Градот не дозволува споменик на плоштадот, државата ќе тужи!
Градската власт во 2004 година го добила плоштадот под закуп на 99 години
Сања Наумовска
Градот Скопје нема да дозволи Општина Центар да постави споменик на плоштадот „Македонија“, бидејќи плоштадот е градски. Тоа му го овозможува договорот од 2004 година што го има склучено со Министерството за транспорт и врски со кој Градот го добил плоштадот на користење под закуп во следните 99 години. Врз основа на тоа, објаснуваат градските власти, имаат и право да одлучуваат што може да се поставува на градска земја.
Во Министерството за транспорт, пак, велат дека ќе побараат измена на договорот за закуп и намалување на површината на Градот за онолку колку што е потребно за да се постави споменикот. Ако градските власти не се согласат, тогаш за целата работа ќе одлучуваат судовите.
Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, деновиве најави дека ќе ги искористи сите можности што му се на располагање за да го спречи поставувањето на споменикот на Александар Македонски во централното зеленило. Костовски образложува дека граѓаните имаат посебен однос спрема таа локација којашто ја користат за собирање во различни поводи и поради тоа треба да биде слободна и да им стои на располагање.
Во Градот реагираат на најавите од Општина Центар дека бадијала се украсува центарот на градот, со оглед на тоа дека веднаш по Нова година елката ќе била дислоцирана и ќе се поставувал споменикот на Александар Македонски.
„Доколку Општина Центар и Министерството за транспорт сакаат да ја реализираат владината програма за поставување споменици во централното градско подрачје, тоа ќе значи дека Градот прво земјата треба да ја врати на Министерството“, вели градоначалникот Костовски и додава дека такво нешто нема да се случи.
Во Министерството, пак, образложуваат дека договорот за закуп е склучен наменски заради изградбата на плоштадот „Макед��нија“. Државата, како сопственик на земјата, има право во секое време да побара измена на договорот со предлог за намалување на закупената површина. Тоа и ќе биде побарано од Градот, за да може да се реализира програмата на Општина Центар за поставување споменици во централното подрачје.
„Доколку Градот одбие нов договор за закуп, постапката, како што наложуваат законите, ќе оди пред суд, а поставувањето на спомениците ќе биде одложено додека судот не донесе конечна одлука“, велат во Министерството.
Luda drzava......mu izvadija dusa na najsposobniot covek vo ovaa drzava Gospodin Kostovski.
Za vas samo opincari kako Penov vi treba, za da ve odnese vo sreden vek kade i sto pripagate.
Од: Star Skopjanec
Датум: 19.12.2008 05:59:45
Nikoj nema poravo da go dava pod naem plostadot vo Skopje! Kako mozelo da se sluci toa? Ova e osobeno zacuduvacki sto Trifun Kostovski so svojata familija go zavladeal plostadot, pa ete i kejot na Vardar.
Mladive sto se buntuvaat po Grcija, a i nasive sto gi poddrzuvaat treba da se buntuvaat pritiv vlast sto moze pokraj trgovijata so se drugo sto ni bese zaednicko i NASE, Kermez, Gradskiot park, stadionot,, a eve da trguva i so plostadot na Skopje!
Од: Archelay
Датум: 19.12.2008 08:15:18
Spored odnesuvanjeto na Kostovski nema da ne iznenadi deka toj vo skora idnina ke bide i Junanistanski ambasador vo Skopje.
Од: Goran
Датум: 19.12.2008 09:16:00
Poleka lugje, zakocete malku! Ne dozvoluvajte da se poistovetite so oktroiranata i novokomponirana istorija sto ni e nametnata so gebelsova propaganda. Otsekogas sme bile, a za svetot seuste sme samo edno - Sloveni! Za toa sme legitimirani so naseto pismo, iminja, tradicija...Da ne napravime nesto za koe ke ne sudat narednite generacii Ivani, Jovani, Nikoli koi ke treba da gi slavat Ptolomej, Olimpija...
Од: Igor
Датум: 19.12.2008 10:26:57
A zosto da nemoze da se postavi spomenik
Kako Trifun Kostovski ja napravi kluckata kaj Kontinental na koja zafaka i del od privatno zemjiste ??
Nema uste dolgo vaka da moze, nema oligarsite da pravat sto sakaat...
Treba da se zatvori on pa da bide dobar primer za site...
Од: Zaneseni
Датум: 19.12.2008 11:45:47
Amante veke od teranje inaeti,kade toa ne vodi?Ova mi lici teranje inaet so sosedna grcija,od spomenici ne se zivee,realnosta i sekojdne vieto ni se zalosni a konjanikot Aleksandar golemiot nema nisto da promeni sem golema ILUZIJA.
Од: do goran
Датум: 19.12.2008 11:54:07
ti si sloven a nekoj sme poteklo od anticki MAKEDONCI citaj poveke istorija koj ziveal na ova zemlja i koga se dojdeni tvojite sloveni.sram da te je ti makedonec nesi i nema da bides do koga razmisluvas taka.
Од: JAS
Датум: 19.12.2008 14:08:54
na plostad fali uste da ja ponudat i od popot kapata. Neka si ostane kako sto si e, a site tie sakaat sa zemat pari od proektite sto si gi napraile i niv uvo ne gi boli dali nie ke imame mesto da setame na plostad ili ne. Ne se slozuvam ni za toa sto ima ograda na kej, NE SMEEME DA GO DADEME, ni crkva, ni spomenik ni nisto. Toa ni e edistvenoto mesto i simbol na nase skopje i za nikogo nitu za niedna politicka partija sto ima interes ne treba da se dade. A toj sto naprail proekt neka si go realizira na druga lokacija a ne na plostad
Од: Pero
Датум: 19.12.2008 15:38:41
Трифун неможе да дојде до израз. Целото шоу го води советот на Град Скопје (ВМРО) и претседателот на владата на РМ. Го минираат на секој чекор
Од: Brzak
Датум: 19.12.2008 16:52:42
Sramota. Nie sme Sloveni i Aleksandar ne e del od nasata kultura. Aleksandar Veliki imal vrska so nas kolku Dzordz Washington ili Napoleon. Vo glaven grad na slovenska nacija stavame ogromen spomenik na grcki imperator, koj e "nas" samo vo istorijskite citanki koi vazat od Gevgelija do Blace. Koga stanuva zbor za Skopje, tuka treba da se izgradi spomenik na Car Dusan, srede negovata prestolnina.