Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Дрско враќање на „пинкпантерите“

Последната голема кражба на дијаманти во Париз најверојатно е дело на мрежа на луѓе од поранешна Југославија

ПАРИЗ - Нивниот тајминг беше беспрекорен, како суперпрецизен луксузен часовник, чие име значи виор.

Oткако крадците на дијаманти маскирани со женски перики и лелеави шамии исчезнаа, полициските детективи од неколку континенти ја разгледуваа трагата од повеќе од 100 милиони евра во накит што беше украден во последниве четири години и се прашуваа дали таканаречените „пинкпантери“ повторно нападнаа.

Виорот почна речиси пред затворање, омилен момент на крадците на дијаманти да нападнат. Кога дојде тој момент, четворицата мажи - тројца облечени како жени со долги руси перики, очила за сонце и шалови - застанаа пред интерфонот и срамежливо побараа да влезат во луксузната продавница за накит „Хари Винстон“ на авенијата „Монтењ“ во Париз. Тоа се случи во студена вечер во златниот триаголник на продавници, меѓу кои се „Диор“, „Шанел“ и „Гучи“, живописни фасади и дрвја осветлени со божикни светилки.

Откако беа пуштени внатре, лицата внесоа мал куфер на тркала меѓу замолчените лица. Потоа тие извадија рачна граната и „магнум 357“. Додека парижаните несвесни за случувањата минуваа покрај вратата од ковано железо, ограбувачите ги уништуваа излозите, издаваа наредби и споменуваа по име некои од вработените во „Хари Винстон“. Тие зборуваа на француски со силен словенски акцент. Немаше време за да реагираат полицајците од блиската полициска станица во луксузната област. За помалку од петнаесетина минути крадците на накит заминаа, во предвечерието го напуштија местото со автомобилот што ги чекаше и со вреќа полна смарагди, рубини и големи дијаманти со големина на јајца од мали птици - во вредност од повеќе од 80 милиони евра.

Ограбувачите можеби не беа љубезни филмски крадци на накит со шарм на Дејвид Нивен - или сер Чарлс Литон, грациозниот фантомски бандит од оригиналниот филм за Пинк Пантер - но нивното прецизно планирање, брзата егзекуција и креативниот стил за кратко време предизвикаа шпекулации дека кражбата во „Хари Винстон“ беше дело на лабава глобална мрежа на поранешни војници искалени во војни и нивни роднини од поранешна Југославија.

Иследниците, восхитувајќи се на генијалноста на бандата, ја нарекоа оваа неверојатна мрежа „Пинк Пантер“. Паралелите меѓу филмот и реалноста можеби најдобро се претставени во чудниот акцент и зборовите што ги користеше инспекторот Клузо од оригиналниот филм од 1963 година. „На чуден начин“, рече тој за својот непобедлив противник - фантомскиот бандит, „јас му се восхитувам, бидејќи има уникатен талент за драматика“.


Кражбата во Дубаи 2007

„Пинкпантерите“ - повеќето од сериозните потерници на Интерпол покажуваат дека доаѓаат од градот Ниш во јужниот дел на Србија - сноваат по светските луксузни метрополи барем од 2003 година, во извиднички мисии за големите дијаманти што би можеле, во терминологијата на специјалистите за безбедност на луксузна стока, да бидат наречени „лесни цели“.

Адвокатите на одбраната на некои од ограбувачите кои беа уапсени инсистираат на тоа дека членството во „Пинк Пантер“ е изум на криминалистичките служби за спроведување на редот кои сакаат драма. Меѓутоа, иследниците посочуваат дека станува збор за околу 200 членови во групата, поврзани по место на живеење и крв, и дека „пинкпантерите“ украдоа накит вреден повеќе од 130 милиони долари во дрски грабежи во Дубаи, Швајцарија, Јапонија, Франција, Германија, Луксембург, Шпанија и Монако.

Членовите на групата живеат низ цела Европа, некои се вработени и како хигиеничари во болница, и чекаат да бидат повикани за следниот лет во странска метропола, откриваат иследниците. И раководството на групата е лабаво и без одредена структура. Кога ќе се најдат во тесно, тие жестоко одговараат; еден член на „Пинк Пантер“ побегна од француски затвор во 2005 година, со симнување по скали, додека неговите пријатели ја изрешетаа стражарската кула на затворот со автоматско оружје.

Во Париз иследниците ги разгледуваат сите можности - вклучувајќи го и буквално враќањето на „пинкпантерите“. „Секако, постои хипотеза дека станува збор за ’пинкпантерите‘, меѓутоа во оваа фаза на истрагата не можеме со сигурност да кажеме дека тоа се тие“, изјави Изабел Монтањ, портпаролка на канцеларијата на Обвинителството во Париз. Тоа беше втор голем грабеж во минатата година. „Отворени сме за сите теории“, рече таа. Регулаторите на ризикот и синдикатите поврзани со „Лојдс“ од Лондон - осигурителната компанија на „Хари Винстон“ која, исто така, има претставник што има споредна улога во оригиналниот филм за Пинк Пантер - ги негуваат истите сомневања. Тие објавија стратегиски доверливи реклами низ светот, вклучувајќи ја и поранешна Југославија, за да соопштат дека е распишана награда од еден милион долари за информација што би можела да доведе до пронаоѓање на дијамантите од „Хари Винстон“.

Франција веќе е дом - ако мала затворска ќелија може да се нарече дом - на двајца Срби кои од страна на Обвинителството се сметаат дека се поранешни членови на „Пинк Пантер“, кои се обвинети за кражбите на накит во вредност поголема од 7,5 милиони евра од елегантни француски продавници во градовите Сен Тропе и Кан на ривиерата и атлантското одморалиште Бијариц.


Безбедносните камери ги забележаа деталите од кражбaтa во Токио во 2004

Само еден ден пред грабежот во „Хари Винстон“, овие две лица - Бобан Стојковиќ и Горан Дражиќ - беа осудени на шест и десет години затвор. Драган Микиќ, лице идентификувано како лидер на групата кое избега од затвор во нападот со огнено оружје, беше осуден во отсуство на 15 години затвор. „Речиси сите тие се интелигентни“, забележа обвинителот Жилбер Лафаје за нивните пресуди. „Меѓутоа, зошто со таква интелигенција тие тргнаа по патот на заработка на лесни пари?“

Фактот дека одличната остроумност, храброст и брзина се белези на грабежите на групата ги доведе иследниците да шпекулираат дека „пинкпантерите“ преземаат идеи од филмските крадци - се' до криењето на синиот дијамант во вредност од 500.000 долари во кутија за крем за лице, измама употребена во „Враќањето на Пинк Пантер“. Во споредба со другите грабежи за кои се обвинува бандата, грабежот на „Хари Винстон“, и ��окрај насилството - некои од вработените беа удрени по глава - беше речиси едвај забележителен.

Во заливскиот емират Дубаи, маскирани членови на бандата минатата година со два луксузни автомобила „ауди“ влетале во продавницата за накит „Граф“ во отмениот трговски центар „Вафи сити“. Тие украдоа дијаманти во вредност од 3,4 милиони долари и потоа си заминале со истите автомобили - во грабеж изведен сред бел ден што стана класика на „Јутјуб“ што ја видоа повеќе од 200.000 посетители. Подоцна тие ги запалија автомобилите за да ги уништат трагите.

На добро облечените „пинкпантери“ им беа потребни помалку од три минути да ја нападнат продавницата „Граф“ во токиската област со продавници за накит „Гинза“ во 2004 година и да ги наполнат куферите со ретки жолти дијаманти и друг плен. И оваа дрска акција беше снимена на видео. Пленот: 125-каратниот ѓердан од 116 дијаманти познат како „Контесата од Вандом“, во вредност од околу 31,5 милиони долари, никогаш не беше пронајден. Некои осомничени подоцна беа уапсени и на крајот им се судеше во Србија, според договорот потпишан со Јапонија, но бидејќи и други случаи и' беа препишани на групата, крадците инсистираа на тоа дека не знаат каде е украдениот накит.

Во Лондон, ограбувачите за кои се верува дека се „пинкпантери“ минатата година излегоа од лимузина „бентли континентал“, управувана од возач, и влетаа во продавницата за накит во Мејфаер. Понекогаш тие ја усогласуваат својата бруталност со остроумноста. На пример, во Бијариц тие ја намачкаа клупата со свежа боја за да ги спречат пешаците да се одморат во близина на продавницата за накит што беше лесна цел. „Начинот секогаш е ист“, вели Оливие Жад, началник на полицијата во малото кнежество Монако. „Многу брзо, многу добро организирано со многу извршители и насилно. Криминалците во поголем број од случаите ги кршат излозите со чекани“.

Интерпол сега претседава, како што го нарекуваат, со проектот „Пинк Пантер“, за делење и координација на информациите околу бандата.

Меѓутоа, и покрај сета нивна храброст, крадците одвреме-навреме правеле ситни грешки. Во Дубаи иследниците извлекоа ДНК-доказ од изгорените најмени автомобили „ауди“ и пронајдоа број на мобилен телефон во договорот за најмување. Потоа тие ја изведоа пред суд Бојана Митиќ (27), по потекло од Ниш. Нејзиниот мобилен телефон ги доведе иследниците до останатите шестмина осомничени. Кога беа уапсени, некои од нив негираа се' - вклучувајќи ги и фотографиите од грабежот на продавница за накит - додека другите, како Бобан Стојковиќ, им открија други детали на иследниците. „Не барам ваше сожалување“, рече Стојковиќ кога му беше изречена пресудата, еден ден пред грабежот на „Хари Винстон“ во Париз. „Бидејќи знам дека морам да платам за овие кривични дела, меѓутоа оставете ми простор да го поправам мојот живот“.

Иако беше уапсен пред грабежот во Париз, Стојковиќ ги опиша начините на дејствување на својата банда што требаше да им помогне на иследниците. Тој обелодени дека неговата група внимателно ја набљудувала целта десет дена пред да го изврши нападот. Таквото внимателно набљудување најверојатно довело до тоа да се одлучи да се носат перики при грабежот на „Хари Винстон“: жени, дури и лажни, кои набрзина ќе минат покрај безбедносните камери би можеле да изгледаат понеопасни за уморните вработени. Тоа, исто така, би можело да открие како ограбувачите ги знаеле некои од имињата на вработените - други членови на групата најверојатно доволно пати ја посетиле продавницата и собрале информации за нивниот идентитет, откриваат властите.

Органите што го истражуваат грабежот што се случи на 4 декември, исто така, ќе го преиспитаат и оној на продавницата на истата авенија „Монтењ“ што се случи само пред една година, криминал за кој некои сега сметаат дека е апсурдно мал - украден е накит во вредност од 10 милиони евра. (Њујорк тајмс)


Статијата е прочитана 2216 пати.

Испрати коментар

Од: kamenko
Датум: 19.12.2008 09:32:12
Sto ti e balkanski kriminal znaci... Niz cel svet parce se pravi.. Samo ne mi e jasno kako moze celo vreme edni isti lugje da ograbuvaat i da ne gi fatat.. So vakvi golemi pari najubavo e ednash mavni i izgubi se da te nema.. Ama ocigledno ne im bile dosta..
Од: FANTOM
Датум: 19.12.2008 10:22:06
E ovie banditive imaat po tri fakulteti zavrseno.Znaci maheri se za pljacki po svetot.Treba nobelova nagrada da dobijat za kriminal.
Од: dimitar
Датум: 19.12.2008 11:51:23
Golema rabota, ukrale nekolku kamenja od Paris. A francija sto pravese i pravi po Afrika!? A!? Ke odgovara nekoj za toa? Grev e da krades, ama ic ne mi e zal deka olesnile nekoi bogatasi.
Од: nikola od pariz
Датум: 19.12.2008 12:15:56
ova so ping-panterite e vistina i e super izvedeno od nivna stran! Pink-panteri se vikaat zatoa sto spored eden grabez na nekon fampzen dijamant ilmenuvan pink-panter go dobile i tia samite toa ime! se nadevmam deka uste poveke vakvi krazbo ke ima, zatoa sto ekonomskata kriza toa go proizveduva! ne e cesno samo vo odredeni drzavi i odredeni bogatasai da imaat privilegoja! nastanavo se sluyci dosta odamna vo edna prodavnica vo pariz kade sto ima najdobri inajskoncentriran video kameri, pink-panterite im se obrakale po ime na ^prodavackite i se misli deka nejkoj od kaj niv samite gi oplackal :)))
Од: joko of STIP
Датум: 19.12.2008 13:23:50
sega se u florida i prodavat stanovi i rabotata kako brokeri mestat nevini luge i vrtat nekoja para a narodot strada rozavite se napredni
Од: ZAPADNA
Датум: 19.12.2008 13:28:20
Да не се од клептоманице Скопски-политичариве,што му знаеш од разонода......еден дилер и тоа од светски ранг ви е во Ск...и никој ништо не му може....
Од: sladj
Датум: 19.12.2008 17:48:21
Bravo majstori! ako navivav za Sharlize Theron, Pierce Brosnan, Shean Connery i Zeta Jones koga kradea po filmovi, nema pricina da ne navivam i za vas..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Зденко
Претходен број
Патриотска оставка за патриотскиот гаф
Бунт во Кочани поради исклучена струја
Според претседателот, кај нас нема демократија
Вербатим
Бруто платата ќе го скрати здравствениот фонд за 326 милиони евра
Кој ќе ja плати патриотската грешка?
Фризерката од ТАТ
Хрватска во македонска кожа
Градот не дозволува споменик на плоштадот, државата ќе тужи!
Најтешкото допрва доаѓа
Моќници и поданици
Бирото за лекови, сепак, одлучи да го повлече зелениот рецепт