Грчко-бугарски полициски патроли
Припадници на грчката полиција ќе патролираат заедно со своите бугарски колеги во бугарското ски-одморалиште Банско, согласно со договорот за билатерална соработка потпишан од овие две соседни земји.
Грчкиот полициски генерал-полковник Јанис Раховитсас во понеделникот го посети бугарското одморалиште, со цел да се сретне со својот бугарски колега и да го промовира проектот, кој првпат се спроведува. Двајца грчки полицајци се во Банско уште од 16 јануари и нивното присуство има цел да им помогне на грчките туристи во Банско.
Регулативите на Европската унија овозможуваат заеднички патроли од полициски сили на две соседни земји-членки на ЕУ во радиус од 10 км од секоја страна на граничната линија, но договорот меѓу Грција и Бугарија дополнително ја проширува јурисдикцијата на заедничката акција. (АНА/ МПА) |