Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Патриотска оставка за патриотскиот гаф

Нина Нинеска-Фиданоска

Не толку одамна, „Утрински“ на истото ова место во весникот праша - кој се „омрси“ од фискалните патриоти? Поточно, живо се интересиравме како и по чии џебови се распределија оние пет милиони евра кои недолжните трговци мораа да ги плаќаат за да го задоволат владиниот каприц да изигрува голем патриот. Тогаш поставивме уште едно прашање - кој ќе ја сноси одговорноста ако овој „патриотски“ владин проект падне на Уставен суд, како што и предупредуваа речиси сите правни експерти?

Сега, неколку месеци подоцна, многу похрабро, пак ќе прашаме - кој ќе си поднесе оставка? Дали тоа ќе биде министерот за финансии, вицепремиерот за економски прашања или некој трет, нека одлучат самите. Како што власта знаеше да им се заканува и да ги плаши трговците за да ги вградат патриотските софтвери, сега треба итно да одговори - кој ќе ја плати штетата? Ама тоа да не биде од буџетски пари и сите да плаќаме за туѓи грешки, туку „господинот одговорен“ да си плати од свој џеб. Само така нашиот арогантен владин естаблишмент ќе сфати дека мора да ги сноси последиците од своите пропусти.

Како врв на владиниот невкус прозвучи вчерашната изјава на министерот за финансии Трајко Славески, кој како да си играше мајтап со дуќанџиите. Фактот што тие потрошија по 200 евра за да ги надградат фискалните апарати со патриотски софтвер за него воопшто не бил страшен, бидејќи „касите и онака им биле стари, па крајно време било да ги заменат“. ВМРО-ДПМНЕ, пак, отиде дотаму што за неуспехот на фискалните патриоти го обвини претседателот Бранко Црвенковски, кој „имал влијание врз Уставниот суд“. Се' бисер до бисер.

Сега најмалку што се очекува од власта е барем да не направи нова глупост и повторно да ги „закрпи“ трговците со нов арч. Одлуката на Уставниот суд единствено налага касите да се вратат во првобитната положба, а не прецизира кој ќе ги сно��и новите трошоци за отстранување на патриотскиот софтвер. Владата мораше веднаш да соопшти дека нема да дозволи дуќанџиите пак да плаќаат од свој џеб за нејзините каприци. И не само тоа, туку треба „машки“ да објави дека ќе им ги врати парите на дуќанџиите, што летото безмилосно им ги извлече, заканувајќи им се со драконски казни од 4 до 5 илјади евра.

И наместо да излезе со соодветна реакција, првиот финансиер вчера само кажа дека Владата официјално не ја добила одлуката на Уставниот суд. Кога „написмено“ ќе била информирана, ќе се состанела и ќе заземела став. Е, од овој коментар многу им олесна на трговците! Само уште повеќе се збунија од дрскиот настап на министерот.

Најновиот владин дебакл не е прв случај тимот на Груевски да доживее да му падне одлука на Уставен суд. Зошто - затоа што од самобендисаност или кој знае од каков друг мотив едноставно не сака да слуша добронамерни совети. Сите можни македонски правници, меѓународни институции, невладини организации, бизнисмени, па дури и една од коморите, која традиционално важи за поддржувач на оваа власт, на цел глас апелираа и просто ја молеа да се повлече од намерата за фискален патриотизам. Но, Владата е невозможно упорна и осилена и кога нешто ќе си зацрта, за неа не важат никакви сугестии. Таа ја туркаше својата идеја и по цена што измалтретира многу трговци, кои изгубија и пари и време и нерви за да ги задоволат нејзините желби. Не може да се владее само со штитење одредени структури во државата, а сите останати да страдаат.

Веќе поминува времето кога граѓаните и бизнисмените ќе го трпат ова своеволно владеење, кое не прифаќа критика и друго мислење. Тоа е раководење без скрупули, без чувство за реалност и без чувство за почитување закони. Ова досега е најсилната порака до Груевски дека со закани и страв не се владее. Или навреме ќе ја разбере или неговиот рејтинг ќе почне брзо да паѓа како што и брзо се ѕидаше.


Статијата е прочитана 1244 пати.

Испрати коментар

Од: Горан
Датум: 18.12.2008 18:22:53
Еве што се случува кога се форсира патриотизам и таму каде што не треба да го има. Шлаканицата за освестување боли. Оваа влада упорно се раководи со популистички методи и во моментов заради заслепеноста со национализмот кој го форсира ужива голема популарност. Шлаканицата за освестување која ќе следи за некоја година ќе биде силна и многу болна.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 19.12.2008 00:16:52
Narodot izglasa "patriotska" vlast, sega ke osiromasuva dodeka "patriotite" go derat. Imase ednas edna reklama "posle glasanje nema kaenje" na koja site i se smeeja. Sega placat.
Од: commanddevil
Датум: 19.12.2008 00:29:06
sto povisoko leta -tolku e pomal za onie koi go gledaat od dole...so site gluposti sto gi napravi gruevski neminovno e deka ke mu se odrazi na rejtingot,vekje ne e respektibilen koga ke go kaze zborot bidejki vo lazenjeto go zamina i b.c. umisluvajki se deka e mesija i deka e nekoj si imperator trgna vo pohod-protiv svoite sogragjani. so neviden teror,zaplasuvanja i raznorazni izmisljotini za toa kako na perfiden nacin gi ograbi parite na lugjeto naskoro ke se sooci so neviden gnev..se moze da mu se udri od glava..zatoa taa grupacija desnjaci-vreme e da pomislat deka=koga narodot molci...TESKO NA NIV!
Од: Koj ce plati?
Датум: 19.12.2008 00:42:38
Obestetuvanje na ducadjiite treba da izvrisi onaj "Finansiski diletant" i ekpserimentator, g-dinot Trajko Slaveski, ako ne na drug nacin togas barem so svoja ostavka, bidejci ova ne mu e prvata " zelena" sto ja istreisil. Neka si se vrati na fakultet i tamu neka tresi 'zeleni "kolku saka, bidejci za minister po finansii ne go biva.
Од: demokrat
Датум: 19.12.2008 00:48:21
presot na onoj so ednokletocniot mozok bicikliski vi kazuva koj ke ponese ostavka. pak oni ne se krivi za ovoj glup poteg - sega e kriv ustavniot ud normalno radi branko. rasipana plocha. koj smee niv da im kaze deka nesto ne e vo red. cudo koga go osudija buchkovski toj sud ne go komentiraa, ne smeelo sudski odluki da se komentiraat a ovoj sud go ispljukaa zasto ne im ja odobri gluposta radi koja trebase samo da se ofajdi nekoja nivna firma. do denes ne mi e jasno zasto stomatolozi i frizerki moraa da imaat vakov softver
Од: Goran
Датум: 19.12.2008 02:09:51
E sega samo sakam da vidam sto ke iskomentiraat tie sto ja podrzuvaat vlasta... zatoa sto na se imaat odgovor, ajde junaci da vidime sto ke kazete sega :)))
Од: ljupco,bitola
Датум: 19.12.2008 05:43:16
Постои уште едно доста едноставно решение на проблемот.Да се распушти уставниот суд,догодина и тоа ќе биде можно.Ќе го нема веќе нивниот диригент-држалникот.
Од: Trpe 2
Датум: 19.12.2008 06:56:27
E...narodot veli:em suto-em bode.Ima golema vistina vo toa.Kolku pomalku znaes ,tolku povazen se pravis.Samo golema vina ima i kaj vas novinarite.Cesto,od razni pricini,nemate kuraz da ja odberete vistinskata strana.
Од: Petar
Датум: 19.12.2008 07:31:52
Најдете некој подобар од бициклистот (тешко, многу тешко) кој треси ли треси глупсти...
Од: Golemi patrioti ja sardisaa Makedonija i go opljackaa narodot
Датум: 19.12.2008 07:48:26
Gruevski paga kako kula od karti.Neka izleze niz prodavnici i neka cue sto zbori narodot. Uste koga im gi zimase parite za kasite vo ime na patriotizmot SITE go psueva i golem revolt imase a tek sega besnilo gi faka. "Golemiot patriot" Gruevski vo ime na patriotizmot go sogole i go opljacka narodot.Go apsea Zaev go sudea Buckovski a sega koj niv da im sudi. E koj e sega praviot lopov dali tie ili ovie???? Uste odma da se uapsi Slavevski i da mu se sudi pod hitno a isto i na Gruevski. Toj takvi pljacki napravi i koga bese finansier vo Vladata na Ljubco no nikogas ne mu se presudi. Neka bide siguren deka kaznata ke go stigne.Narodot veke pocna da mu sudi i toa ke mu bide najteska kazna.Golemiot Patriot ke si kupi uste 5 stana na majka mu i pak ke vreska na cel glas deka bil golem patriot Makedonski ama demek ete site kradele a on bil posteniot.Narodot go procita i kad-tad zatvor ne mu gine. A mozebi ke si ja duvne i on kako Ljubco vo Bugarija. Ete taka zavrsuvaat nasite "GOLEMI PATRIOTI"
Од: mark
Датум: 19.12.2008 08:30:56
sporedba Bucko nabavil rezervni delovi koj vo sekoe vreme moze drzavata da gi prodade i da zeme ako ne poveke barem istite pari 2.500.000 dolari.Gruevski so ovoj proekt gi opljacka trgovcite so skoro 5.000.000 mil evra ili vo dolari okolu 8.000.000.mil.dolari parite se izedeni(opljackani direkno od narodot).Bucko dobi 3.6g. za nesto sto go ima tuka e znaci Gruevski prema sumata smetano vo dolari treba da dobie 3 po 3.6= 10,8 a bideki gi nema parite gi izedoa i direkno se opljackani danocni obvrznici treba 10,8 da se pomnozat so najmalku 3,se spasi so OKTA i platezna karticka (ako se spasi) za ovoj grabes e bogami neka mue misli,e zatoa toj se plasi da padne od vlast prljav e dragi moi i ima za sto da se plasike mu dojde redot sakam komentar od portokalovite,ali so fakti neka me demantiraat ke im simnam kapa ako uspeat da me demantiraat bez plukanje i navredi so fakti CEKAM.
Од: Trajko
Датум: 19.12.2008 08:57:38
Decava prvin treba da nauchat shto e patriotizam pa da ne go zloupotrebuvat zborot patriot.Dosta beshe trupenje greshki vrz greshki.Treba da zaboravat deka pushti gi deca se neznat shto pravat.Grbot na makedonskiot narod e krevok koga togash ke se prekrshi so detskite ludorii.
Од: Igor
Датум: 19.12.2008 09:43:05
Нормално оваа вест ја нема на насловна страна на Вечер :)) Гласајте пак за ДПМНЕ.
Од: do ljupco BT
Датум: 19.12.2008 10:21:50
Dobro be nedokvakan eden ... Ima uste podobro resenie za ovoj problem: TI i tvoite -ovci da si gi zemete BG-pasosi i da si odite vo taa vasa majka b'lgarija i air da ne vidite vece.Ama ograbenite pari da gi ostavite ovde , a ne kako onoj vojvodata Vas , da izbegate so opljackanite MK-pari. Imas li mozok ( i jas sum budala sto prasuvam ) SEKAKO DEKA NEMAS !!!!
Од: NLO
Датум: 19.12.2008 10:26:24
Trajko Slavevski pod hitno da si podnese ostavka.
Од: Vase
Датум: 19.12.2008 10:27:29
Sekoja cest na utrinski vesnik.Covek moze da si go kaze sopstvenoto mislenje i da ostane ziv.Prosto se cudam kako Ljupco od Bitola moze da trese takvi gluposti.Ocigledno covekot ne e so site.Site vmro-vcinja koi sto bea taka glasni gi snema naednas.A toj maziste -se javi so nova glupost.Pogolema od vcerasnata no uveren deka ke bide pomala od utresnata!!!!Covekot e za zalenje.Megju genijalnosta i gluposta e tenka granicata.Ljupco ocigledno ne e genijalec!!!So mislete:sto e covekov?????
Од: Деда Џоше од Мартиницу
Датум: 19.12.2008 10:48:27
Патриотски есапи какој на тезга на зелени пијац. На црњи и бели бумбаре на питање: паџоше патриотски сметки 18 бели и 12 црњи бубрези. Ој, ој ,ој мајко ж`та! Ој,ој патриоти куде бевте до с`г ,куде че ни беше краја да несе јављате по телевизију?А и прецедник ургира на врховњи! Куку земљо ,и моја баба Митра к`д загори ручак казује дају је комшика Зорка криво загледала.А трговци к`кој муве без главу!А кој че плати овуј екскурзију од 5 миљона евра?Ќе платив нартод, па и нека , а што ќе правив с`с толке паре,нека помогне домовину,сирота је. има само 2,7 миљарде евра. А први благајник Трајко се чуди к`кви су ти патриотски есапи, неје слушнаја за т`кве! Земљо Македонска што те снаџе........................
Од: mene mk
Датум: 19.12.2008 10:57:33
Јавното обвинителство под итно да поведе постапка за смислена кражба на 5 мил евра пари од граганите против министерот за финансии.Но повеке од се е јасно дека оваа власт не ја интересира народот туку само интересот на шака луге од власта.Кому му продава пуфки Склавевски кога вели дека Парламентот донел Закон за патриотскиве фискални,Може ли да потврди во кој Закон и кога.Кој ке ги заштити трговците ако почнат да се закануваат за измамата,бодејки се во право.Ке поднесе ли грујо и владата колективна тужба против народот,ако почне да им се заканува за оваа глупост,или најдобро ке биде професорот министер да си поднесе оставка,ама пртетходно да ја плати штетата.До кога вакви јадни професори ке ги „образуваат„ нашите студенти и млади луге.Па тој министер не е .ни за портпарол на општински штаб на политичка партија .Што чека грујо, реконструкција на влада под итно додека е време,освен ако не се веке предал за изборите на пролет.
Од: фискализатор
Датум: 19.12.2008 11:11:20
Сега фискалните каси ќе треба пак да се префискализираат ,односно да се вратат во претпатриотската состојба. А сето тоа ќе треба пак да се плати.Значи нови 5 милиони евра за касата комитска.Наздравје. Преродбата продолжува.Остваруваме. Еднаш го прашав тој ljupco,bitola дали е природно глуп или оди некаде на спремање, но за жал од него не добив одговор,но едно е сигурно што е глуп ,глуп е.
Од: gv
Датум: 19.12.2008 11:17:40
Arogantniot Slaveski treba da si odi od vlasta.Dodeka na toj Bikicilistot (Bicikliski) treba da se podnese tuzba za kleveta na ustavniot sud.
Од: zabegan
Датум: 19.12.2008 11:47:16
more NINA kakva za kakva ostavka zboruvas???????? da go osakates narodot za 5 milioi evra pisuvas ostavka ODGOVORNOST.
Од: makedonska evropjanka
Датум: 19.12.2008 13:12:54
Do koga bre slepci niedni ke zavzemate strana, normalno utrinski za SDSM, vecer za Vmro, ne gledate li deka ste na pitacki stap. Ziveam vo EU i Makedonija za esapat na nivo na Sudan ili DRKongo,nikoj nikade ne ja spomnuva.Koga ne ima na vesti , ne ima samo za sramni dejsva . Prosetajte malku i videte kade ziveete. Makedonija e zemja na pitaci i kradci i megu niv na glupaci koi se plasat od Bugarija ili Srbija. Ednostavno luge bez gordost i identitet, zemja kade nepismenite politicari se glavni zvezdi. Fala ti makedonski narode sto si kutar kakov sto si (a ne si svesen) sto me natera da si odam od tamu i nikogas da ne pomislam da se vratam tamu.Od mene imavte sansa 17 godini.Kreitot go potrosivte
Од: tersene
Датум: 19.12.2008 15:10:56
Ne bi sakal da izigruvam NAJpameten od site Vas;posto gledam deka 99%nasite gragjani dobro ja "procitale"i NAUCILE (taktikata!?)na ovaa SAMOBENDISANA i nenasitna vlada;samo ke napomenam deka ne pominaa ni 24 casa od kako se donese odlukata za t.n. PATRIOTSKA SMETKA jas samoinicijativno pokrenav postapka da se utvrdi USTAVNOSTA na istata-bezrazlika kako ke se izjasni Ust. Sud barem da se zabrani da se narekuvai da im nalozi otvoreno da da go upotrebat vistinskoto ime:PARTIJSKA SMETKA...
Од: acko
Датум: 19.12.2008 17:01:49
Cekajte da ni se sluci dvacija pa togas da gi slusnam komentarite za ovaa ekonomska politika.Kako togas partiskite vojnici na vladata ke ni objasnat deka ni e ubavo i prosperitetno vo makedonija.A ekonomskiot kolaps cuka na vrata...................
Од: vencislav todorov
Датум: 19.12.2008 17:45:27
Ljupco od Bitola, sto popskoro covece na pregled. Ti treba psihijstar covece.
Од: ginger
Датум: 19.12.2008 18:28:03
makedonska evropejko! ubavo za tebe sto si go nasla mirot i srekata za tebe i za tvojata familija tamu.i ete plukas po tvojata zemja so strast.no ako taka so zadovolstvo si se otkazala od tuka ,zosto togas citas makedonski vesnici?za da se sitis na nasata glupavost i siromastija i nesigurna idnina? toa te pravi samo zlobna i bezobrazna "makedonska evropejka!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дрско враќање на „пинкпантерите“
Зденко
Претходен број
Бунт во Кочани поради исклучена струја
Според претседателот, кај нас нема демократија
Вербатим
Бруто платата ќе го скрати здравствениот фонд за 326 милиони евра
Кој ќе ja плати патриотската грешка?
Фризерката од ТАТ
Хрватска во македонска кожа
Градот не дозволува споменик на плоштадот, државата ќе тужи!
Најтешкото допрва доаѓа
Моќници и поданици
Бирото за лекови, сепак, одлучи да го повлече зелениот рецепт