Леброн Џејмс: Во средно училиште бев кретен
Кошаркарот на Кливленд признава дека во младоста неуспешно го поднесувал товарот на славата
Леброн Џејмс американските медиуми го открија кога имаше 17 години и тогаш за прв пат се појави на насловната страница на популарниот магазин Sports Illustrated.
„Во тоа време нашиот школски тим се претвори во друштво на надуени идиоти, а јас бев на чело на тоа друштво. Сами бевме виновни за тоа, но ниту постарите не ни помагаа да излеземе од таа состојба, туку не доживуваа како битија од понизок вид и речиси уживаа во нашата автодеструкција“. Кога се објавува некоја автобриографија, а на Џејмс треба да доживее промоција во август, секогаш се исфрлаат некои впечатливи детали.
„Бев арогантен, сам себе си велев дека сум посебен. Гледано од денешна перспектива јасно ми е дека требаше да молчам, но бев адолесцент кому во еден момент му приоѓаа можеби сите светски новинари“. Џејмс признава дека за време на едно гостување со соиграчот побегнал од хотелот и пушел марихуана, а му пречи и една дволична приказна од тоа време.
„Мајка ми со која живеев во сиромаштво, виде дека набргу ќе бидеме богати и зема кредит за да ми купи автомобил од 50.000 долари. Дали за тинејџер возило со три телевизори е премногу? Се разбира дека е! Но, пред училиштето богатите ученици паркираа далеку поскапи автомобили и тоа никој јавно не го анализираше никогаш“.
Леброн Џејмс критички се осврна и кон претседателот на управата на средното училиште кој го суспендирал затоа што еден ден облекол маица која ја добил од друго училиште. Од истата персона бил наречен корумпиран идиот и редкул, но по судски пат Џејмс се изборил за враќање на предавањата.
Џејмс вели дека тоа искуство дополнително го зближило со пријателите и соиграчите и дека по тоа „се спуштил на земја���. Пронајде друг начин да ја изгради својата карма, и од тоа што е денеска видливо, се чини дека во голема мерка успеал да ја смири суетата и да се претвори во ретко нормална мега ѕвезда.
Автобиографијата на Леброн Џејмс се однесува исклучиво на средношколското патешествие на ѕвездата на Кливленд. Нешто треба да се сочува и за идните изданија. |