Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Енергетските капацитети ќе инвестираат во екологија

Да се намали загадувањето на воздухот, почвата и водите од големите компании во металургијата и во енергетиката, како и правилен третман на опасниот отпад што го создаваат овие капацитети е целта на проектот на кој во следните три години ќе работи македонско-норвешки тим експерти. Договорот за соработка вчера го потпишаа министерот за животна средина Неџати Јакупи, и претставникот на норвешката компанија „Норск енерги“, Јон Твеитен.

Четири големи индустриски капацитети, РЕК „Битола“, „Окта“, „Скопски легури“ и РЕК „Осломеј“, до август 2013 година ќе треба да ги исполнат сите услови за да добијат А интегрирани еколошки дозволи. Компаниите ќе треба да инвестираат во намалување на влијанието на своите производствени капацитети врз животната средина во иднина. Истовремено, од компаниите се очекува да работат и на рехабилитација на последиците од историското загадување.

„Од соработката со ’Норск енерги’ очекуваме зајакнување на капацитетите на Министерството во насока на интегрирано спречување и контрола на загадувањето и управувањето со опасен отпад“, рече министерот Јакупи. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 432 пати.

Испрати коментар

Од: Atanasija
Датум: 05.11.2010 12:43:35
Јасњ не знам во што ке инвестираат електраните,но знам дека основниот продукт во живеачката скапо го плаќаат грагјаните на Република Македонија.дали убаво сте ја погледнале сметката за струја?Не?Е,па таа е оптоварена со 18 на сто ДДВ?Водата ,на пример,како основен елемент во зивеењето е оптоварена со 5 насто,како лебот,на пример,а светлината-со 18 насто?Што мисли министерот за финансии по ова прашање?Дека ке го полни буџетот со висок ДДВ на основен продукт?или ке им остави слободен избор на граѓаните-сами да се искључат од мрежата и да живеат во темнина.А на што ќе базира информатичкото општество?На свеќа,на борина?...Струјата не е луксуз,господине министре.на народот му треба и светлина и топлина,како лебот и водата.

Најди! во Утрински
Економија
Кој му шепна на Калеников да го обвини Гошев?
Дали земјоделците добиваат субвенции
И Пакистан има помалa невработеност од Македонија
Македонија падна за две места на „Доинг бизнис 2011“
Расте обемот на стоковна размена
НБМ
ММФ дојде во Македонија, што ни донесе?






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax