Контадор во фотофинишот ја доби 18. етапа
Водечкиот во генералниот пласман на Тур де Франс-2009, Шпанецот Алберто Контадор, 18. етапа возена околу езерото Анеси ја мина за 48 минути и 31 секунда, а второпласираниот Фабијан Канчелара задоцни само 3 секунди! Швајцарецот, во овој момент сигурно најдобриот велосипедист на планетата кога станува збор за хронометар, водеше во текот на поголемиот дел од трката, но од 28. километар и брдото Блафи, Контадор го фати победничкиот ритам.
Трката меѓу Контадор и Канчелара беше толку израмнета, а Шпанецот во последните метри ги стисна забите за да го совлада колегата од Саксо Банк.
Трет на целта стигна Михаил Игњатев со 15 секунди заостанување во однос на Алберто Контадор.
Што се однесува до генералниот пласман, Контадор по овој триумф ја зголеми разликата во однос на Енди Шлек на четири минути и 11 секунди, трет е Ленс Армстронг кој заостанува пет минути и 25 секунди, а блиску до него се Бредли Вигинс и Андреас Кладен, па до крајот на трката се очекува голема борба за подиумот.
|