Број 3491  четврток, 27 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Свет

Малолетник од САД ќе добие доживотна

Само САД и Сомалија не ја потпишуваат Конвенцијата за
правата на децата

Адвокатите на 13-годишниот Џордан Браун од американската сојузна држава Пенсилванија, кој е обвинет дека ја убил бремената свршеница на својот татко, ќе поднесат жалба на тоа да му се суди како на возрасен. Ако адвокатите не ги убедат судиите дека треба да го третираат како дете, тогаш во случај да биде прогласен за виновен, автоматски ќе добие казна доживотен затвор без можност за помилување. Со тоа би станал најмладиот Американец со таква пресуда, пишува „Гардијан“.

Единствено САД и Сомалија одбија да ја потпишат Конвенцијата за правата на децата на ОН, која не дозволува лица помлади од 18 години да се осудат на доживотен затвор без можност за помилување.

Браун е осомничен дека во февруари 2009 година ја убил Кензи Хоук во нејзината куќа. Според обвинението, момчето и' пукало во глава додека спиела. Тогаш како и секој друг ден влегол во автобусот и заминал во училиште и ништо не покажувало дека ќе се случи трагедија. Дваесет и шестгодишната Хоук во моментот на убиството и��ала уште две недели до терминот за породување, а на нероденото дете веќе му го одбрале името Кристофер. И нероденото бебе, исто така, почина.

Џордан е обвинет за двојно убиство. Момчето пукало од својата ловџиска пушка, посебно дизајнирана за деца. Обвинителите го обвинија дека го планирал убиството. (Индекс хр)






#
Статијата е прочитана 996 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама во битка со иднината
Хосни Мубарак забрани протести
Иранците и го затворија деколтето на Ештон
„Атињани во акција“ за прис��оен град
Пет начини за бегство во Европската унија
Албанската војска ќе остане во касарните
Грчко-бугарски полициски патроли
Бара докази од Дик Марти
Чистка по терористичкиот напад