Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

ММФ дојде во Македонија, што ни донесе?

Во наредните две недели мисијата на ММФ ќе престојува во редовна посета на земјава, во чии рамки ќе се разговара за отворениот кредит што Фондот и' го понуди на Македонија во вредност од 400 милиони евра. Шефот на мисијата на ММФ за Македонија, Вес Мекгру, пред средбата со вицепремиерот Зоран Ставрески не откри детали за условите под кои Македонија би го користела отворениот кредит од ММФ доколку го прифати, со образложение дека уште е рано за тоа. „Станува збор за редовни разговори од кои исходот ќе биде објавен по завршувањето на средбите со македонските претставници“, најави Мекгру.

Безусловната отворена кредитна линија во висина од 400 милиони евра на Македонија и' беше понудена за време на Годишното собрание на ММФ и Светска банка во Вашингтон, со поволна каматна стапка од 1,3 проценти годишно. Отворената кредитна линија е нов инструмент на ММФ што има цел да им помогне на земјите со здрави економски политики за полесно справување со кризата. Македонија е прва земја со која Фондот разговара за тој нов инструмент. Понудата од ММФ, Владата ќе ја оцени во консултации со експертската јавност и со стопанствениците. Доколку Владата се одлучи за неа, средствата би ги користела за реализација на политика за капитални инвестиции, за буџетска поддршка, како и за отплата на долгот кон странство. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 562 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 05.11.2010 12:57:21
Незнам како ќе ги води разговорите кум Ставре со ММФ,кога самиот рече дека од многу работа и самиот незнае каде му е главата а мозокот му бил кај кумашинот.И сега треба да се надеваме на резултати а тој е така раздвоен.
Од: jovan
Датум: 06.11.2010 04:46:22
Dobro e ako e navistina "bezuslovena" sto vo prevod bi znacelo "trosi za sto sakas i kolku sakas". Dosega MMF vakvi krediti ne davala,pa ako nie sme prvi, BRAVO. Simnuvam kapa. No stom ke "dogovaraat" DVE NEDELI, togas, ne ke da e bas taka bezusloveno.

Најди! во Утрински
Економија
Кој му шепна на Калеников да го обвини Гошев?
Дали земјоделците добиваат субвенции
И Пакистан има помалa невработеност од Македонија
Енергетските капацитети ќе инвестираат во екологија
Македонија падна за две места на „Доинг бизнис 2011“
Расте обемот на стоковна размена
НБМ






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax