Сите луди за синхронизација - близначките се како сирени
Синхронизиараното пливање никогаш не било посебно атрактивно за широките маси. Се' до појавата на бразилските убавици, близначките Ферес. На СП во Рим тие ги освоија срцата на илјадници навивачи, а италијанските медиуми ги прогласија за мисици на СП. Биа и Франка Ферес (21) во својата татковина толку се популарни што МТВ ги ангажираше како водителки, а глумат и во популарна сапуница. „Веќе немаме толку време за тренинг“, се пожали неодамна Биа. Поради тоа и не се многу синхронизирани како што треба - бразилските сирени беа дури осми. Но според убавината апсолутно се број еден. |