Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Коментар

Македонска фудбалска клупска беда

Сашко Ѓ. Димовски

Работнички му даде вештачко дишење на мак-фудбалот и за момент го исклучи од апарати по катастрофата на Милано, „шампионската“ екскурзија на Македонија Ѓорче Петров и експресната елиминација на Ренова. Иако загуби, прволигашот од Џепчиште, сепак, достојно се прости со Европа што не беше случај со „миланезите“ и ѓорчепетровци.

И како што е ред по секој спортски неуспех да се даваат коментари така беше и овојпат, но ништо поразлично од претходните. Па, повторно бевме „почестени“ со веќе изнаслушаните причини за пораз што веројатно минуваат само кај нас, кои се веќе излитени, демоде. Се пуштаат во етер како музичко или филмско ДВД. Разлика нема. Сите се како јајце на јаце. Како причини за слабите партии, лошите резултати и неможноста да се мине една фудбалска пречка во Европа се наведуваат буџетот на противникот, потоа фактот дека првенството кај нас не е почнато кога УЕФА ги организира квалификациските рунди за европските купови, топлото време, искуството, традицијата, инфраструктурата. Но, во четвртокот следеше демант за сите наши фудбалски работници кои на разноразни начини се обидуваат да го исперат срамот и да најдат алиби за сопствената работа.

Првиот демант стигна од Никшиќ каде на стадионот „Крај Бистрица“ падна големиот и богат состав на Анортозис од Кипар, земја во која фудбалот и вложувањата се во страшен подем. Елиминацијата што спаѓа во рангот на првокласна сензација ја направи малиот и сиромашен црногорски прволигаш од Будва, тимот на Петровац, во неговото деби во Европа. Нашиот најтрофеен клуб Вардар беше рутина за истиот тој Анортозис пред две години. Но, Кипраните овојпат наидоа на лав крај Јадранот. Среќно или не, сепак, Петровац мина во третото коло. Втор демант за нашите екипи е Севојно, до лани член на втората ��ига на Србија. Финалистот во српскиот куп го елиминира литвански Каунас благодарение на ремито со голови на гости (во Белград беше 0:0, во Каунас 1:1).

Третиот дојде од Азербејџан. Исто така малиот Карабак го доби двомечот со големиот Розенборг и се пласира во третата рунда за Лига Европа.

Слави и Сараево. И тамошната јавност имаш причина за задоволство. Широки Брег испадна, но не и Сараево и Славија. Сараево ја елиминира Трнава на гости, Славија, пак, го отстрани дански Алборг од вториот по ранг европски фудбалски куп на стариот континент.

Па, сега треба да анализираме дали црногорската лига е подобра од кипарска, српската од литванската, азербејџанската или босанско-херцеговската од данската. Или пак, треба да правиме споредба меѓу буџетите на Славија и Алборг, меѓу оној на Петровац и Анортозис, меѓу оној на Карабак и Розенборг.

Споредби не се потребни. Тие служат само за задоволување на егото на поединците и моментно прикривање на слабостите, фудбалските фрустрации остануваат. Затоа апелираме до Европската фудбалска федерација да им дозволи на нашите екипи да се приклучат во европските купови во септември за да се избегнат летните горештини бидејќи по свежо време го имаме фудбалот во малиот прст, можни противници на македонските екипи да бидат само клубови со годишен буџет од 100.000 евра, по можност во противничките екипи да има најмногу двајца странци, а клубот да има само едно помошно игралиште. За да бидеме рамноправни оти вака не е фер. Па, нели фер-плејот во сите сегменти е една од кампањите на УЕФА.


Статијата е прочитана 495 пати.

Испрати коментар

Од: Игор
Датум: 25.07.2009 00:23:06
Треба на сите да им биде јасно, дека само силен Вардар може успешно да не претставува во Европа. Без силен Вардар, нема успех. Погледнете како не избрукаа оваа година Милано и Македонија ЃП. Срамота.
Од: analiticar
Датум: 25.07.2009 00:51:51
na vardar vremeto odamna mu mina...:)))) svatete veke ednas deka ne sme fudbalska nacija.
Од: ZLaTKO
Датум: 25.07.2009 01:29:16
Abe so ovaj pamet sto go imame i 2to kolo ni e premnogu, ke zemam samo eden primer koga gostuvase Dinamo Minsk nozete im se otsekoa nebare so Barselona igrame i normalno deka ke ne pominat .pa neznam vo kakov podem bil Beloruskiot fudbal bre bre , vidovme vo slednoto kolo kako gi demolira eden Tromso so 4-1.
Од: Nikola
Датум: 25.07.2009 03:19:04
Kakov Vardar ,sto zboruvate ,da ne go sonuvate nestoto sto sakate da bide. Taka nesto mi izgleda od komentarot na IGOR .Vardar nitu bil nitu pak ke bide klub za respektiranje.Toj e i kako rekata na koja sto go nosi imeto,toj e sekogas maten,vo koj sto ima mnogu gjubre i valkani raboti.
Од: VARDAREC
Датум: 25.07.2009 11:47:36
A be nikola VARDAR E SVETOST.Vo pravo e Igor bez silen VARDAR nema nisto od Makedonskiot Fudbal.Koj ke ja pretstavuva Makedonija vo Evropa Makedonija G.P ili Milano koj gubi 12:2.EDEN E VARDAR
Од: perco
Датум: 25.07.2009 15:36:04
vardar nitu bil, nitu ke bide nekoe poznato fudbalsko ime,vo bivsa ju igral vo prva liga i ispagal od taa liga na sekoja vtora godina,vo kriza se i fudbalski giganti za ovie prostori kako crvena zvezda pa sepak sekoja godina vadat po nekolku mladi igraci koi gi prodavaat za golemi pari vo goolemite ligi.Pa pelister i belasica imaat poveke igraci izvadeno do vardar toa e fakt
Од: tome sad
Датум: 26.07.2009 00:49:51
Da znete VARDAR bese jak dodeka zemase pari od cela Makedonija i gi unistuvase drugite klubovi kako sto napravi mnogu odamna so TETEKS koj vleze vo prvata liga a Vardar izvadi nekakvi zolti kartoni za kup natprevar protiv TETEKS za da nevleze i ne gi deli parite so drug .Sega toa veke nema i vardar e nisto ili toa sto e sega.
Од: Ultras Skopje
Датум: 26.07.2009 02:42:08
Provincijalci,kompleksasi nevideni ste ... Patete u toa selata i kopajte nivi,ne se zamarajte za Vardar ... 6 tituli sampionski i 6 tituli kup ... S.F. za vas,nepobiten fakt ...

Најди! во Утрински
Спорт
Контадор во фотофинишот ја доби 18. етапа
Сите луди за синхронизација - близначките се како сирени
Работнички обезбеди двомеч со Одензе
Срамен пораз на Милано во Копривница
Гечевски ќе го нема ни на Златибор
Фудбалски вести
Леброн Џејмс- Во средно училиште бев кретен
Вилнев можеби повторно во Ф1, Вебер го продолжи договорот
Федерер доби близначки