Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Хрватска во македонска кожа

Словенија најави дека ќе стави вето на новите преговарачки поглавја на ЕУ со Загреб

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Хрватска од вчера го слуша истиот рефрен како и Македонија, откако Словенија најави дека не го прифаќа понудениот компромис од Загреб и ќе стави вето на отворањето на новите преговарачки поглавја. Со тоа е ставена под прашалник смислата од одржување на т.н. конференција за прием денес, а утешителната порака од Европската комисија вчера беше дека техниката не е најважна, туку остварувањето на реформите, па ако тие бидат ефективно завршени, рапидно брзо ќе се пречкртаат преговарачките поглавја. Во стилот на поговорката не умри магаре на зелена трева, Брисел му порача на Загреб да работи, да ја сработи работата и на крај само технички ќе се потврди дека земјата е подготвена за влез во Унијата. Како ќе се прескокне словенечкото вето е друго прашање, на кое одговорот на ЕК се' повеќе личи на тој што со месеци веќе го слуша Македонија околу спорот за името со Грција. Без оглед на тоа како ќе се одвиваат натаму настаните, Хрватска е втора земја на листата на жртви на консензусот во Европската унија и прашање на време е кога ЕУ ќе побара од сите земји во регионот прво да ги решат националните прашања, па потоа да бараат преговори со ЕУ.

„Европската комисија константно опстојува на ставот дека граничното прашање е билатерално прашање што не треба да се става на масата на преговорите за прием. Ги охрабруваме Словенија и Хрватска да го решат ова отворено прашање во духот на добрососедските односи. Прогресот во техничките преговори е важен, но поважни се реформите на терен и нивната имплементација. Дури и да има одлагања во некои области од преговорите, кога реформите ќе бидат завршени ефективно, тие ќе можат да се пречкртаат рапидно брзо потоа. Затоа, Европската комисија ја охрабрува Хрватска да продолжи со реформите и исполнување на критериумите“, изјави на редовната прес-конференција портпаролката на Оли Рен, Кристина Наѓ. Според неа, ЕК останува цврсто посветена да ја турка евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан, со членството како ултимативна цел.

Со ваквата изјава ЕК практично ја призна немоќта да ја тргне словенечката блокада на преговорите со Хрватска, која се случува вторпат, и покрај силните напори на француското претседателствување да најде прагматичен одговор на ситуацијата. Словенија, како и другите земји- членки, не сака да се откаже од привилегијата што ја дава членството во Европската унија, т.е. ветото кога е во прашање остварување на некои национални интереси, а за волја на вистината тоа не го чувствуваат само земјите-кандидати за прием како Македонија, Хрватска и Туција туку е редовна појава на самитите на Унијата. Дека во ЕУ секој покажува сила таму каде што може, а свиткува ’рбет кога е во обратна позиција, покажа бугарскиот премиер Сергеј Станишев на прес-конференцијата со претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо. Додека Софија суптилно навестува со некои потези дека ќе и' се приклучи на вето-опцијата спрема Македонија за да реши некои свои отворени прашања , вчера Станишев пред Баросо мораше да вика само „да“ за да го стопи мразот во Брисел испровоциран од бугарската политичка ароганција и неисполнителност. Станишев остана оптимист и откако единственото нешто што му го вети Баросо беше дека ЕК и натаму ќе го задржи „објективниот и сериозен мониторинг врз Бугарија“, односно дека и натаму ќе и' пишуваат извештаи додека не ги задоволи очекувањата во Унијата. Обидот на Бугарија да го притисне Брисел со обвинувањата дека има членки од прва и од втора класа завршија без успех, па и Станишев вчера на прашањето дали останува на таа своја изјава, одговори одоколу: „Како очекувате да реагира премиер на земја кога ќе и' земат над 200 милиони евра од граѓаните“?

Инаку, потегот на Словенија хрватскиот премиер Иво Санадер го нарече „без преседан во ЕУ“, не сакајќи да прави паралела меѓу Хрватска и Македонија бидејќи Загреб не се гледа себеси во иста ситуација. Словенија практично го блокираше отворањето на 11 нови преговарачки поглавја и затворањето на пет на кои се работеше досега, така што „патната мапа“ за затворање на преговорите што ја презентираше Оли Рен во ноември практично е празен текст на хартија. Хрватската понуда да потпише изјава дека овие поглавја нема да го прејудицираат решението околу границата не беше доволна за Љубљана, која без моќта на ветото нема друга моќ да издејствува решение какво што сака. Санадер во средата изјави дека Хрватска ќе ги заврши преговорите во 2009 година и покрај оваа блокада, но дека нема намера да ја трампа границата со членство во Унијата.


Статијата е прочитана 1430 пати.

Испрати коментар

Од: od tetova
Датум: 19.12.2008 00:50:40
ne mi e jasno --zosto sega hrvatite placat i ne ja primenat seta onaa retorika koja po priemot vo nato ni ja sovetuvaa ..deka sme trebale se da napravime da vlezeme vo nato i eu? duri i ime da sme smenele..a sega odednas nacionalnite interesi im se pred evropskite.znaci po tugj grb sto stapa ne bolat-po svoj eden--pa kukaat.pa hrvati!-napravete otstapka za ,,dobrobit bna vasata integracija,, vo eu. prodajte go moreto na slovenija i slicno...ili mozebi ke ne kopirate pa ke se suprostavite na takvata glupa evropska politika? aj da ve vidime sega vas. nasiot krst sami si go nosevme..vie si gledavte od strana i delevte soveti na nasa steta...a sega?
Од: bkl
Датум: 19.12.2008 01:25:21
Bas mi e drago so se lsucuva seto ovs.Ova zboruva za hipokrizijata na EU.Dolgo nema da trae.Premnogu protivrecnosti vo edna korpa.Cirkuzite doprva sledat.
Од: marjan-viena
Датум: 19.12.2008 02:07:41
do tetova: ubavo go kaza ova...
Од: ne e bitno
Датум: 19.12.2008 02:26:16
Komshiska rabota...cel Balkan sade komshii...ubavina...i mene pa edno "blaze si mi "mi dojde , shto da Vi kazam... komshika de..
Од: sando-slovenija
Датум: 19.12.2008 09:44:33
kakva evropa kakva demokratija što nema glasane vo evropskiot parlament nie imame devedeset posto za dva posto protiv problem rešen itaka sme geogravski vo evropa ne sme vo afrika tuka ima prsti amerićkiot terorizam slovenija veto za hrvatska grcija za makedonija a bugarija i rumunija vo evropa amerićko maslo makedoncite gi vrtite kako jagne koga se peće na ražen ne demokratka sramota
Од: IGOR
Датум: 19.12.2008 10:57:14
-Hrvatska ima nasledena granica od bivsa SFRJ i ne moze na Slovenija da ne i ovozmozi izlez na otvoreno more,takva privilegija Hrvatska nemase i ne mozese da ima ni vo bivsata drzava,pa zosto bi imala sega koga Slovenija i kako clenka na EU e blokirana od Hrvatska koga e vo prasanje izlez na otvoreno more.Eve sega moznost hrvatite da se europeiziraat i da prestanat da se kurnazat,im sedat na slovencite v skut.
Од: Dr. Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 19.12.2008 14:29:59
" MAKEDONIJA ke gi prezivee site nesreki ,zasto ne se izginati uste gigantite vo Makedonija . " Krste P. MISIRKOV
Од: Драган
Датум: 19.12.2008 14:33:00
Тоа покажува дека ние сме во заблуда и сами себе си се залажуваме дека наводно „светот бил против Македонија“, „сите ни биле виновни, само ние не“ итн. Случката со Словенија и Хрватска само покажува дека во Европа за сите важат истите правила, не може некој да влезе во ЕУ или НАТО ако нема ДОБРОСОСЕДСКИ односи, тоа е едно од најважните правила. Така и Македонија, без да ги реши спорните прашања со соседите, без да се ослободи од фалсификатите во историјата и илузиите за античка Македонија, нема ни ЕУ, ни НАТО, ни економски развој, а ќе има само пропаст, глад, сиромаштија, богатење на мал круг на луѓе и создавање на робови кои ќе работат за локалните моќници. Не ни е виновна Европа, виновни се нашите илузии кои противречат на фактите кои цел свет ги знае поинаку, само ние обратно.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дрско враќање на „пинкпантерите“
Зденко
Претходен број
Патриотска оставка за патриотскиот гаф
Бунт во Кочани поради исклучена струја
Според претседателот, кај нас нема демократија
Вербатим
Бруто платата ќе го скрати здравствениот фонд за 326 милиони евра
Кој ќе ja плати патриотската грешка?
Фризерката од ТАТ
Градот не дозволува споменик на плоштадот, државата ќе тужи!
Најтешкото допрва доаѓа
Моќници и поданици
Бирото за лекови, сепак, одлучи да го повлече зелениот рецепт