Иранците и го затворија деколтето на Ештон
Откако иранските весници одлучиле дека деколтето на Кетрин Ештон, европската министерка за надворешни работи, е премногу отворено за вкусот на муслиманските читатели употребиле фотошоп за да ја облечат до гуша. Обработената фотографија се појавила во извештаите за неуспешните преговори за нуклеарната програма на Иран, кои неодамна се одржаа во Истанбул. Пред да позира за фоторепортерите, бароницата била предупредена да избегнува секаков физички контакт со нејзиниот ирански колега, затоа што може да ги навреди муслиманите.
|