Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Бирото за лекови, сепак, одлучи да го повлече зелениот рецепт

Розовите рецепти ќе важат за сите лекови на приватно

Јасмина Јовановска

Министерството за здравство уште не заживеан во практиката ќе го повлече од употреба зелениот рецепт за лековите кои содржат опојни дроги, како дел од новите рецепти во боја наменети за лекови на приватно. Ова значи дека ќе има само два вида рецепти, со што сите лекови кои ќе ги купуваат пациентите, лекарите ќе ги препишуваат на розови рецепти, без разлика на нивната дијагноза, а лековите на товар на Фондот за здравствено осигурување и натаму ќе се издаваат, како и досега на бели рецепти. Со новиот правилник, освен тоа што ќе се воведе ред во издавање на фондовските и на приватните лекови, како што велат во Бирото за лекови, покрај матичните лекари, лекови ќе може да препишуваат и други лиценцирани лекари во државата. Така, рецепти ќе може да препишуваат и стоматолози, лекарите во итната медицинска помош, специјалистите и другите лекари во секундарната и терцијарната здравствена заштита.

Зелениот рецепт да се повлече од употреба само еден ден по неговата примена, Бирото за лекови донесе одлука на итно свиканиот состанок со лекарите, фармацевтите, невладиниот сектор и Агенцијата за заштита на лични податоци, инициран по реакциите дека со рецептите во боја се нарушува приватноста на пациентите. Со поништувањето на зелениот рецепт, Бирото за лекови на некој начин ја призна грешката.Розовите рецепти во практиката ќе заживеат по измена на Правилникот, што ќе биде направена брзо, најавуваат од Бирото за лекови и уште денеска се очекува да се објави во „Службен весник“. За измените во Правилникот, како што велат во Бирото за лекови, ќе биде испратен допис до сите матични лекари

Иако од Бирото за лекови најавија дека правилникот за рецептите во боја ќе биде даден на јавна расправа, вчерашната средба се одржа зад затворени врати. Состанокот, како што дознавам,е бил конструктивен и по укажувања дека со зелените рецепти се нарушува приватноста на пациентите, директорот на Бирото за лекови, Илчо Захарив, се повлекол. Иако, тој се повикал на некаква конвенција за рецептите, сепак, на крај, според неофицијални извори, се решил да го повлече спорниот рецепт, без да даде објаснување зошто пред да се донесат рецептите во боја не било побарано мислење за заштита на личните податоци.

„ Постигнавме согласност и Правилникот ќе биде изменет. Добро е што проблемот брзо се реши по нашето укажување и реакциите од здруженијата за правата на пациентите“, вели директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци, Мирјана Марушиќ.

За измените во Правилникот, како што велат во Бирото за лекови, ќе биде испратен допис до сите матични лекари. На рецептот со бела боја ќе можат да се препишуваат 911 лека, кои се на Позитивната листа на лекови, додека на розовиот рецепт ќе се пропишуваат 2.001 лек, што пациентите самите ги плаќаат во целост.


Статијата е прочитана 331 пати.

Испрати коментар

Од: trpe original
Датум: 19.12.2008 01:53:11
Samo edno: koj ke go plati trosokot za pecatenje na Pravilnikot, pecatenjeto na receptite, nivnata distribucija, angaziranje na doktori i aptekari......Da ne bidat 100 cekori?
Од: ne partiski
Датум: 19.12.2008 09:57:58
More deca od DPMNE daj dosta si igrajte so drzavata i so narodot. Daj odete si . Drzavata e za pametni, iskusni, dorasnati , a ne za vas
Од: Трпе
Датум: 19.12.2008 10:13:36
Захар(шекер)иевски повторно им го загорчува животот на овие кои имат потреба од лекови.Се расфрла непотребно со пари наместо правилно да се потрошат таму каде што треба.Кој ке ја плати и ова грешка.Сигурно не неговите хербални аптеки.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дрско враќање на „пинкпантерите“
Зденко
Претходен број
Патриотска оставка за патриотскиот гаф
Бунт во Кочани поради исклучена струја
Според претседателот, кај нас нема демократија
Вербатим
Бруто платата ќе го скрати здравствениот фонд за 326 милиони евра
Кој ќе ja плати патриотската грешка?
Фризерката од ТАТ
Хрватска во македонска кожа
Градот не дозволува споменик на плоштадот, државата ќе тужи!
Најтешкото допрва доаѓа
Моќници и поданици