Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Гечевски ќе го нема ни на Златибор

Центарот на Македонија денеска нема да патува бидејќи се' уште ги решава проблемите со Задар

Наум Котевски

Македонската кошаркарска репрезентација по вчерашните последни два тренинга во Скопје денеска треба да отпатува за Златибор, каде што ќе ги полни белите дробови за настап на ЕП во Полска, кое стартува на 7 септември.

Иако, беше најавено дека двајцата кошаркари кои побараа подоцна да се приклучат на подготовките Тодор Гечевски и Џеремаја Мејси ќе се појават вчера во „Градски парк“, сепак тоа не се случи. Како што кажа селекторот Јовица Арсиќ, Мејси имал авионска карта со 24 јули како датум за доаѓање во Скопје, што значи дека би требало денеска да отпатува заедно со останатите кошаркари за Златибор. Но ситуацијата со Гечевски и натаму е енигма. Директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски и Арсиќ разговарале со центарот на Македонија, а овој ги известил дека има проблеми со довчерашниот негов клуб Задар, кои мора да се решат во четири очи. Тоа значи дека Гечевски овие денови ќе престојува во Задар и ќе се приклучи подоцна на подготовките.

„Сите му посакуваме да ги реши проблемите со Задар. Тоа е важно и за него лично и за нас. Гечевски ни е потребен максимално подготвен и физички и психички. Се надевам дека се ќе биде в ред пред патот за Крањска Гора каде не чекаат првите контролни натпревари“, потенцира Арсиќ, кој има проблеми и со повредите на Диме Тасовски и на Ристе Стефанов, но очекува и двајцата да бидат фит за подготовките на Златибор.

Како што е предвидено кошаркарите на Златибор треба да останат до 1 август, кога одат на Крањска Гора, а првиот контролен меч ќе го одиграат на 2 август со Словенија. На 5 август во Љубљана треба да играат со европскиот првак Русија. По враќањето од Словенија следат два меча со Словачка во Охрид. Подготовките треба да кулминираат на двата турнири - во Бамберг, Германија (Полска, Хрватска, Германија) и на Ефес купот во Анкара (Турција, Летонија, Велика Британија, Германија, Хрватска).

И ХоландиЈа светлосни

години пред нас



Кошаркарите до 20 години убедливо поразени од „лалињата“ 67:91, па сега ќе играат за пласман од петто до деветто место

„Кога Холаѓаните научија да играат кошарка“, зачудено се прашуваа гледачите во салата „Борис Трајковски“, гледајќи со отворена уста и очи како „лалињата“ си играат кошарка со нашиве млади надежи, во мечот во кој гледавме некоја шанса за настап во полуфиналето на ЕП до 20 години (67:91).

Како што е познато, требаше да ја победиме Холандија, а Чешка да загуби од Австрија. На крајот не се случи ниту првото ниту второто. И овој последен пораз од Холандија, кој следеше по исто така убедливите од Бугарија и Чешка е само потврда на нашата сурова реалност, поточно на фаличниот систем во спортот. Ако во професионалниот спорт и може да кажеме дека не држат вода холивудските приказни од типот на Роки Балбоа, „бев сам, без поддршка од никого, немав скршен денар“ во аматерскиот спорт парите сигурно не се толку битни. Потребна е желба, мотив, наедно да си талентиран. Но тука и да ги поседуваш тие три елементи немаш среќа да добиеш вистински тренер, кој сето тоа ќе го претвори во квалитет. Тоа го призна и селекторот Емил Рајковиќ, кој и самиот треба да научи нешто повеќе од овие натпревари, односно од своите грешки што ги направи, особено онаа најголемата - што ги одмораше најдобрите против Бугарија.

„Видовте и самите. Тоа е нашата реалност. Треба да се менува од корен. Треба да се работи поинаку за да стигнеме до поголем успех“, порача Рајковиќ. Инаку, во денешното полуфинале ќе играат Полска - Чешка и Холандија - Шведска. Ние мечот со Финска за пласман од 5. до 9. место го играме во 16,30 часот.


Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Контадор во фотофинишот ја доби 18. етапа
Сите луди за синхронизација - близначките се како сирени
Работнички обезбеди двомеч со Одензе
Срамен пораз на Милано во Копривница
Фудбалски вести
Леброн Џејмс- Во средно училиште бев кретен
Вилнев можеби повторно во Ф1, Вебер го продолжи договорот
Македонска фудбалска клупска беда
Федерер доби близначки