Расте обемот на стоковна размена
Обемот на стоковната размена на Македонија за првите девет месеци од годинава е за 11,1 отсто поголем во однос на истиот период од 2009 година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Вкупната вредност на извозот на стоки од земјата од јануари до септември годинава изнесувала 2,3 милијарди долари, а на увозот 3,8 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз била 61,2 отсто, а трговскиот дефицит изнесувал 1,47 милијарди долари.
Во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик, облеката, фероникелот и преработките од нафта во трговската размена по производи. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. (Ек.Р.) |