Владата мора повеќе да се грижи колку што е можно помалку компании да пропаднат за време на кризата
Македонија е во голема економска криза и Владата повеќе не треба да бега од тоа. Како и остатокот од светот, неподготвени ја дочекавме кризата која не можеше да се одбегне. Затоа беа губење време и сосема непотребни изјавите на министрите дали имаме или немаме криза. Кризата е тука, стасана е и разорува со сета своја жестокост. Приходите паѓаат, се отпуштаат вработените. Веќе околу 8.000 луѓе се на принудни одмори, или останаа без работа. Најтешкото допрва доаѓа.
Во ваква ситуација, лошо е да се пропагира лажен оптимизам, а уште полошо е да се даваат ветувања дека лесно ќе ја пребродиме кризата и дека има решенија кои ги немаат и најмоќните земји во светот. Затоа владиниот тим место да шета низ Македонија во предизборна кампања, цели три месеци пред изборите, најдобро е да си ги засука ракавите и да преземе вистински мерки, а не оние за кои дури и поддржувачите на власта се изјаснија дека практично не значат ништо, или се само капка вода во океанот. Владините мерки од 300 милиони евра издишаа како балони од новогодишна елка уште пред да се донесат. Секогаш е така кога се нудат како помош пари што не постојат.
Најсилни последици кризата ќе остави во металската индустрија и во рударството. Во овие дејности се откажуваат сите нарачки, а цените на берзите стрмоглаво паѓаат. Вработените седат дома во неизвесност. И градежништвото е под силен удар, бидејќи сите инвестиции се намалени, а банкарските кредити секаде во светот секој ден се поскапи. На традиционалните пазари на нашите градежници се одлагаат започнатите инвестиции, а за нови нема ни збор. Менаџерите веќе прават списоци за отпуштање вработени. Поддршката на Владата тр��ба најнапред да се насочи кон оние сектори како што се металската индустрија, рударството и градежништвото. Владата мора повеќе да се грижи со дополнителни мерки колку што е можно помалку компании да пропаднат за време на кризата. Македонската Влада се' уште нема конзистентен став и план што ќе прави со прелевањето на светската криза во Македонија. Министрите и премиерот зборуваат различни работи. Повторуваат пароли кои немаат врска со ситуацијата. Некои велат дека треба да се спасуваат компаниите со државни интервенции, други тврдат дека е погрешно преголемото мешање на државата во работењето на компаниите. Во светот оваа дилема е разрешена. Компаниите се спасуваат со интервенции на државата. И крај. Тоа го прави без малку целиот свет додека теоретичарите водат полемики дали и колку се напушта капитализмот, колку бил или не бил во право Маркс итн., итн. Едно е сигурно, ако се уништат компаниите - тие веќе нема да постојат. Тој филм го видовме и го гледаме се' уште низ целата транзиција.
Јоже Менцингер
Познатиот словенечки економист и поранешен министер и ректор на Љубљанскиот универзитет, д-р Јоже Менцингер, е еден од ретките што ја предвиде кризата, предлага државни гаранции за задолжување на банките, а не ја отфрла можноста државата да земе кредити и депозитите да ги стави во банките со услов тие да го кредитираат стопанството. Менцингер инсистира владите да бидат докрај прагматични и мобилни, да ја поддржат одделно секоја компанија, дури ако треба државата некои компании да ги докапитализира. Уделите и акциите во пензиските фондови што ги има државата можат да бидат гаранција за државни кредити со што некои компании ќе се докапитализираат. Тоа го прават сите во целиот свет, зошто не би го правеле земјите во регионот, вели Менцингер. Менцингер оди дотаму што без комплекси посочува дека некои од овие решенија постоеле во социјалистичкото самоуправување, а сега, според него, повторно се прилично релевантни. Тогаш не се отпуштаа работници, туку се бараа начини како да се задржат. Светот, а и ние сега ќе мора да одиме во тој правец, притоа мора да се имаат предвид специфичностите што ги има секоја земја, особено во нашиот регион. Состојбите не се исти ни сега, ни порано, во Словенија, во Србија, во Хрватска и во Македонија. Но, сигурно во сите овие држави владите мора да бидат многу брзи и да ги следат состојбите од час во час со конкретни мерки.
Економистите, некои од нив и нобеловци, истовремено укажуваат и на ризиците од земање кредити. Ако Македонија го избере, на пример, тој принцип и да се задолжи, за што веќе имаше најави од министерот за економија Бесими, и да почне „њу дил“ со изградба на големи инфраструктурни објекти, кои навистина ни се неопходни, мора да се биде мошне претпазлив, бидејќи државата има голем трговски дефицит. Во таков случај кога има дефицит, што значи многу повеќе трошиме отколку што имаме, плус ако на тоа се додаде ново големо задолжување во странски банки ,веднаш ќе има силен притисок за девалвација на денарот за што во Македонија веќе се' погласно се заговара, иако официјалните институции категорично демантираат. Се разбира, никој не најавува девалвација однапред. Ако, пак, се направи значајна девалвација, тоа значи дека ќе враќаме многу повеќе денари отколку што сега ќе земеме како кредити во девизи. Последиците, пак, од девалвацијата ќе бидат погубни за сите што работат за денари и што штедат денари, што зеле кредити, или имаат акции во македонските компании. Тие ќе ја платат девалвацијата како и секогаш.
Професорот Менцингер е многу остар спрема политичарите во целиот регион. Тој вели дека некои политичари кои одлучуваат и преземаат мерки во врска со кризата ништо не знаат и се' уште повторуваат некои фрази од неолиберализмот, период што трае веќе 40 години. Тоа особено се однесува на тие што велат дека државата не треба да интервенира во компаниите. Работите се сосема спротивни. Сега е дојдено до пресврт, државата треба да интервенира. За Менцингер е глупава дилемата дали треба да се спасуваат добрите или лошите компании. Тој ги советува владите да заборават на економските догми. Штом е дојдено нож до коска некои работи мора да се менуваат од корен. За два месеца ЕУ ја смени целата економска наука. Европа, која толку се занимаваше со конкурентноста, сега дозволува да се даваат субвенции и во банките и во други дејности за кои порано не беше замисливо да се делат пари. Тоа да се случеше во ЕУ пред неколку месеци Европската комисија бесна ќе испратеше негативни оценки. Сега самата ЕУ предлага големи финансиски пакети како субвенции. Тоа е типично за Европа да се напуштаат сопствените правила ако тоа е неопходно. Тоа, всушност, ја одржува Европа. Тоа е европски стил на размислување: кога е густо мора да се биде прагматичен и брз, да се менуваат работите, па дури и ако биле свети. Ако Европа строго се придржува на правилата, би се распаднала одамна. Правилата се тврди и строги за малите држави, а кога се во прашање големите Германија, Франција, Англија, ЕУ лесно ги менува.
Она што во вакви кризни ситуации е посебно опасно се најразличните социјал-утопистички идеи за спасување на економијата. Се појавуваат речиси во сите земји погодени од кризата. Разни сплеткари имаат волшебни спасоносни формули: ќе изградиме 50, 100, 200, 300 фабрики за една-две години. Секоја од нив ќе чини по 2-3 милиони евра, ќе се вработат стотици илјади луѓе. Државата ќе даде 30 отсто, приватните инвеститори 70 отсто и готово. Македонија е спасена. Не дај боже по вакви будалштини да тргне и Владата. Еднаш ги видовме вселенските глупости во една предизборна кампања каде што главен јунак беше милијарда долари, а влогот беше Македонија. Сега, пак, се промовираат слични идеи.
Идеологот за изградба на 50 нови фабрики медиумскиот магнат Велија Рамковски ќе направи многу повеќе ако ги среди работите во своите „фабрики“ и се заложи за едно попрофесионално и почесно новинарство отколку да гради кули од карти. Приказната за 50 фабрики личи на онаа кога некој си „чок ак’лија“ одлучил да купи 100 овни со туѓи пари, сметал со кожите да ги плати трошоците во кланицата, со продаденото месо да ги врати парите, а како профит да му останат 200 бели бубрези. Ете тоа е Бајрам со умот.
Efektite od finaniskata kriza vo siromasnite zemji (a Makedonija visoko kotira na taa lista), ke pocnat da se gledaat pokasno otkolku vo razvienite zemji. Izolacijata vo koja DPMNE strplivo i so mnogu trud ja turna Makedonija, ja pravi celata situacija uste 10 pati poteska...
Од: makedonka vo Fr
Датум: 19.12.2008 00:27:36
Gospodine Rizaov,ne e ubavo samo da se kritikuva. Ziveam so godini vo Francija i krizata i ovde pravi 'rsum. fabriki se zatvoraa i porano zatoa sto se deplasiraat vo istocna Evropa, a sega i poradi krizata. budno gi pratam slucuvanjata kako politicki taka i ekonomski vo Makedonija. ovde vo Fr postojano se strajkuva lugeto se na ulica pa i vladata so milijardite vlozeni vo bankite ne moze da pomogne kako sto mislite tamu. zatoa sto tie pari bankite ke mora da gi vratat na drzavata a ke bidat odzemeni sepak od narodot. edinstven profit imaat direktorite na bankite so zlatnite padobrani i milionite evra. a kade se tie sto ne dovedoa do ovaa kriza so nivnite spekulacii na berzite..?znaci nikade ne e sjajno i ovde luge umiraat od stud na ulica i samo vo mojata ulica veke 4 kuki se prodavaat lugeto ne mozat da go plakaat kreditot veke. se revoltiram zatoa sto samo se kritikuva sekoja vlada a se misli deka nadvor e poinaku.poloso e!!! duri i jas razmisluvam da si odam vo Mk..so Pocit...
Од: citatel
Датум: 19.12.2008 00:50:26
a be erole, vladata se grizi samo za vmrovski firmi koi ke pljuknat nesto vo partiskata kasa.
Од: milco
Датум: 19.12.2008 02:49:01
e erole dosega si mislev deka si nekakvo novinarce no ti mi dokazuvas deka si baba vanja od petrich.
zarem do tuka stigna makedonija kom novinari da pravat analiza za finansiskata situacija
Од: ljupco,bitola
Датум: 19.12.2008 05:27:12
Само црна и се поцрна е иднината на Македонија, според авторот.Читајки го, не сум сигурен ни дали сонцето ќе свети над Македонија догодина,пошто веќе е се посигурно е дека ни држалникот нема да го има на политичката сцена.
Од: miki
Датум: 19.12.2008 07:17:00
koj garantira ako vladata im dade pari na ovie firmi deka nema da bankrotiraat,a posle toa so se niv i drzavata,ako se nelikvidni tie firmi moze da gi otkupi vladata i so niv da rakovodi,a za izbrkanite rabotnici da, za niv treba pomos preku sistemot za socijalna pomos
Од: kiro
Датум: 19.12.2008 08:18:34
pa poveli dojdi si vo MK, ali z aedna nedela ke se vrati svo FR,zatoa ne se pravi pametna, tuku realno gledaj, sekad eima po nekoj prosjak, toa e fenomen, ali vo MK ima tesk asiromastija, t atreba da go razlikuvas
Од: zabegan
Датум: 19.12.2008 08:28:39
ne sakam da vlegam vo polemika so nikoj sto go izrazuva svoeto mislejne. no ovoj LJUPCO od bitola navistina ne znam kaj zive sto uste pocrno saka da vide ????? pa da se ubedi ili covekot se zacauril vo VMLO. i ne glea od nosot podaleku.
Од: makedon samosvesniot
Датум: 19.12.2008 08:43:48
Prvo e fakt deka GRUJO so negoviot tim ekonomisti koi ocigledno ne se so svoi mr.dr.ili eksperti ne se ni za u zemjodelska emisija na A1 i sitel a ne pa kamoli da razbiraat deka svetska mokna ekonomija e vo recesija e sega dali e toa planski ili ne vreme ke pokaze no strategija da USA treba da se povlece od IRAK i nekoi takvi promeni go pravat seto ova znaci ako demokratite se spremni na celo so OBAMA za nov plan eve ja krizata koja ne e tolku ednostavna sve e komplicirano i ekonomski izdrzano mora da se odi na istok i da se zavladee so AZIJA KAVKAZ i INDIJA PAKISTAN se do KINA no dobro ne sakate so vojna eve vi koga se prazni stomaci togas sto sakas ke si pravis no nasite prerodbenici ne znaat da soberat 2plus dva oni se u faza na investiranje no za zal dobro rekol TRAJKO SLAVEVSKI drzavata gori ke izgoris i ti i ti i ti TRAJKO so se GRUJO i STAVREVSKI zosto nemoze nekoj da izgori a ti si najblisku do oginot ne ne potpali se cergiceto zatoa sega posle bozik samo od 10 januari RECESIJA
Од: Дарко
Датум: 19.12.2008 08:47:07
Добро бре Љупчо од Битола,дали спиеш ти бре човече некогаш,дали има куртул од тебе.Ти си сигурно голем експерт од секоја област ама доктор по бранење на власта.Да не си ти чуварот на круната царска случајно(држалник)?Најдобро е сега веќе да ќутиш и не се јавуваш оти нема веќе што да браниш,се виде се сега е на видело.
Од: bimbo
Датум: 19.12.2008 08:49:03
do ljupco od bitola, lupco "majstore"! na nekojsi selanec magareto mu bilo pred smrt oti nesakalo da jade slama na gazdata mu teknalo na magareto mu opnal zeleni naochari kutroto magare od slamata mu se prichinilo seno jadelo so apetit, brat te zalam izvadisi si gi zeleni naochari ke se razbolish od vmrovskata slama.
Од: lule
Датум: 19.12.2008 09:02:59
Nekoi novinari mislat deka se eksperti vo site oblasti Ekonomska svetska kriza vo SAD, vo era na visoka tehnologija, visoki naucni dostignuvanja, eksplatacija na site mineralni surovini sekade vo svetot tokmu od strana na SAD, jas navistina se prasuvam dali ima fingirana kriza ili pak realna.
Од: saso Germanija
Датум: 19.12.2008 10:09:26
Do KIRO. Toj prostacki odgovor kako na Kiro go
znaeme odamna. Ama nie ja polnevme so devizi
Jugoslavija i veruvavme vo nea, a vie kako tebe ja
rasturavte. I moi prijateli od preku okean koi gi zagubija parite vo tamosnite banki izvrsija samoubistvo. Licno jas imam vo Makedonija
vikendicka i stan se' so cel na vrakjanje,kako sto se vrati brat mi od Avstralija i dedo mi od Amerika.Samo komentarite na Rizaov go odvrakjaat nasiot narod. Bi go prasal dali i toj
kako novite corbadzii im kupil kukja na decata vo Amerika za da gi iseli. Besnotija ima vo taa zemja. Poveke komentari vo Utrinski imaat tezok
partiski akcent i ne ja zalat Makedonija.
Од: Vase
Датум: 19.12.2008 10:32:57
Sekoja cest na utrinski vesnik.Covek moze da si go kaze sopstvenoto mislenje i da ostane ziv.Prosto se cudam kako Ljupco od Bitola moze da trese takvi gluposti.Ocigledno covekot ne e so site.Site vmro-vcinja koi sto bea taka glasni gi snema naednas.A toj maziste -se javi so nova glupost.Pogolema od vcerasnata no uveren deka ke bide pomala od utresnata!!!!Covekot e za zalenje.Megju genijalnosta i gluposta e tenka granicata.Ljupco ocigledno ne e genijalec!!!So mislete:sto e covekov?????
Од: zelezara
Датум: 19.12.2008 11:25:41
Do Makedonka vo fr.e ke se usrekis mnogu ako se vratis u Makedonija.Mnogu ubavo se zivee ovde,supr ni e
Од: рецесионер
Датум: 19.12.2008 11:31:28
Абе со овие нашиве таленти во владата ништо не прајме.Кога цел свет велеше дека има економска криза,рецесија, тогаш некои од економските министри на најголениот економист грујо,дури рекоа дека кризата ќе била позитивна за нас бидејќи големите компании и инвеститори ќе ги пренасочеле инвестициите кај нас,која како мала економија ќе имала многу мали последици од кризата??
Двапати го прашав тој ljupco,bitola дали е природно глуп или оди некаде на спремање, но за жал од него не добив одговор,но едно е сигурно што е глуп ,глуп е.
Од: Aleksandar
Датум: 19.12.2008 11:42:46
Erol do nekade si vo pravo mak,nitu do sega ne bese razviena socijalna drzava,cel svet se plasi od kriza kaj nas i mojot narod se plasi sega od Izvrsitelite ne se izdrzuva skapi rezii i sto se ke mu zemat na mojot narod Albanci,Romi,Srbio site sme isti napateni 20god tranzicii sto vidovme nisto beda,izolacija ,Mk ima samo eden razvoj se znae Evropa,Nato integracii.A fabrikite da otvarame se ziva glupost.Da otvorime da ama da dojde svez kapital stranci da investirat koj sto ke imat vizija,oprema kadar so poznavanje,obezb.pazari a ne vaka se sobral Velija i Azevski i toj cerkezi glupaci zivii.Velija ke se slozis so mene eden den e Premier,drugiot e Min,za Zemjodelije,tret e Javen obvinitel,petiot den e Min.za economia..Vcera na eden sostanok so Ambasadorite na US,i EU ubavo kazava.Ili ke slusate i ke zborite kako luge ili ne ni trebate.Nie sme vo pozicija da slusame. Erol sekoje dobro i navistina mene mi e cest da te citam,nekojpat se slozuvam nekojpat ne,ama vo globala ti si Dobar novi
Од: Читател
Датум: 19.12.2008 13:32:36
Ајде Ерол ке го напагаме а нема да полемизираме со неговиот текст. Редовна пракса на партиските војници на ВМРО. Но што правиме со Д-р Менцингер, голем економски авторитет и тој ли е против Вмро. Треба еднаш да научиме да комуницираме нормално. Се полемизира со факти а не со личноста и со нејзина дискредитација. Сашо од Грманија и Г-га од Франција ништо не кажувате за фактите туку за вас и што мислите за авторот., Ништо не сте научиле во странство.Веројатно нешто знаете германски и француски па прочитајте. Или не знаете оти има наши кои не го знаат ни мајчиниот јазик. Да не сте од тие.
Од: Brian, Canada
Датум: 19.12.2008 16:34:33
Predviduvanjata na g-dinot Rizaov za propagjanje na kapitalizmot se podrazbiraat imajki predvid deka samopravniot socijalizam mu e blizok dosrceto kako i neokomunistite(SDSM). Ne mi e jasno sozto frla prav voocite na citatelite so "kreditite stanuvaat preskapi" koga e sosema obratno. Denovive amrikanskata banka go spusti intersot na recisi nula!!! Seto to vo funkcija na potiknuvanje na investitorite i zazivuvanje na ekonomijata. Krizite se normalni i ciklicni. Ovaa vo glvno e predizvikana od finansiskite spekulacii i abnormalnata alcnost na bankarskite direktori. Site pozajmuvanja drzavata gi naplaka vo forma na akcii i premin na sopstvenosta vo drzavni race. Nema podaroci, ne sejte magla g-dine Rizaov.
Од: Risto Gusterov
Датум: 19.12.2008 16:40:33
Odlicna statija.Kako dopolnuvanje,treba da se ima na um,deka sekoja direktna pomos od budzetot treba da odi vo pravec na promena na sobstvenickata struktura na kompaniite koj ke ja primat taa pomos,kako bi mozelo da se ima kontrola na trosenjeto na tie sredstva.
Од: acko
Датум: 19.12.2008 17:12:45
Krizata ke dojde i ke si pojde.Graganite ke doosiromasat a ovie nasi ekonomski junaci od vladava ke gi nema so polni dzepovi........najverovatno vo bugarija kaj stanisev.........................
Од: Markos
Датум: 19.12.2008 21:01:47
Povikuvanje na prof. Jože Mencinger e sosema na mesto. Kako člen na Vladata odgovoren za stopanstvo, Mencinger so svojot avtoritet nametna niza originalni idei i rešenija, koi i' ovozmožija na Slovenija najdobro da go podnese raspag'anjeto na SFRJ (čitaj gubenje pazar). Na primer, uspeal. da se izbori za kontinuitet vo rakovodenjeto so stopanskite subjekti (nasproti "sečata" vo drugi eks Yu republiki), da se vovede "plivački" kurs na nacionalnata valuta tolar (nasproti glorificiraniot fiksni kurs) - so cel da se podržuva izvoz, a bogami i da ne se prifatat predlozite na MMF vo vrska so privatizacijata. Prof. Mencinger e zgora ostar kritičar na niza postapki na slovenečkata vlast, kako što e denešnoto blokiranje na pristapnite pregovori na Hrvatska za vlez vo EU, što k'e reče deka nacionalniot monolit ne mu e "sveta krava". Pa, ima li Makedonija lug'e od sličen format? Potočno: možat li takvi lug'e da dojdat do izraz?