во Европа.

-Што да кажам, за Барселона се е кажано. За првпат ќе играме против не само шпанскиот туку и светскиот ракометен гигант. Ние нема шо да загубиме, можеме само да добиеме ако прикажеме добра игра и оставиме солиден впечаток. Веќе имаме играно со шпанските екипи: Ваљадолид и Гранољерс, не се посрамотивме, особено со Гранољерс кој го елиминиравме минатата година во Купот на ЕХФ, но сепак Барселона е нешто друго, таа е ракометен имиџ на Шпанија, беа зборовите на Лазаров.

сигурно дека најмногу работа ќе имаат двајцата голмани на Металург Борко ристовски и Данило Брестовац. Од нивните одбрани, од нивниот ден што се вели, во многу ќе зависи и резултатот.

-Не смееме да брзаме, мораме да играме мирно како и во Кил, Барселона има убиствени контри, тоа е нејзиното најсилно оружје. Тука мораме многу да внимаваме, ни рече голманот Брестовац, кој додека бранеше во Франција има играно против некои играчи на Барселона.

Мечот почнува утре во 17 часот, А1 ќе го пренесува директно за љубителите на ракометот во Македонија бидејќи за сите преноси во Лигата на шампионите има договор со Металург и ЕХФ.


Статијата е прочитана 217 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Хамилтон и Маса очекуваат израмнета битка во Јапонија
Федерер, сепак, ќе игра на Мастерсот во Мадрид
„Тојота“ нов спонзор на ФФМ
Хлеб- Капело со комунистички методи
ШАХ - Победнички потег
Холандија убедена во триумф над Исланѓаните
Хуманитарен спортски натпревар за Тоше Проески
Службени бодови за Македонија Ѓ.П., теренот во Тетово суспендиран
Ф. Работнички и Фени индустри ја отвораат сезоната