Број 2866  петок, 19 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter

Мислења

Моќници и поданици

Љупчо Печијарески

Опиени од сопствената моќ, овој тип луѓе забораваат што е направено реално, губат контакт со стварноста

Егзистирајќи во овој хаотичен свет, составен од голем број индивидуи, со различни можности, потреби, цели и интереси, во кој многу поважно е да се има, отколку да се биде, човек мора да се праша: како воопшто е можен заедничкиот живот? Битката меѓу човекот - алтруист и човекот - хедонист станува се' понерамноправна. Вториот се' повеќе доминира над првиот. Современото општество се' помалку претставува заедница на разумни суштества - личности, кои низ процесот на социјализација, доброволно, прифаќајќи ги основните начела на моралното живеење, градат претпоставки за заеднички живот втемелен врз заемна доверба и респект за потребите на другиот. Тоа се' повеќе личи на збир од отуѓени поединци кои ги обединува само интересот и натпреварувачката логика на пазарот, со своите економски функции. Профитот, богатството и моќта стануваат доминантни вредносни ориентири на постојната, крајно утилитарна животна филозофија. Ова е свет во кој, дефинитивно, материјалните вредности доминираат над духовните. Свет што престанал да верува во хуманоста, праведноста, пријателството, чесноста, мудроста и достоинството. Свет кој алчноста го води кон самоуништување за, притоа, воопшто да не постои размисла за преиспитување на ирационалноста на основните постулати врз кои функционира: безобѕирната трка по богатство, статус, слава и моќ; потребата да се биде успешен по секоја цена; и желбата, во секоја прилика да се биде посупериорен од другите, независно од последиците и жртвите што треба да се принесат за да се оствари тоа.

Секако, овој свет, ова општество не е ничија творба. Конкретниот човек, сите ние сме негови творци. Имено, човековото општество е само манифесте�� облик на нужно генерирана егзистенцијална потреба, на едно со мисла бележано природно суштество, сопственото „јас“ да го одживее низ колективното „ние“. Соочен со неизвесноста на бесконечните космички параметри, свесен за сопствената минливост и осаменост, човекот на патот до самиот себе, до сопственото спознавање, го гради општествениот свет како единствен траен белег на своето постоење. Човековото општество, впрочем, е дејствувањето на луѓето, а животот во него е нешто што е составено од нивните акции. Во тој контекст, Џејмс Кули ќе каже дека „јас и општеството се близнаци“, при што „општеството е меѓубранување меѓу менталните јас“. И точно тука, во внатрешната структура на тие ментални „јас“ и нивните меѓусебни интеракции (бранувања), започнува тегобната приказна за човековата потреба самиот себе да се реализира низ имањето (поседувањето: богатство, моќ, власт, луѓе...). Немоќта да се доживее животот како можност за размена меѓу рамноправни индивидуи кои се самореализираат во сферата на креативното и творечкото, ја антиципира претпоставката дека само кога се владее и поседува може да се биде сигурен во сопствената успешност, односно може да се потврди сопствената личност.



Несомнено, оваа животна филозофија не е карактеристична за сите луѓе. Дури, може да се каже дека поголемиот дел од луѓето не ја практикуваат во нејзината радикална форма. Но, проблемот произлегува од фактот што оние кои го водат општеството и неговите институции, оние кои се на раководни позиции, во голема мера боледуваат од оваа болест. Станува збор за посебен ков луѓе. Тие се убедени дека се родени да бидат водачи, додека сите други треба послушно да ги исполнуваат нивните наредби, замисли и желби. Овој свет, според нив, постои само за да можат тие да ги остварат своите планови, визии и намери, односно да го задоволат сопственото его. Сосема накратко, нивни основни карактеристики се: авторитарност, самобеднисаност, користољубивост, бескруполозност... во чија основа, најчесто, стои длабока фрустрираност. Тоа се луѓе кои ги кријат своите комплекси, својата немоќ нормално да комуницираат со другите, без притоа да биде потенциран нивниот општествен статус, нивната професија и нивните функции, градејќи идеализирана слика за себе што, подоцна, со не мала доза на лукавост, сопствена или на своите поданици, ја промовираат како образец за работливост, чесност, омиленост, праведност и слично.

Своите цели кои, најчесто, ги претставуваат као цели од поширок интерес, ги остваруваат низ, повеќе или помалку, суптилно осмислени манипулации, користејќи ја моќта што произлегува од позицијата што ја заземаат, како инструмент за побезболна нивна реализација. Во секој случај, манипулацијата и моќта се нивните основни алатки со чија помош ја градат својата кариера. Притоа, често, свесно или несвесно, ги бришат границите меѓу остварливото и неостварливото. Опиени од сопствената моќ, овој тип луѓе забораваат што е направено реално, односно губат контакт со стварноста од аспект на она што вистински се случува и она што мислат тие дека се случува. Она што е најжалосно е фактот што тие не се најголемите виновници за таквата состојба. Се чини поголема вина сносат сите оние полтрони, превртливци, без’рбетници, ситни и крупни профитери, изгубени души кои, на овој или оној начин, ќаруваат, прифајќајќи ја улогата на филистри и корифеи на еден, до шизофреничност дисторзиран, манипулативен поглед на свет - свет на изгубени вредности.



Силата на лидерите, независно од нивото и видот на лидерство, произлегува од нивните поддржувачи, во чија основа е сибиотскиот карактер на дистрибуцијата на моќта која, покрај другото, се самообновува во мигот кога од неа профитираат и оние кои директно не ја поседуваат. Станува збор за претходно посочените поданици - апологети и приврзаници на „делото и ликот“ на водачот, кои имаат способност, во секоја ситуација, независно од цената што треба да се плати, да се приспособат, така што можат да ги менуваат своите ставови во зависност од потребите и се подготвени да ги жртвуваат своите идеали, убедувања, пријателства, доколку е потребно, само за да успеат во животот. Секако, за тоа ќе бидат соодветно наградени.

Овој тип личности се' помалку се грижат дали имаат вистински пријатели, искрени соработници, блиски луѓе со кои ќе можат да ги споделат тагата, болката или, пак, секојдневните животни радости. Луѓе со кои ќе си поприкажат за она што некогаш било и со кои, дури и молкома, ќе помуабетат за она што ги мачи, тишти, гризе, што ги прави несигурни, нервозни или разочарани. За нив е единствено важно да се дел од тимот - кланот што ја поседува моќта, а притоа, секако, најзначајно е да се биде што поблиску до лидерот. Припадноста во кланот и блискоста со лидерот ги прави да се чувствуваат сигурни, да мислат дека се безбедни, да веруваат дека се успешни. Од друга страна, лидерот ја црпи својата енергија токму од ваквиот однос на своите поданици, од нивната немоќ тие самостојно, без туторство, професионално и достоинствено да одговорат на предизвиците и проблемите што ги носи реалниот живот. Нивната сервилност, лицемерност, безусловна покорност и отсуство на објективност, зад кои најчесто стои нивната нестручност и страв од сопствената некомпетентност во однос на она што го работат, на лидерот му овозможува, со чувство на апсолутна супериорност и самодоверба да ги остварува своите „визионерски“ замисли и намери, односно да ги реализира личните желби. Задоволството е двострано. Кругот се затвора! Животот, во својата апсурдност, тече натаму.

(Авторот е универзитетски професор)


Статијата е прочитана 1410 пати.

Испрати коментар

Од: USA
Датум: 19.12.2008 00:24:10
Profesore so zadovolstvo gi citam vasite kolumni i gord sum sto bev vas student.Posebno mi e drago sto vo kolumnite ne spomnuvate ni ime, ni partija no sekoj citatel moze da gi prepoznae nasive moknici i podanici.Vie ste sreken covek bidejki ne pripagate na nitu edna partija i so cist obraz mozete da napisete eden vakov tekst.Pisuvajte i ponatamu za nas koi ne pripagame na nitu edna grupa na luge koi se posoceni vo tekstot bidejki samo nie i razbirame sto sakate da ni kazite.Onie drugite ni citaat nesto ,a ni mozat da go razberat.Ne e da mu se luti covek,tolku mu delil gospod no pocudno e sto voopsto ne se sramat od svojot prostotiluk i neznaenje.So nivnata arogancija i beskrupuloznost mozat da dojdat do materijalno bogatstvo no za zal duhovnata beda uste poveke im izleguva na videlina.
Од: Гордан
Датум: 19.12.2008 00:27:25
Професоре, независно од тоа колку темелно и длабоко ја анализираш човековата природа на можеш да ги направиш луѓето да бидат подобри. Светот од секогаш е поделен, а и понатамо че биде пиоделен на оние што се моќни и на оние кои ќе бидат во нивна служба. Затоа немој толку многу да се трудиш да го поправаш овој свет, Тој ќе се остане и понатака онаков како што е. А тебе ќе ти останат само добро напишаните текстови. Само толку и ништо повеќе. Со пишување светот не се менува.
Од: nikoj i nisto
Датум: 19.12.2008 06:59:15
Alal da vi e profesore,prodolzete samo taka da pisuvate.Oti ,se nadevam deka vo Makedonija ima seuste dovolno ne samo pismeni,ami i luge so socuvan rezon,za koi vredi da se borite ,ako ne mozete cel svet da go popravite. Pisuvajte ,ve molam,oti ne ima mnogu sto sakame da ve citame. A onie koi ne se soglasuvaat so vas,mozat slepo da go sledat onoj so kogo se identifikuvaat. Se sekavam gi imase mnogu i vo Srbija.I tie go obozavaa svojot firer,pardon vodac.........ama na kraj go pogrebaa kako pes,navecer.....itn.Da ne e zalno bi bilo smesno.
Од: Дане
Датум: 19.12.2008 08:26:33
Уште еден текст којшто треба да го прочитаат политичарите. Посевно оноие кои се на власт. Но најчесто тие тоа не го прават и си работат по свое. Жалосно е што не сакаат да ги гледаат работите онакви како што се , туку ги гледаат онака како што нив им одговара. Тоа не ја води Македонија на добро.
Од: Поранешен студент
Датум: 19.12.2008 09:13:22
Изминаа дваесетина години од кога бев Ваш студент, а вие професоре останавте истиот. Секогаш подготвен да се борите за подобар свет, критички настроен кон неправдатите и нечесното работење. На многу генерации студенти од Економскиот факултет - Прилеп ни останавта во најубави спомени и ни служите како пример како треба да се однесуваме во животот. Убаво е што решивте да пишувате колумни затоа што и друите можат нешто да научат, но и да видат какви професори има на овој факултет. Со надеж дека и понатаму ќе имаме можност да Ве читаме примете искрени поздрави и благодарност за она што го правевте и направивте за нас.
Од: Blagoja
Датум: 19.12.2008 09:20:38
Bravo, majstore.
Од: saso Germanija
Датум: 19.12.2008 10:46:32
Zatoa i 20 vek krvavese. Pobedi ideologijata na privatnoto,SVOJCKOTO. Toa e taka narecenata demokratija so milijarderi i na druga strana gladni. Ako poveke se analizira vasiot tekst ke mora da se napise edna debela kniga za ideologijata na Zapad na celo so Amerika. Kaj nas pak po padot na komunizmot, sprema pisuvanjata 90 na sto od poranoto socijalisticko stopanstvo padna vo racete na bivsite komunisti i nivnite simpatizeri.Vo Germanija pametite deka go gonea Helmut Kol koj bese 18 godini na vlast deka zataskal milioni vo korist na negovata partija.Eto toa e "demokratija".
Од: Martin
Датум: 19.12.2008 12:49:51
Уште еден извонредно добар текст од Професорот.Бравос...само напред.Текстот е напишан на многу суптилен начин и доста паметно и интелигетно затоа што секој што ке го прочита овој текст многу лесно ке разбере за што се работи и на која категорија на луѓе му е упатен, а богами и тие самите иако многу не разбираат овој пат ке се препознаат во тесктот.
Од: ma-ri
Датум: 19.12.2008 12:57:17
Za vakov tekst vredi da se cita utinski vesnik.Golema blagodarnost kon Profesorot!.koga samo eden citatel e zadovolen e USPEH a veruvajte ne ima mnogu, bidejki seuste ima luge koi veruvaat vo vistinskite vrednosti za coveckoto ziveene.Prodolzete so zadovolstvo ke bitete citani!
Од: Jan
Датум: 19.12.2008 14:24:30
Ја немам таа чест да Ве познавам,но драго ми е што имаме луѓе како Вас. Што се однесува на текстот,таа болест е наречена мегаломанија,а за жал,кај нас очигледно е во пораст.Но сепак има и паметни луѓе,а овие мегаломаниве секогаш лошо завршуваат,докажано низ историјата. Поздрав
Од: zagrizen makedonec
Датум: 19.12.2008 16:13:49
iako vo tekstov generalno se otslikuva sostojbata posiroko vo svetot sepak mislam deka glavna inspiracija na avtorot mu bil likot i deloto na "KOLJO PRERODBENIKOT" p.s. za pripadnicite(podanicite) na aktuelnata vlast ,da kazam deka nesum pripadnik na nitu edna partija

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Дрско враќање на „пинкпантерите“
Зденко
Претходен број
Патриотска оставка за патриотскиот гаф
Бунт во Кочани поради исклучена струја
Според претседателот, кај нас нема демократија
Вербатим
Бруто платата ќе го скрати здравствениот фонд за 326 милиони евра
Кој ќе ja плати патриотската грешка?
Фризерката од ТАТ
Хрватска во македонска кожа
Градот не дозволува споменик на плоштадот, државата ќе тужи!
Најтешкото допрва доаѓа
Бирото за лекови, сепак, одлучи да го повлече зелениот рецепт