Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Црвенковски прогнозира историски пораз на Македонија

Претседателот во последното обраќање рече дека Македонија е држава во која нема демократија

Оливера Војновска

Шефот на државата, Бранко Црвенковски, вчера во своето обраќање пред Собранието и пред целата македонска јавност излезе со песимистички прогнози дека на Македонија и' претстои голем историски пораз, дека преговорите за името со Грција ќе бидат замрзнати на подолг период, што неминовно ќе го одложи нашиот евроатлантски сон за некои други времиња.

Претседателот, како што самиот рече, во последното обраќање пред крајот на мандатот и во „годината што го промени светот“, со жалење констатира дека Македонија е држава во која нема демократија. Од собраниската говорница Црвенковски упати серија критики на адреса на актуелната владејачка структура која, според него, владе со страв, заплашување, јавен линч и жигосување на неистомислениците, безмилосно ги троши државните пари за саморекламирање, при што ги корумпира сопствениците на најголемиот број медиуми во државата.

Упатувајќи порака до политичките противници, а веројатно и за да ги расчисти дилемите во јавноста, тој кажа дека нема да се кандидира повторно.

„Вистински преговори за проблемот со името со Грција нема да има подолг период. Тоа значи дека во истиот период вистински преговори за зачленување на Македонија во НАТО и во Европската унија, исто така, нема да има. За таа реалност треба да бидеме наполно свесни, како и за последиците што ќе произлезат од тоа“, рече Црвенковски во обраќањето. Тој нагласи дека одлуката да се оди на предвремени избори била избрзана, поради што земјата по трет пат испушти шанса да добие датум за преговори. „На политиката и на однесувањето на Грција ниту можевме ниту ќе можеме да влијаеме. Што се однесува до нашите грешки, нашите погрешни процени и лошо поставени приоритети, а нив во овој период ги им��ше многу, одговорноста е исклучиво наша. Со користење на популизмот и злоупотреба на патриотските чувства на граѓаните, со поделбите на патриоти и предавници, со креирање атмосфера дека ние во НАТО и во ЕУ сакаме, ама не мораме, дека Владата има алтернативна стратегија за сестран економски, демократски и општествен развој на државата и без наше интегрирање во евроатлантските структури, ние самите го испишуваме сценариото и го трасираме патот за голем историски пораз. Повикот за создавање единство врз ваква платформа, всушност, е повик за регрутирање соучесници и поделба на одговорноста за спроведување на една губитничка политика однапред осудена на неуспех“, соопшти Црвенковски.

Критикувајќи ја Владата, за која рече дека создава амбиент дека предавници се сите што не се согласуваат со нејзините политики, македонскиот претседател доброволно се пријави да биде на нејзината црна листа. Оставајќи му на времето да покаже „што е вистински патриотизам и кои се вистинските патриоти“.

Тој и во оваа прилика го повтори ставот дека проблемот со името треба да се реши на достоинствен начин. „Да се обидеме да го решиме спорот со Грција, да дојдеме до компромис со кој ќе го зачуваме нашиот национален идентитет, ќе ги одбраниме името и јазикот. Гаранции дека ќе успееме нема. Но, со политиката која денес е официјална во Македонија, гаранции дека нема да успееме - има“, уверен е Црвенковски. Според него, тужбата што ја поднесе Македонија пред Меѓународниот суд на правдата е легитимна, но не е корисна за Македонија.

Црвенковски предупреди дека ако подолго време останеме надвор од ЕУ и од НАТО, постои опасност за зачувување на меѓуетничкиот биланс, а без членство во ЕУ и во НАТО, нема влез на странски инвестиции, а ќе стагнира и економскиот развој. Тој нагласи дека нема алтернативен концепт на ЕУ и НАТО. „Се' друго не е развоен концепт, туку борба за гол опстанок“, заклучи претседателот.

Претседателот потенцира дека зГоворејќи за светската економска криза, Црвенковски рече дека бил непријатно изненаден од лежерноста на Владата, која не се подготвила како да се справи со кризата. „Времето покажа дека реалноста е посилна од секоја илузија, дека Македонија не може да чекори во спротивен правец од светот и глобалните трендови“, рече тој.

Претседателот апелираше до Владата и до Собранието да размислат уште еднаш за енормно високиот буџет што се предлага за наредната година.

Црвенковски истакна дека во државата недостасува демократска и здрава дебата. „Денес секој што ќе се осмели да изнесе став различен од оној на владејачката структура ризикува да биде изложен на јавен линч, да биде прогласен за предавник, странски платеник, кочничар на реформите и се' почесто да се соочи со кривична пријава за клевета.

Клучните медиуми се ставени под целосна контрола и изложени на двоен притисок. Од една страна, од позиција на сила и моќ се упатуваат директни закани, а од друга страна, со огромни државни пари преку формата на бесмислени владини кампањи се придобива поддршката на сопствениците. Да го употребам точниот израз, сопствениците на медиумите се корумпираат. Ова што ни се случува денес не е демократија. Со вакво владеење не се оди во Европа“, рече претседателот.

Завршувајќи го својот говор, Црвенковски истакна дека ова е неговото последно обраќање во парламентот во својство на претседател на државата. „Ми претставуваше огромна чест и гордост да ја претставувам државата и да ја вршам оваа висока должност. Се трудев да го правам тоа најдобро што можам и умеам. Никогаш не тактизирав и не се повладував на доминантното расположение и на моменталниот однос на сили. Го правев и се залагав за она за што верував дека е правилно и корисно за државата. Времето некогаш ме потврдуваше, некогаш ме демантираше. За сите пропусти и грешки ја преземам одговорноста. Ве уверувам дека не биле направени со намера и од тој аспект совеста ми е мирна“, порача Црвенковски.

Во ова издание и:

Груевски не дојде на обраќањето на Црвенковски


#
Статијата е прочитана 5932 пати.

Испрати коментар

Од: J.Koceski
Датум: 19.12.2008 00:08:32
Макар да не го обожавам претседателот, говорот му беше сосема на место
Од: demokrat
Датум: 19.12.2008 00:14:02
branko uste ednas pokaza deka e najzreliot, najelokventniot, najpretstavitelniot politicar vo drzavata. smeshni bea vmrovchinjata koi posle govorot ko zbudaleni se redea pred tv kamerite sekoj da dade pridones so pljukanje za da se ispoltronishe pred svojot gazda, inache minus ke im pishe. koj podaleku ispljuka pogolem poen. a nieden ne kaza argumenti zasto ne im se dopaga govorot, istite pljukanici - branko bil 17g (tuka valjda mu gi prepisuvaat i vladata na kljusev, na ljubco i poslednive 3 cunami god. a gruevski pobrza da dade izjava od stip deka se cudel kako ne proektiral branko edintvo, pa sto majka barase on u stip so ne dojde vo sobranie i on da proektira edinstvo. aman od prostotilak
Од: eden covek
Датум: 19.12.2008 00:14:55
Bravo bre Brane. Posle 20 godini lazenje i ti ednas uspea da bides objektiven iako, necelosno. Sepak, "zaboravi" da dades realno objasnuvanje za svoeto glupavo odnesuvanje kako pretsedatel.
Од: neutralen realen
Датум: 19.12.2008 00:15:04
toa shto go rekol crvenkovski e 100% realnost,bravo,so evropa ne se igra tie se seriozni i jaki,ako tie ke ti vrtat grb,nema da postoish.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 19.12.2008 00:15:15
Makedonija e vekje porazena, i toa od sopstveniot narod, pred okolu polovina godina. A efektite kje traat uste dolgo. Vlasta proizvede 1.5 milion zbuneti Slavjani koi ne sakaat da bidat toa sto se. Tragicno...
Од: ocaj
Датум: 19.12.2008 00:22:33
Presedatelot Crvenkovski na svoj harizmaticen stil ja opisa ,za zal, vistinata za propasta na Makedonija. Vlada koj ja socinuvaat deca, diletanti ja unistuvaat ovaa drzava, lugje koj nikogas ne priznavaat ni malku vina za odredeni raboti, vlada na koja site zakoni i padnaa na Ustaven sud i bea kritikuvani od relevantni svetski institucii.Makedinija zivee so propaganda od vladata ,zemja vo koja nema nitu edna TV kuca koja ne e pod direktna kontrola na vladata:Tomic, Latas, Milenko, Velinova, Vistinska diktatura. Narodot gi izglasa no sigurno e deka nkoj ne go ocekuvase ova sto sega i se slucuva na ovaa drzava. ud
Од: igor-bt
Датум: 19.12.2008 00:32:31
Se ubavo kazano, ama najtragicno e sto ova ni go kazuva Branko Crvenkovski-istrosenata licnost vo makedonskata politika. Kakva drzava sme koga nemame nitu eden privaten medium,koj ja kritikuva vlasta, vo vremeto na Milosevic imase barem eden takov medium, radioto B92, ovde nema kaj nas...
Од: commanddevil
Датум: 19.12.2008 00:35:22
vo ovaa drzava edinstveno sto nema -e predsedatel koj ke go obedini narodot,predsedatel koj ke ima patriotski pristap na rabotite ,...
Од: novoselec sando
Датум: 19.12.2008 00:50:57
brane 17 godini ste na najvisoki makedonski funkcii samo kritiziraš nikakov air od vasbevte predsedatel na makedonska vlada što ušte denes imame problem ja krsti makedonija so imeto FIROM go srušija avionot vo mostar što nešto e sumlivo gi abolirate i pomiluvate najgolemite kriminalci vo makedonija sakate pridevka za imeto na republika makedonija abe SIKTER od politikata na makedonija idi tam kade si roden pa predlagaj da si go menat imeto na državta pa ke dobieš nagrada za zasluga
Од: Сдмм
Датум: 19.12.2008 01:01:52
И Зоран Заев не присуствуваше во сообранието. Од тоа поголем пораэ эа иднината на Сдсм нема. Членовите се прашуваат сите кои се причините што Заев не дојде эаедно со Ахмети и Тачи. ?????
Од: VMRO
Датум: 19.12.2008 01:26:40
Kako clen na vmro samo edno imam da kazam:da pretsedatele navistina ste vo pravo.Porazeni sme od ovcite sto gi vee premierot kako saka!Porazeni sme od vetuvanjata deka kvalitetnite kadri ke si go najdat svoeto mesto.Nema mesto vo vmro za nas.Tamu posreduva cicko mito i vujko vladika za rabota a takvite kako mene so 7 stepen obrazovanie ke lepat plakati i ke se plasat da go kazat svoeto ime.Ama taka si presudivme od los sdsm izbravme uste pogolem losotilak.Blagodarime...
Од: ace franciija
Датум: 19.12.2008 01:35:42
abe demokrat od takvi kako vas kako tebe i branko i red drugi ne ni ja biduva drzavata najprodadena dusa e branko so da misli toj dobro toj go pocna sporot so imeto sega zaglavuva drugi a toj nikomu nisto.toj kako pretsedatel na drzavata treba da gi brani nejzinite interesi a ne da bide prv so saka da go smeni imeto kako ne mu e sram ppoarno neka si odi od politikata ne ni treba takva osoba
Од: trpe original
Датум: 19.12.2008 01:43:17
I jas mislam deka Pretsedatelot trebase da odrzi eden vakov govor mnogu poranio. Sepak, ne e kasno. Samo sto onie, koi trebaa da go razberat govorot, vednas ripnaa. Decinjata se razmazeni (mislam na Vladata), i kako site decinja, ne im e milo ako se karani. Mojot vnuk moca vo gaki. Go prasuvam zosto? Odgovara: tujot mocase, da go kaznime. Pa da gi kaznime decistata od Vladata. Znam, ke se javat kritizeri. kako ne mi e sram premierot i ministrite da gi narekuvam decista. So moi 65 godini vozrast, semejstvo, izvedeni 30-tina generacii diplomirani studenti i steknata penzija, sigurno deka imam pravo da kritikuvam decista koi menuvaat zeni, edvaj po edno dete imaat, drugite nemaat semejstva (bozem sloboden zivot imaat), osven partiska politika nikade ne rabotele, ne se stecajci....i sto drugo da navedam? Samiot sebe bi se dviral. Kako vikaat Ametrikancite: Bog da ja cuva Makedonija (a i toj, iledjija, dignal race).
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 19.12.2008 01:51:55
Tipichno govorenje za chovek koj e definitivno na zalez na svojata politichka i sekakva druga (osven kriminalna) kariera. Sekoj shto se zboguva so nekoja visoka funkcija i od tuka natamu kje se narekuva "bivshi", kako po zakon zvuchi pesimistichki. Ne se sekiraj Branko. Ima mnogu lugje vo i nadvor od Makedonija shto vistinksi si ja sakaat svojata zemja i koi nikogash nema da presetanat da bidat opimisti za nejzinata idnina. Da razmisluvaa site nashi prethodni drzhanvici i revolucioneri kako tebe, Makedonskiot narod nikogash nemashe da dobie svoja drzhava. Zamini si vo istorijata, i pushti gi ponaprednite i posposobnite od sebe da go prodolzhat patot. Makedonija kje zhivee i kje pobedi.
Од: cHRIS-lONDON
Датум: 19.12.2008 02:10:16
Na govorot na Crvenkovski vo parlamentot,jas bi do dal samo nakratko : Sto pobrzo se trgne od vlast ak tuelnata politicka diletantska i kriminalna struktura pobrzo Makedonija i Makedoncite ke krenat glava i moze da se nadevaat na podobra idnina.Vosprotiv no,samobendisanite kvazi intelektualci,promaseni politicari i umisleni "avtoriteti",ke go doispisat naj- crnite stranici od sovremenata makedonska istorija Makedonski narode,svesti se dodeka ne bide pre- kasno.Gi izgubivme i podrskata i simpatiite vo celi- ot svet.Gospod da ni e na pomos.Mislev da se vratam doma,na svojata grutka zemja.No gledajki sto pravat sledbenicite na maloumniot "Vojvoda" koj go opljacka i ostavi na cedilo i narodot i drzava- ta i gleda seir od sosedna drzava,si rekov NE.Ne-sakam da bidam eden od dvata milioni napateni Makedonci.
Од: milco
Датум: 19.12.2008 02:44:13
bi mozelo mnogu da se komentira no realnosta e realnost. zaev spasen tokmu od brane go nemase. zosto odite ponatamu so govorot koga toa e realnost ili onaa starat dva luti kamena ne melat brasno. na nekoj nacin mora da se prefrli vinata na drugi. veke videno i procitano samo neznam zosto tolku mnogu prostor za covek koj e najzasluzen za site promasuvajna
Од: ramadani
Датум: 19.12.2008 02:56:53
sve si e na mesto pogotovo delot kade sto govori za patriotizmot dlaboko se slagam .... ova sto go napravi vladata na gruevski preku grcite - bese cisto nefer igranje so patriotskite cuvstva na makedoncite, pogotovo na siromasnite i prostite makedonci, toa e mn nefer i necesno od strana na vmro-dpmne, gi kjari poenite i rejtingot na mn nizok nacin i seuste igra na taa karta...ko bozem branko ili ljubco prethodno ili sdsm u celina ko bozem nemozese da igra taka...mn neubavo i mn necesno..
Од: penicilin
Датум: 19.12.2008 03:04:37
Лелеј жалопојки, па прочитајте се бре луѓе, мој до мојега. Ајде челото горе и со Бранко и без Бранко нема никој душа да ви земе освен севишниот. Поддршка давање на некој што сето ова го започна и му даде правец е стварно лицемерно или помнењето ви изветреало!
Од: od tetovar albanec
Датум: 19.12.2008 03:05:08
ha ha ha e sega bese iskren no koment pozdrav do site
Од: zagrizen
Датум: 19.12.2008 04:01:05
seto toa sto go kaza presedatelot e vistina samo na koj kazuvase na ovie arogantnite vmrovci sto mislat se sto leta se jade napred
Од: aleksandarmkd
Датум: 19.12.2008 04:10:35
So zal mi padna za Branceta kako si se jadashe na pratenicite koj bogami gi nemase u golem broj , a go nemase i neosudeniot odnosno pomiluvaniot od rukata na Branceta , ZZzzzaev koj najverovatmo berel ranogradinarski piperki u strumca..celiot generator na site porblemi i kocnicar na prerodbata na Makedonija e bs Brance.. Site problemi od imeto koj go naprae so dedo Kiro , do otudzuvanje na opsestveniot imot mislim na fabrike banke rudnici u rukete na SdSm-ovcite e vo rezija na Brance, i sega toj isti cuek dosol da ni ukazue koj e sto e , providnosta na negojte izjave moze da projde samo kon slepo zabludenite SDSm-Ovci koj giima sve pomalku..Zatoa od mene do nasiot ni sakan i cenet Brance mu posakuem Srecna Nova godina i Bozic i mu poracuvam da gi projde u krugot na semsjstvoto zs posle prestanok na negovata funkcija leta u corka zaedno so Bucko
Од: ljupco,bitola
Датум: 19.12.2008 04:52:57
Ова е,за жал,последното обраќање од собраниската говорница на големиот узурпатор на председателската фотеља,кој себеси си нарекува држалник.Догодина,ако сака да зборува на неа ќе мора да притиска на собраниските копчиња,како и останатите какавани од опозицијата.Дај, убедете го некако да се кандидира на следните председателски избори,без него нема да има смеа.Многу е уплашен,знае дека сигурно губи овојпат. Посилно тропајте по подот, ќе излезе од глувчешката дупка кај што се скрил,можеби.
Од: Vasil
Датум: 19.12.2008 05:42:59
Poveda ili poraz e samo sostojba na umot ponekogas i nerealna ama ako e cel ostvarliva. Makedonija e zemja koja nikoj ne moze da ja izbedge kako sugavec na patot, potoela i ce postoi, so ili bez Branko, Nikola ili koj ti jas znam. Ce ja sretnes vo mene, tebe i site okolu, ako nisto povce kolku za inat.
Од: vmrovci vie priznale ili ne ama Brane ve nosi vo dzep
Датум: 19.12.2008 07:06:15
Sve sto sakav da kazam veke go kazaa "demokrat" i "ocaj" i nema potreba da kazuvam. BRAVO za dvacata a veruvam deka i mnogu drugi kako niv uste poubavo ke kazat. A za ovie SLEPI VMRIVCUNJA koi osvem plukanje i nisto drugo ne znaat sakam samo da gi potsetam deka sve toa sto go zborat za Pretsedatelot Crvenkovski ustvari vazi za nivniot Nikolce i da ne zaboravat da si go vratat pametot nazad i da se prisetat na nivniot Ljubco i segasniot im Grujo koga bese finansier i na site onie NIVNI LOPOVI koj se razbegaa po svetot po gubenje na vlasta a i na ovie segasnive koj ostanaa vo ovaa vlast pa taka da si imaat pregled vo licno svojot dvor pred da plukaat vo tugiot dvor. Jadni od ocaj i ne znaat vise sto da pravat pa kao buda tra la la SEKOGAS ISTO laat. Uplav fakaat od Crvenkovski pa vo momenti na panika ete kako vmrovskive pratenicinja sto kako decinja se redea pred mikrofon izmisluvaat i treskaat zeleni. Fakt e deka politicar kako Branko ne raga vise majka Makedonija. BRAVO PRETSEDATELE!!!
Од: Trpe 2
Датум: 19.12.2008 07:19:41
Nemam namera da mudruvam,ama vremeto e neumoliv sudija i po dve gogini ke se vidi "kade plovi ovoj brod".Tazna bese slikata na REDICATA za izjava pred TV-reporterite.
Од: miki
Датум: 19.12.2008 07:33:16
Branko nastapi kako opozicioner a ne kako pretsedatel,ne kaza ni zbor on sto postigna za vreme na negoviot mandat.So vakvo plukanje na vladata vo parlamentot on nesakajki dokaza deka vo mkd ima demokratija,pozdrav do utrinski.
Од: A .T . AUSTRALIJA
Датум: 19.12.2008 07:33:49
Presedatel na drzava treba da bide covek koj nee involviran vo niedna politicka partija bez razlika koj ce pobedi na izbori toj treba da bide ,,neopredelen,,da gleda podednakvo , kako roditel sto treba da gleda podednakvo prema site svoi deca .Presedatelo e tatko na edna drzava .bidete pozdraveni od A T .
Од: pameten
Датум: 19.12.2008 07:51:59
Zboruvaneto za "kompromis" za imeto vekje e poraz! Genezata na sporot so Grcija ne e vo imeto, toku zo smislata na imeto - bozhemnoto Antichko poteklo na Makedoncite. Kolku do jazikot, toj ne e zagrozen! Zadrozena e lazhnata prikazna deka nashiot jazik postoel kako poseben Makedonski jazik za vreme na Sv, Klimen, Krchovski, Miladinovci, toku do Misirkov. Porazot na ovaa prikazna ne e zakana za Makedonija. Tokmu laznata istorija ne tera kon poraz!
Од: anonimen
Датум: 19.12.2008 07:55:24
Od (ne)covek koj sto e 13 godini na celo na drzavata i ne mozeme nisto drugo da ocekuvame.Toj go unisti bitieto na ovoj narod , ja unisti gordosta na ovoj narod go unisti dostoinstvoto na ovoj narod i da zboruva za demokratija e malku e preterano . P.S. Mozam da se kladam so site vo Makedonija deka na krajot na sramniot predsedatelski mandat vo anketniot list za imotnata sostojba ke gi prilozi famoznite 10.000 evra zasteda vo komercijalna banka. I nisto poveke.
Од: do novoselec i sdmm
Датум: 19.12.2008 08:00:33
E moj novoselec prv pat se javuvam ali skoro redovno citam i dojdov do zaklucok deka ti si nevidena Supelka a eve zosto prvite 2 god.na vlast vmro ,1998-2002, vmro 2006-d0 denes 2008skoro 2,5god.vmro, vkupno do denes 8,5 god ste na vlast katastrofata sto e napravivte so OKTA I TELEKOM negi zaboravivme gruevski bese minister vo ovie vladi so isklucok na prvata eden negov potpis drzavava e cini 50 milioni dolari po presudata sto ja dobija vo London i Parisskoro za 25 pati pogolema osteta na drzavata vo odnos na ona sto go tuzat Bucko e teskoe nemate vo redovite covek kako B.C a go sakate dae kaj vas.Zosto Zaev da e vo parlamentot e prostete ali nevideni supelkovci ste mi se gadi ot takvi neargumentiranikomentari,a vcera Fuere zapisa na premierot ne mu ide pamet gospod neka mue napomos izvestajot za 2009 pocna so tie zborovi i posle kriv mue cacko st nikoj vo svetov nego pcituva,pa slusam tamo eden bradati veli 15 pati izlegol B.C nadvor kolku pati izleze G.N na zvanicni pokani 0 pati .
Од: Dr. Mihail Sorko ,Ohrid.
Датум: 19.12.2008 08:00:35
Edna od najvaznite obvrski na Republika Makedonija vo evrointegraciskite procesi e ODBRANA na nacionalniot jazik. " JAZIKOT E OGLEDALO NA DUHOT NA NARODOT , na vremeto i na coveckata CIVILIZACIJA ." UNESCO.
Од: Mirco od Strumica
Датум: 19.12.2008 08:00:57
Ovoj sto se potpisal kako Sdmm sigurno e polupismen. A za Zaev da ne se sekira oti posle BC edinstvena nadez za Makedonija ostanuva Zoran Zaev koj vo idnina sosema izvesno ke bide premier bidejki covekot ima idei.Dojdete vo Strumica pa ke se uverite.
Од: zabegan
Датум: 19.12.2008 08:05:34
sepak covekot si znae da se obrati kon narodot. neka sedat i ucat.
Од: Archelay
Датум: 19.12.2008 08:10:49
Govorot na Drzavnikot ke bese vo red dokolku se osvrnese i za pricinite na vmetnuvanjeto na"FIROM",za ubistvoto na Postarot,za TAT,za prekrojuvanjeto na Opstinite,za podaruvanjeto na dvata"bugarski"groba od Brusnik na Bugaristan,i tn.
Од: To.St.
Датум: 19.12.2008 08:31:37
Ednas napisav deka na portokalot za da sozree mu treba sonce. Portokalot ne samo sto ne sozrea tuku skapa. Kako pretsedatelot da go sploti narodot koj e indoktriniran so sekakvi nebulozi i gluposti na koi slepo im veruva? Makedoncite si patele i dolgo ke zalat deka sekogas nivnopto needinstvo i plitko razmisluvawe gi doveduvalo do krah i propast. Sega pretsedatelot ni kazuva deka istoto ne ceka. Dali go procitevte megu redovi Stanisev? Ako go procitevte (iako mislam deka sme 80% nepismeni kako sto vika Evropa) togas ja gubime drzavata samo zaradi naseto needinstvo i glupost. Edinstveni ke bideme vo istorijata sto sme ja izgubile drzavata zaradi slepoto veruvanje na eden covek koj ne znae da odi a kamli da ne vodi.
Од: zapadna
Датум: 19.12.2008 08:43:28
Добро претседателе кажавте што имате,можете слободно да е оставите Македонија на мир...Се прашувам само едно што ви стана воСкопје,што е тоа што на сите скоро ви го поремети зрдравиот разум,парите,па во Скопје човек да ве гледа од страна не може да се изначуди..Претседателот станал загрижен за Македонија,до сега дали бил или не долго време го немаше во овие 4-5 г.тек тук се појавуваше..на ТВ мислам кај г.дин Томиќ кој го почитувам,ама не можам да сватам тој разговор со некој г.дин Ниче Димоски мислам,Јанко Бурекот исто истата личност е кани во емисија,Сител,или А1,некоја јасновидка Сабина,што ми испадна малу пореална од овој човек кој го наведов Ниче...Што Вие бре Скопјани,мислам дека почнувате да полудувате од Претседател па се надолу...дали е тоа дел од психолошката војна која е водите врз нас 17 година,или што е...мака ми е само што мислите дека на пример јас ке ви поверувам дека претседателот станал загрижен и,некој г.дин Ниче Димоски...Скопје полудува,што ли му е????
Од: makedon
Датум: 19.12.2008 08:45:28
Za politicar treba da si nadaren a taa ndarenopst ja ima nasiot predsedatel Branko Crvenkovski.Za drzavata da ima dobra ekonmija i progres tuka go immame gospodinot Nikola Gruevski . Ekonomist imame a imame i politicar -rabotava izgleda lezi vo toa koj e po tvrdoglav. Cenata ja plaka narodot . Samo se plasam deka eden den samite oni ke se zaprasaat zosto nikogas ne najdoa zaednicki jazik.-Vremeto na mitovi legendi e odamna pominato-Neka ni e so sreka vo novata 2009
Од: andrej
Датум: 19.12.2008 08:58:49
Toa bese govor vcera!bravo za Bane!I mnogu vistini i mnogu hrabrost vo isto vreme!na diktaturata mora da i dojde kraj, a toa se pravi so borba i nikako poinaku! Bocevski svesen li si deka si obicen poltron!!Mizeren, nikakov, alcen!!!!
Од: Atanasija
Датум: 19.12.2008 09:06:05
Овракањјето на Претседателот го слушав со внимание-и-се што кажа,секогаш го кажувал,но немало кој да го слуша.Само тие што не сакале да сфатат-и што не ја сфатија погубноста по РМ со предвремените избори,сега му префрлаат дека ,без малку тоа го преспал.А повикуваше од истава говорница да не се оди на предвремени избори,го смени и преговарачот зашто нешто не беше по ќефот на Грујоски. Бранко Црвенковски е политичар каков што не е Грујовски,или Боцевски,кој што знае за песни но не знае за Хамлет,кој од вчера,по милоста на г.Грујоски е политичар.А,ете г.Грујоски се најави за претседателски кандидат на идните избори.Би сакал г:Црвенковски да се кандидира,барем ке ни даде можност ние ,народот да кажеме да на неговата политика.Ако пак не ја сакаме таа политика,тогаш ке го избереме владиното ни црно-но бело за наша иднина.Владините подржуваци му префрлаат определеност за СДСМ.Не ке е точно-Б.Црвенковски е само социјалдемократ,а таа определеност е квалитет
Од: Илија
Датум: 19.12.2008 09:08:12
Најголемата грешка на Бранко Црвенковски е што на многу млади години се вклучи во највисоката политика и неминовно дозволи луѓето од ,,сенка“ да го злоупотребат и преку него да ја запустат државата. Бранко има природен талент за политичар, има неверојатна елоквенција, но заборава дека талентот без надоградба не дава резултати. Бранко не се надоградува, дури мислам дека и Англискиот јазик не го владее одлично, што би морал после толку години во политиката. Ако се развиваше постепено сега ќе беше навистина одличен политичар, но се занесе дека само со телент може да биде одличен. Затоа, сега местото на Бранко е да биде советник или амбасадор или најмногу пратеник, но никако и лидер на СДСМ или пак нешто друго во Извршната власт доколку некогаш победи СДСМ. Штета и за Бранко и за Македонија. Квалитетен консултант по менаџмент би советувал за лидерска позиција некој кој има и зрелост, но и карактер. Бранко ја пропушти приликата, а и Македонија со него.
Од: Sandra
Датум: 19.12.2008 09:23:14
Govorot na Pretsedatelot bese vsusnost, osvrt na nasata realnost. Tocno e deka sekoj sto ne misli kako vlasta e proglasen za drzaven neprijatel. Strasna presija i teror se vrsi po drzavnite firmi. Stasuvaat spisoci od partiskite stabovi na DPMNE, se vrabotuva koj stigne bez soodvetno obrazovanie... i se raboti na totalna "cistka" na site onie za koi postoi i najmal somnez deka se nakloneti kon opozicijata. Kamerite za nadzor po hodnicite se koristat za lociranje koj so kogo komunicira... stanuvame paranoicni.... Se soocuvame so direktni zakani po rabotnite mesta i sekojdnevna presija..... DIKTATURA!!! ama zatoa... "PATRIOTSKI FISKALNI SMETKI!!!?... xxxxxxxxx EURA na smetka ... pa posle toa ..... "SALILI SMO SE"? A parite? Toa ti e TAT DRZAVA, samo sto Sonja od Bitola ne e premierka
Од: Trajce tranziciski slucaj
Датум: 19.12.2008 09:28:06
Секоја чест на лицето Црвенковски, кој уште еднаш докажа дека, на нас колку и да не ни се допаѓа, тој е Државникот. А само се потврди дека со ВМРО-ДПМНЕ упавува ПР агенција, како доказ за ова мое тврдење се така наречените Пратеници од таа партија, кои како училишен хор верглаа една иста реченица. СРАМОТА, нека погледнат малку надвор од сенката на Премиерот ке видат дека не ништо розево. А сепак нам ни останува да го носиме товарот на вакво недозреано, полтронско парламентарно мнозинство. Ама нејсе се тече се се менува така и нам ке не огрее сонце, еден ден!!!
Од: ma-ri
Датум: 19.12.2008 09:31:59
koga predsedatel za posleden pat se obraka vo sobranieto i celata javnost treba da dade otcet za svojot uspeh(neuspeh) a ne pesimisticki prognozi za drzavata,Za nasite problemi vo pogolem del i toj e odgovoren so svoeto mangupsko diletansko kriminalno odnesuvane.Da ne se zaboravi! koga toj stana premier bese mlad (dete)zavrsen student bez den raboten staz i nikako nemoze da mu prosti na isto mladiot segasen Premier bidejki stana pogolem mangup od nego..Bidejki nie obicnite gragani ne vidovme nikakov kar od pr.samo aferi .atentati .oktopodi.nesreki i stecajci i sl.podobro e da si zamine vo istorijata a ne i ponataka da se zanimava so politika.Makedonija ke mu bide blagodarna !!!Boze daj im pamet i sila na idnite pol.za dobroto na ovoj narod!!!
Од: m
Датум: 19.12.2008 09:40:28
covek koj nisto pozitivno ne napravi vo svojata politicka kariera a donese bezrabotica i siromastija.dobro e sto ce si zamine naskoro
Од: Marija
Датум: 19.12.2008 09:44:45
Господинот Бранко Црвенкоски како премиер на нашата држава беше неуспешен, почнувајки од наместените извори, амнестијата на Прилепчаните кои што правеа нереди за време на изборите, па да завршиме со аболицијата за Зоран Заев. Нема право да зборува за лежарноста на владата, во врска со сведската криза од проста причина што и кога тој беше премиер се затворија сите фабрики и се замина под сумнителна приватизација, зошто тогаш не ја засили економијата, туку ги осттави сите на улица без работа? А што се однесува до влегувањето на Македонија во НАТО, нетреба ни да помислува да искоментира, зошто тие беа луѓето што 17 год. тапкаа во место и не преговараа.
Од: Трпе
Датум: 19.12.2008 09:48:06
ЕПП владата,господинот Рејтинг и дпмне-овците овој говор неможат да го сварат.Тие неможат да сватат дека со лажен патриотизам,незнаење или несакање,некои работи да се разберат и само навракање во историјата нема напред само ке има уништување на државата и заглавување на обичниот намачен македонски народ..Која им е целта ,само тие знаат а некои можда и незнат затоа .Се наогаме таму каде што сме.Времето ке каже но касно ке биде.
Од: Albanec od EU
Датум: 19.12.2008 09:48:56
Branko najposle smogna sili da go kaze javno ona sto sekoj go znae. Medjutoa, ni toj ne uspea ili ne sakashe do kraj da go objasni "kompromisot:" za imeto. Se prasuvam koga eden politicar javno ke priznae deka "makedonizmot" e izmislena kategorija, i deka KE MORA da se soocite so realnosta... Vo nekoi ekstremni slucaji, shok-terapijata e najefikasen lek...Inaku, preostanuva samo eutanazijata...
Од: meto
Датум: 19.12.2008 10:03:04
Повеке од очигледно е дека вмровскиот дивизион во отсуство на самокритичност наога изговор за својата промашена политика како на внатрешен така и на мегународен план.Говорот на претседателот треба да си го отпечатат и да го имаат како потребна литература за водење држава.Изкјавите на нивните високи челници сами по себе говорат дека се немокни да демонстрираат државнички код.Пилиштарци и самобендисани неможат да водат држава,а времето на ниеден политичар не е поминато.Македонците треба да сфатат дека мудроста во водењето на државата е и во искуството,а не во припадноста во „фамилијата„.Македонија е на ова дереџе само од лажните патриоти инволвирани во најпатриотската организација тнр ДПМНЕ.Најголемите злоупотреби се направени во нивно време.
Од: FILIP-mkd
Датум: 19.12.2008 10:08:35
Dobar e ovoj Branko sekoja cest koga ima uste takvi shto veruvaat vo negovite manipulacii.Za govorot shto go iskaza moram da kazam deka e maher za predavanje politika koja ne dovede do ovoj stepen .Ke ve potsetam deka vo vremeto dodeka bese premier se desi najgolemiot kriminal,go ukradoa narodot do gola koska ,go smeni imeto,znameto i uste 6 miljrdi dolari se izneseni od Makedonija ,pari shto se narodni.A sega uste gi ima takvi shto raka mu podavaat i go cenat kako golem politicar.Bravo za ovcite shto uste sakaat da bidat strizeni od Branko i kompanija.
Од: ginger
Датум: 19.12.2008 10:25:36
seto toa sto go zborese branko crvenkovski moze i ke go slusav i ke me stavese vo misla, no luge toa doaga od pretsedatel na drzava, i ne smee da si dozvoli takvo kockanje so sopstvenata drzava,oti neli bese drzhavnik. ionaka za nekoj mesec ke mozese da si dozvoli da pluka kako opozicioner po vlasta i vmro, no kako pretsedatel, NE SMEE! toj zborese kako opozicioner alchen za mok, a ne kako tatko na nacijata na koja iskreno i posakuva sekoe dobro i vo loso vreme. i znaete sto mi e najsmesno vo ova tragicnost od se? toa sto toj ,crvenkovski,mi zalikuva na sonja nikolovska -TAT, a site vie sto go falite negoviot govor na povtorno izmamenite naivni luge koi se silat samo na zborovi.
Од: gv
Датум: 19.12.2008 10:29:57
Sramota na site pratenici i del na vladata koj ne prisustvuvaat na sednicata vo koj se obrati presedatelot Branko a gi trosat nasite pari pari od namaceniot narod na RM.Neka se ogleduvaat na drugi parlamenti koka se obraca presedatel na drzava uste ednas golama SRAMOTA na site.
Од: Niko
Датум: 19.12.2008 10:31:45
Abe smotani Zaev ne dosol Zaev ne dosol abe tapoglavi stvorenja Zaev nee preatenik pa da dojde u sobranie na RM za da go slusa govorot na pretsedatelotr. I ovaa ako ne go objavite ne pisuvam poveke komentari i vie cenzurirate nepotrebno znaci nitu eden komentar dosega ne mi e objaven . Fala
Од: Igor
Датум: 19.12.2008 10:33:10
Licnosta B.C. moze da prognozira samo licen poraz, a toa neznaci deka toa e sostojbata i vo drzavata... Kade i da izlezese nadvor od zemjava samo ja plukase Makedonija... SRAMOTA ODI SI
Од: eli
Датум: 19.12.2008 10:53:15
Stvarno ovoj Branko se zafrkava so nas ili . kolku godini sdsm bese na vlast on e i seuste pretsedatel pa sto ne naravi nesto za ovaa drzava .Tuku sega ni raskazuva vo kakva situacia sme te molime postedine od tvoite gluposti.Demkratia nemame niti sme imale zatoa sto sme imale ili imame komunisti na vlast.Ne deka vmro e nesto poarna od vas i tie se isti edinstven covek sto probuva nesto da napravi e Grujo ama ke vidime do koga
Од: 0128
Датум: 19.12.2008 10:59:53
Се обраќа претседател на држава а премиерот го нема, па кој кого не почитува? Премиерот никогаш нема да биде она што е претседателот Црвенковски, умот си го имаш а не да го купуваш.
Од: Алекс
Датум: 19.12.2008 11:11:58
Nie sme mal narod so golem patriotizam! Toa me raduva. Vo vakvo tesko vreme redno e da se obedinime odkolku da se obvinuvame eden so drug! Predsedatelot si ja svrsi rabotata kolku sto moze. Samo se nadevam za podobra idnina vo Makedonija.Kako Makedonija druga nema i kako makedoncite narod drug nema i nema da ima!Vi blagodaram!
Од: t24
Датум: 19.12.2008 11:21:07
najgolemiot poraz Branko Crvenkoski i go dade na Makedonija so prifacanjeto na referencata FYROM-i kriminalnata privatizacija vo 1994 godina
Од: zelezara
Датум: 19.12.2008 11:37:53
Sto e vmro-OVCI .?Ve boli vistinata ,sakale ili nekele da priznaete toa e realnata slika na sostojbata vo Makedonija.Kazete eden segment od izlaganjeto na precedatelot sto nebese tocen?E pa nema gospoda vmro-OVCI se bese tocno od A do SH so argumenti obrazlozeno od precedatelot.Samo skokajte kako popareni ke vi dojde krajot a togas perduvi ke letaat
Од: sirma
Датум: 19.12.2008 11:38:45
Fala bogu sto bese posledno obrakjanje . Tolku zeleni istrese sto i magareto ne gi pasi.
Од: marina, eu
Датум: 19.12.2008 11:52:05
Alo kakva demokratija, kapitalizmot propagja, ovoj doprva bara demokratija. Kasnis Branko. A i sega so krizava Makedonija i da se otepa, nema da ima prosiruvanje. EU se pesimisti za idninata ovaa kriza nikoj ne znae do koga ke trae, tek pocna. Od postoenjeto na EU nikogas vladata ne dala pomos na nekoja kompanija. Zalis za ispusteniot voz, za koj Makedonija nikogas nemala bilet, samo go znaela kade e salterot, blokiran od Grcija, Albancite vo Makedonija, korupcijata sto se namesti i zavladeja vo vremeto na SDSM, Kosovo i red drugi baranja od bogatite drzavi. Zalam i jas za tebe sto ne vleze vo EU bogatiot klub na bogati predsedateli.
Од: kire
Датум: 19.12.2008 12:01:52
branko e kriv i za toa sto na gruevski mu izbega prvata zena
Од: zabegan2
Датум: 19.12.2008 12:19:52
Aman odi si vece ednash. Edno kazuvash drugo pravish. Amnestiraj uste nekoj kriminalec ako si ispustil, Predavniku.
Од: don kihot
Датум: 19.12.2008 12:35:37
Da donekade realno, no ostanuva prasanjeto kako Crvenkovski ja ocenuva negovata funkcija, i kakov pretsedatel bese toj.Odgovorot e nikakov, lezarno odrabotena funkcija, napisana samo na hartija, bez nimalku doblest i nacionalno lidersvo kako "tatko na nacijata", mesto toa toj ja odbra smesnata varijanta, na partiski podrzuvac i pomagac na negovata parija, jadno i bedno.Mozebi toj i poseduva nekojsi svoi politicki kvaliteti no vo svojot Pretsedatelski mandat toa toj ne go pokaza, Pretsedatel e nesto sosema drugo od partiski lider, toa trebase da go sogledate na vreme gospodine Crvenkovski, ako imate barem malku politicki talent.
Од: danska
Датум: 19.12.2008 12:38:29
ova e samo politicki marketing nee tocno naprotiv ovde mediite pisuvat po prv pat po 18godini vo mak ima demokratizacija,covekovi prava,Gruevski pravi se sto ce pobara bryxelles sto ne slucaj so branko koga bese na vlast,ovde pisuva za prv pat vo mak se otvarat azilni centri,za prv pat vo mak se otvarat mali zivealista za hendikepirani po urnek na eu,za prv pat se prosiruva zatvorot da ne spijat na pod pa duri i gradat bolnica vo zat vo idrizovo toa go nema ni ovde,se voveduva red so fiskalnite placanje t.e. kasata drzavna se polni po urnek na zapad t.e. duri i zemjodelcite i pazardziite da placat danok sto mak ce ja dovede do stadnard na eu zatoa sto so polna kasa ce ima pari za site,za prv pat se stavi precka na urbanata mafija so imotni listovi i kompjuterizacija na istite,na korupvija grujo i objavi vonja,site ovie raboti branko ne ni pomisuvase da gi sredi a mak ima polna poddrska od eu za eu,duri i da se zamrznat pregovorite so grc mak prodolzuva so pregovori so eu.
Од: igorce
Датум: 19.12.2008 12:52:35
Govor pred se sto ja otslikuva realnosra vo republika Makedonija.
Од: sale do sandri nikovci i sl.
Датум: 19.12.2008 12:53:00
Nastavnickata po makedonski ke kaze deka ja utnal temata.Treba da zboruva za svojata rabota a ne da pluka i kritikuva. Za zaev toj kako lider (ili grejac na fotelja) na partija treba da dojde i da go slusa. A se loso sto i se sluci na ovaa drzava: kriminalna privatizacija, oktopod, prodavawa na zemjata vo 4 oci TATi sl. e povrzano so nego. A vie pak slusajte go i zemete si go doma ako vi e dobar
Од: Виктор
Датум: 19.12.2008 12:53:21
Во Македонија нема демократија поради сите нас. Граѓани, селани, новинари, професори, земјоделци, работнци..Сите ние треба да се бориме за демократијата, а не да ја чекаме да ни дојде. Без демократија, немаме никакви шанси да имаме држава. Нервите на Европа за нас и се при крај.
Од: Antonio
Датум: 19.12.2008 13:04:04
Pretsedatele,sekoja cest za realniot,objektivniot i pred se zreliot govor na vaseto za zal posledno obrakjanje vo taa uloga.Koj ve svatil ve svatil,a koj ne ve svatil ima golem problem.
Од: Dl
Датум: 19.12.2008 13:07:56
Ako nema demokratija vo Makedonija, togas kako postana Crvenkovski pretsedatel na Makedonija. Najverovatno i toj e del od taa "ne-demokratska" vlada. Vreme e da si odi. Ne ni treba predavnici koji javno se predavaat. Neka zeme primer od stranstvo kade sto retko nekoj pretsedatel da zboruva tolku negativno protiv svojata drzava. Bush, Blair, Putin , Karamanlis kazete mi koj javno ja proglasuva nivnata drzava kako nedemokratska. Nikoj osven nasiot cesen predavnik - Crvenkovski.
Од: kate
Датум: 19.12.2008 13:19:26
strasna izjava kakva i da e sostojbata vo Makedonija samo Makedonec moze vakva apokalipticna izjava da da dade,politicrite treba da imaat vizija za razvoj za uspeh namesto toa samo cinicni izjavi i prepukuvanja e zatoa sme tamo kade sto sme
Од: FILIP TRETI MAKEDONSKI
Датум: 19.12.2008 13:34:10
Osven (pro)vladiniot VECER, site ostanati mediumi se antivladini, potocno ja poddrzuvaat opstrukcijata na sds"m" i Crvenkovski. Tuzbata do MSP vo Hag nema da donese politicka pobeda i clenstvo na Makedonija vo NATO i EU no e mnogu korisen drzavnicki poteg. OON se pridodade vo kriminalnite aktivnosti i nasilstvo na bukacite predvodeni od sds"m" i Crvenkovski za bezobziren i bezumen vlez vo NATO i EU bez ogled na cenata i uste poveke bez ogled na zanemarenite i zakoceni reformi od kodosite koi namesto lustracija sega kodosat na angro i na megunarodno nivo. Obidot, porazot na bukacite i kodosi od sds"m" na celo so Lucifer Crvenkovski da go generaliziraat kako makedonski nema da uspee. Makedonija veke e izlezena od nivnata gnasna prikazna koja spored gligorov znaci deka Makedonija mora da bide porazena a zapadot zaedno so Grcija da pobedi. Kompromisot BJRM e garanc Makedonija ne mora da izgubi a Kiro Gligorov ke bide specijalniot obvinet za huskacka i subverzivna aktivnost protiv Makedoni
Од: JAS
Датум: 19.12.2008 14:21:11
Bravo Pretsedatele, i so srekja sto god da rabotite po zaminuvanjeto od ovaa funkcija. A VIE "patrioti" makedoncinja od nadvor, uste ne naucivte da pisuvate i da zboruvate a ke plukate po koj stignete, samo gruevski vi e dobar neli. BAS VE ZABOLE vas tamu gore neli?! vo niedna drzava vo svet partija na vlast ne raspisuva izbori osven vasiot gruevski, i toa koga trebase da se odlucuva i za EU i za NATO. Gospod neka ni e na pomoz, ZA ZAL nema da ne bide za nekoja godina.
Од: gogs
Датум: 19.12.2008 14:33:42
E konecno se doceka poslednoto filozovsko obrakanje na B C.Ja unisti Makedonija celi 17 god i sega pepel vo oci pak frla demek ke se vraka za remier,malo sutra,procitan e odamna od Makedonskiot narod koj go ostavi vo beda i siromastija,Daj neka dade nekoj predlog kako da se podobri sostojbata a ne so lagi i nevistini samo da pluka vo se i sesto osven vo negovata SDSBJRM.Dosta e ti pomina vremeto,toa site go znaat,Zavrsi negovata bedna kariera,konecnooooooooooo
Од: Aman bre nepismeni vmroovci
Датум: 19.12.2008 15:08:20
Za nepismenite vmrovci:Koj Zaev go barate vo Parlamentot be sapsali!Zaev ne e pratenik!!!Zaev e gradonacalnik na Strumica,najuspesniot dosega.Vo parlamentot se vleguva so pokana,a pokanite gi ispraka vmroovskiot pretsedatel,eden od najnepismenite i najkutuk lugje vo istorijata na Makedonskoto sobranie
Од: acko
Датум: 19.12.2008 16:45:59
Realnosta e najbolna za nas obidnite gragani.Kolaps vo ekonomijata ,dvacija na vrata,raznisana pozicija vo evropa za Makedonija.Onie kvaziekonomisti od vladata, me interesira od koe patriotsko glediste ke ja opravdaat ovaa ekonomska katastrofa sto ni sledi.Megutoa vo sekoj slucaj mislam deka so nacinot na praktikuvanje na vlasta go potcenuvaat demokratskiot kapacitet na makedonskiot graganin,sto sigurno ke im se skrsi od glava porano ili podocna.Zaradi toa mislam deka viduvanjeto na presedatelot e realno.
Од: Makedonka
Датум: 19.12.2008 17:09:47
Branko ja kaza vistinata se soglasuvam so nego.
Од: Dolno Vodno
Датум: 19.12.2008 17:42:45
Citajki gi komentarive na moiter sogragjani, svakjam deka golem del od narodov sme se prevarile vo dobroto mislenje kon nasitot "miroljubiv" narod. So vakvo nerazbiranje na izlaganjeto na Pretsedatelot Crvenkovski, so vakvo nekulturfno odnesuvanje koe poveke licese na pangjur na zivotni vo salata na prlamentot, i od pratenicite i od vrvnite licnosti na Vladata, ne zasluzuvame da izlezeme od ovaa dupka kade ne vnese "najpatriotskata partija" na vlast !Ako imame malku sovest i memorija, ke mu se izvbinime na Pretsedatelot Cevenkovski , zatoa sto nisto ne storivmle za da go pomogneme vo periodot na odgovornata rabota, niz koja ne vodese so klasa, nemu svojstvena ! Ke dojde den koga ke go barame "so borince". A do togaj , ke imame samo "hod po mukame" !
Од: K.J.
Датум: 19.12.2008 18:59:43
Pretsedatele Branko....Vaseto obrakanje dolikuvase kako obrakanje na pretsedatel na samo edna partija.So pomos na vasite ostri kritiki upateni kon Vladata na R.M. samo javno ja zapocnavte vasata izborna kampanja.Za nasa sreka ovie vasi obrakanja se posledni i srekni sme sto se nablizuva zboguvanjeto so funkcijata pretsedatel na R.M.

Најди! во Утрински
Насловна
Зденко
Патриотска оставка за патриотскиот гаф
Бунт во Кочани поради исклучена струја
Претходен број
Дрско враќање на „пинкпантерите“
Вербатим
Бруто платата ќе го скрати здравствениот фонд за 326 милиони евра
Кој ќе ja плати патриотската грешка?
Фризерката од ТАТ
Хрватска во македонска кожа
Градот не дозволува споменик на плоштадот, државата ќе тужи!
Најтешкото допрва доаѓа
Моќници и поданици
Бирото за лекови, сепак, одлучи да го повлече зелениот рецепт