Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Албанската војска ќе остане во касарните

Министерот за одбрана Арбен Имами рече дека војската нема да тргне против народот

Кенан Мимидиновски



Тирана - По големите демонстрации што се одржаа во Тирана и во кои загинаа тројца демонстранти, а повредени се над осумдесет меѓу кои има и полицајци, меѓународниот фактор бара од власта и опозицијата да ги откажат новите собири закажани за утре и в сабота.

По силниот притисок на странските дипломати врз власта и опозицијата премиерот Сали Бериша синока информираше дека можно е да се одложи како што рече закажаниот ,,голем митинг притив насилството,, закажан за во сабота, но лидерот на опозиционата Социјлистичка партија Еди Рама изјави дека утре, на седмиот ден на демонстрациите, опозицијата и народот ќе излезат на улкица. Тој рече дека ке се протестира мирно .

Опозицијата го обвини премиерот Бериша за превземање на компетенциите врз армијата од претседателот на државата Бамир Топи . Екс премиерот и екс министер за одбрана, социјалистот Пандели Мајко изјави дека Бериша командува и ги злоупотрребува специјалите сили на армијата.

Министерот за одбрана Арбен Имами одговарајки на обвинув��њате рече дека војската ке остане во касарните и нема да се користи против народот, но тој додаде дека таа нема да дозволи народот да влезе во касарните.

Премиерот имаше средба со највисокот врв на армијата и полицијата и притоа претходните демонстрации ги оцени како неуспешен државен удар на опозицијата и додаде дека има информации дека Рама подготвува нови немири во земјата .

Јавното обвинителство на Албанија е разочарано поради фактот што полицијата не го извршува барањето на обвинителството за апсење на 6-мината членови на гардата обвинети дека стрелеле со огнено оружје врз демонстрантите. Од снимките се гледа дека токму тие убиле три лица. Јавната обвинителка Ина Рама, побара од САД да помогне во надминување на проблемот.

Собранието само со пратениците на мнозџинството, изгласа комисија за истрага на највисоките функционери за вината за настанатите немири во Албанија на 21 јануари.


#
Статијата е прочитана 597 пати.

Испрати коментар

Од: Cacko
Датум: 27.01.2011 14:50:06
"меѓународниот фактор бара од власта и опозицијата да ги откажат новите собири закажани за утре и в сабота. " Kako sega megunarodnata zaednica da ima vakov stav?Pa neli go kritikuvaat Egipet zosto Mubarak gi zabranil mitinzite.Cudni se standardite po koi raboti megunarodnata zaednica.

Најди! во Утрински
Свет
Обама во битка со иднината
Хосни Мубарак забрани протести
Иранците и го затворија деколтето на Ештон
„Атињани во акција“ за пристоен град
Пет начини за бегство во Европската унија
Малолетник од САД ќе добие доживотна
Грчко-бугарски полициски патроли
Бара докази од Дик Марти
Чистка по терористичкиот напад