Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Македонија падна за две места на „Доинг бизнис 2011“

Македонија се најде на 38. место во годишниот извештај за условите за работа на Светска банка во 183 земји-членки на „Доинг бизнис 2011“, што претставува пад од две места во однос на минатата година кога беше рангирана на 36. место.

Според годинешниот извештај, Македонија годинава покажала одлични резултати во делот за плаќање даноци каде што има раст од 14 места, подобрување има и во делот стартување бизнис за што се наоѓа две места погоре.

Но, според „Доинг бизнис 2011“ земјава назадувала во делот за регистрирање имот каде што имаме пад од шест места. Пад се бележи во секторите добивање кредит, затворање фирма, имплементирање договори и надворешна трговија. Нема промени во секторите добивање градежна дозвола и заштита на инвеститори.

Во извештајот, условите за покренување и работење на претпријатијата се вреднуваат од аспект на деловна регулатива по осум критериуми. Од годинава е воведен и нов критериум за кумулативни промени на деловно опкружување во последните пет години.

Регионот на Источна и на Средна Азија веќе осум години е најактивен во унапредувањето на деловните регулативи за домашните фирми. Минатата година 21 економија, од 25 во регионот, ја подобриле деловната регулатива, истакнато е во годишниот извештај.

Од земјите во соседството, Словенија се нашла на 42. место, Бугарија е на 51., Црна Гора на 66., Хрватска на 84. место, Србија пет места подолу, односно на 89., Босна и Херцеговина на 110. и Косово на 119. место.

На глобално ниво, лани владите на 117 држави направиле 216 реформи за олеснување на движењето и работењето на фирмите, ги зајакнале транспарентноста и сопственичките права. Извршиле ефективно решавање на трговските спорови и на стечајни постапки, нотирано е во „Доинг бизнис 2011“. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Економија
Кој му шепна на Калеников да го обвини Гошев?
Дали земјоделците добиваат субвенции
И Пакистан има помалa невработеност од Македонија
Енергетските капацитети ќе инвестираат во екологија
Расте обемот на стоковна размена
НБМ
ММФ дојде во Македонија, што ни донесе?






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax