Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Економија

Дали земјоделците добиваат субвенции

За да го планираат своето производство фармерите треба да знаат кога ќе ги добијат одобрените субвенции, поради што земјоделските здруженија вчера побараа од Министерството за земјоделство, во програмата за субвенционирање за 2011 година, да стави временска рамка за исплата на субвенциите.

„Иако е почната исплатата на дел од субвенциите, сепак, Федерацијата на фармери стравува дали субвенциите за сите мерки ќе бидат исплатени до крајот на годината“, изјави Андрија Секуловски, претседател на Федерацијата на фармери.

Исплатата на субвенциите е со утврдена динамика, вели првиот човек на Платежната агенција. Досега од двете програми се исплатени 43,5 проценти.

„Состојбата се следи. Имаше пролонгирање на некои рокови, ама тоа беше на барање на самите земјоделци, не постојат никакви проблеми за исплата на финансиската поддршка од Програмата за рурален развој и од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“, вели Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој.

Од Платежната агенција велат дека ќе бидат земени предвид предлозите на земјоделските здруженија. А дали ќе се прифатат треба да одлучи Министерството за земјоделство. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 555 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Кој му шепна на Калеников да го обвини Гошев?
И Пакистан има помалa невработеност од Македонија
Енергетските капацитети ќе инвестираат во екологија
Македонија падна за две места на „Доинг бизнис 2011“
Расте обемот на стоковна размена
НБМ
ММФ дојде во Македонија, што ни донесе?






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax