Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Кој му шепна на Калеников да го обвини Гошев?

„Ме чуди тоа што така идилично јавно приватно партнерство се претвори во гротеска“, констатираше Гошев

Соња Маџовска



Гувернерот Гошев не е дел од приказните на Калеников. „Дали Калеников сам ја забележал или некој му дошепнал јавно да соопшти дека постои спрега меѓу Народна банка на Македонија, банките и големите компании“, праша вчера гувернерот Петар Гошев. Тој вчера излезе со однапред подготвен одговор на обвинувањата на претседателот на Сојузот на стопански комори, Златко Калеников, кој еден ден претходно банкарите ги нарече лихвари кои заедно со НБМ и големите фирми не давале да паднат каматите и да има повеќе кредити за малото стопанство. „Мене ме чуди што така интелигентни луѓе, а таква очигледна спрега што тие ја констатираат ја забележале толку доцна, или за неа требало некој да им шепне, да им денунцира, да им кодоши за да заклучат дека е можна меѓу Народната банка и банките и големите бизниси. Всушност, ме чуди што така идилично јавно приватно партнерство манифестирано на завчерашната седница се претвори во гротеска, а на неа се утврдуваа мерки потребни за доброто на економијата и така прецизно се лоцираа виновниците за тоа зошто не е поинаку во македонската економија. А Македонија не е голема земја и не е тешко да се погодат вистинските спреги и тие се доволно интересни наместо да се бараат во некакви измислени, нови. И, всушност, се' додека најдинамична стапка на раст се интригите и инсинуациите, измислените непријатели тогаш шансите на растот на БДП не му се големи. Да беше таа гранка што придонесува во раст, Македонија ќе беше една од најуспешните развиени земји“, изјави вчера Гошев.

Сепак, тој јавно не сакаше ништо повеќе да каже за тоа на кого мисли кога вели дека на Калеников некој му дошепнува. „Не работам, ниту, пак, сум работел во полиција и ниту, пак, сум имал такви предиспозиции, и немам намера ништо да истражувам од тоа, си имам проблематика со која се занимавам со мојот тим одговорно, поодговорно од сите тие што упатуваат критики на централната банка во секој случај“, вели Гошев. И покрај сериозните обвинувања, гувернерот нема намера да го тужи Калеников. „Нека продолжат тие со своите приказни, ние ќе продолжиме со нашата работа. Никого нема да тужиме што и да речат. Сметаме дека секој има право на свое мислење и секој има право на својата глупост и на своите грешки и заблуди“, порача гувернерот.

Тој и за предлозите на ССК за воведување промени во аукциите на благајнички записи порача дека некој убаво треба да им објасни што значат тие. „Многу се радувам зашто некои од бизнисмените се обидуваат да навлезат во проблематиката во видовите на аукциите и тоа го сметам за напредок и нека продолжат да ги анализираат, можеби еден ден поцелосно ќе ги разберат, кога и како да се применат, се разбира, ако не им се исто дошепнати од некого, само треба да биде точно, попрецизно дошепнато“, реагираше вчера Гошев.

Гувернерот за вчера имаше закажано прес-конференција на која ги соопшти макрокеномските параметри за годинава и за наредната година и се најде во небрано, па мораше да одговори на обвинувањата на претседателот на ССК. Инаку, никој од банкарите не сакаше јавно да зборува за тоа.

Калеников не распали само по банкарите и гувернерот, завчера му објави војна и на Азески, околу тоа кој треба да биде правниот наследник на зградата на Комората. Тој, пак, врати дека нема намера да разговара за технички прашања во време на криза. „СКМ како многу одговорна институција енергично одбива во услови на криза да дебатира за маргинални прашања од техничка природа. Моментно за нас постои само една тема за дебата, а тоа е како да се помогне да се спасат бизнисите и да се зачуваат работните места“, велат од Стопанската комора на Македонија.


#
Статијата е прочитана 1318 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 05.11.2010 12:48:07
Ова не е шепкање,ова е договарање со кум Ставре и пастирот.Ако успеат кум Ставре да го сместат во гувернерската фотелја,сигурно Калеников може да заработи министерска фотелја.За пастирот способни економисти и водачи на финанси се и дилерите на автомобили.Ако знае да го лаже народот со големи провизи за автомобилите за се друго ке може да го лаже.
Од: Последици
Датум: 05.11.2010 14:38:15
Калеников сеуште ги чувствува последиците од нокаутот пред неколку месеци,не треба да му се замерува!
Од: miodrag kuzmanovski/19522703
Датум: 05.11.2010 19:23:21
Незнам зашто?Му забележуваат на г-ин Калеников.За неговите изјави,односно јавното изразување на мислата.Согласно чл.16 од Уставот наР.М.
Од: jovan
Датум: 06.11.2010 04:41:25
Ima uste mnogu "spregi",no nema koj da "sepne". Kalenikov(kakov-takov) barem nesto "potkaza". Narodna Banka e posebna prikaska,i ovaa prikaska mora da pocne da se "preraskazuva".

Најди! во Утрински
Економија
Дали земјоделците добиваат субвенции
И Пакистан има помалa невработеност од Македонија
Енергетските капацитети ќе инвестираат во екологија
Македонија падна за две места на „Доинг бизнис 2011“
Расте обемот на стоковна размена
НБМ
ММФ дојде во Македонија, што ни донесе?






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic