Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Ф. Работнички и Фени индустри ја отвораат сезоната

Кошаркарската јавност не можеше да посака поатрактивен старт на првенството

Фершпед Работнички против Фени Индустри! Поатрактивен старт на новата кошаркарска сезона не можеше никој да посака. Новото ривалство (19 ч. „Градски парк) по својата природа има сила, барем за момент, да ги стави во сенка сите проблеми што произлегоа по финансискиот крах на Струмица и нејзиното откажување од лигата и влегувањето на Овче Поле, кој ја докомплетираше лигата од 10 клуба.

Сега засега, овој тим, кој лани беше трет во Втората лига, но единствен редоследно, според статутот на КФМ, ја прифати поканата за учество во елитата, натпреварите ќе ги игра во Велес, бидејќи новата сала „Цар Самоил“ во Свети Николе во моентов е неупотреблива за кошарка, пред се поради тоа што нема соодветен семафор.

Такви проблеми од технички карактер Фершпед Работнички нема, но тренерот Марин Докузовски во мечот против Динамо Букурешт во БИБЛ лигата детектираше проблеми во организација на играта, што него најамногу го загрижува пред натпреварот со шампионот Фени индустри. Факт е дека „шпедитерите“ убедливо го добија натпреварот со Романците, но како што вели Докузовски денеска приказната ќе биде сосема поинаква, тврдејќи дека кавадарачани се далеку посилен противник. Фершпед Работнички, како што е познато, сезонава се засили со четири нови кошаркари Тасовски, Љуца, Грнчаров и Рони Рос, кој дојде како замена за одличниот минатата сезона Мираковски.

„Немавме многу време за некакви промени пред натпреварот со Фени. Денеска ќе мора да бидеме многу подинамични и во нападот и во одбраната. Мора да се подобри и психолошкиот момент“, порача Докузовски.

Од друга страна, Фени индустри многу доби со ангажаирањето на некогашниот играч на „шпедитерите“ Ѓорѓи Чековски, кој според тренерот Емил Рајковиќ, дал многу во победата над Раднички Крагуевац во БИБЛ лигата, заедно со Ѓуров, Самарџиев и најефикасниот Доналд Кол. Рајковиќ по тој натпревар изјави дека одбраната го добила мечот, иако во подготвителниот период најмалку работел на тој елемент. Тој е оптимист дека ако се повтори таа игра неговиот тим има големи шанси во дуелот со „шпедитерите“.

Инаку, стартот на новиот шампионат ќе мине без финансиска инјекција, бидејќи се' уште лигата нема спонзор, иако во јавноста како потенцијални се споменуваат „Тетекс банка“ и „Спалдинг“. (Н.К)


Статијата е прочитана 216 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Хамилтон и Маса очекуваат израмнета битка во Јапонија
Федерер, сепак, ќе игра на Мастерсот во Мадрид
„Тојота“ нов спонзор на ФФМ
Дуел со шпанските ракометни тореадори
Хлеб- Капело со комунистички методи
ШАХ - Победнички потег
Холандија убедена во триумф над Исланѓаните
Хуманитарен спортски натпревар за Тоше Проески
Службени бодови за Македонија Ѓ.П., теренот во Тетово суспендиран