Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Фудбалски вести

Адебајор: Го оставив срцето за Арсенал, а тие ме продадоа

Како што е познато, напаѓачот на Арсенал Емануел Адебајор, уште пред неколку дена премина во Манчестер сити, но се' уште не може да се помири со начинот на кој го испратија старите пријатели.

„Се вратив од одмор, а на првиот тренинг ми кажаа дека ја прифатиле понудата за мене. Го прашав Венгер зошто сака да ме продаде, а тој ми кажа дека на Арсенал му требаат пари. Никогаш не сакав да заминам, но ете среќен сум што Арсенал ги доби своите пари. Се надевам дека паметно ќе ги потроши“, изјави Адебајор, кој е скршен и поради односот на навивачите. „Постигнав 30 гола за Арсенал пред две сезони и не сум виновен што Милан, Барселона или Реал сакаа да ме купат. Така не се завртеа против Фабрегас кога Барселона покажа интерес. Кога еден фудбалер игра добро нормално е да го бараат други клубови. Навивачите тоа никогаш не го разбраа и не можам да сфатам зошто ми се налутија. Го оставив срцето за Арсенал, го дадов најдоброто од себе, а нивното однесување кон мене навистина е лошо“, откри што го мачи најмногу Адебајор, кој мина три и пол години во Арсенал.

Шеикот од Портсмут го купува Калиниќ за седум милиони евра



Портсмут е клуб со 111 годишна традиција, но успеси вредни за спомен почна да реди дури во Премиерлигата 2002 година. Тогаш само за еден бод им побегна Купот на УЕФА, а веќе во 2007/2008 го освои ФА купот (во четврт-финалето на „Олд трафорд“ го исфрли Манчестер јунајтед). Пресвртот настана откако клубот го купи рускиот Евреин Александар Гајдамак. Од ова лето, велат навивачите, ништо нема да биде како порано. Причина е новиот газда богаташот од Дубаи шеикот Сулејман Ал Фахим, кој нема да штеди пари да создаде силен тим. Сега засега нема некои звучни засилувања. Ростерот е сиромашен, а англиските ме��иуми пишуваат дека е завршена работата со фудбалерот на Хајдук Никола Калиниќ, кој одлично би играл во тандем со Нико Крањчар. Се шпекулира дека Портсмут за Калиниќ дава седум милиони евра, што од Хајдук со двете раце ќе ги прифатат.

Мандела изненаден од бебешкиот изглед на Робињо



Фудбалерите на Манчестер сити се наоѓаат на турнеја по ЈАР, а имаа чест да се сретнат со некогашниот претседател на таа држава Нелсон Мандела. Големиот борец против апартхејдот, кој неодамна го прослави својот 91. роденден, најмногу го изненади изгледот на бразилскиот напаѓач Робињо.

„Па ти си бебе! Што правиш тука?“, го праша Мандела 25-годишниот Робињо.

Англичаните на првиот демократски избран претседател на ЈАР му подарија дрес со бројот 91, алудирајќи на неговите години.

„Тоа се фантастични години“, му кажа на Мандела тренерот Марк Хјуз.

Барса го купи Кеирсон, но веднаш го испраЌа во друг клуб



Барселона го донесе првото засилување, кое според цената може да се стави во таа категорија, но не и според плановите на тренерот Гвардиола.

Имено, 20-годишниот бразилски напаѓач Кеирсон е нов член на Барса, која за услугите на овој фудбалер на Палмеираш му плати 14 милиони евра, со тоа што постои моност за уште два милиони во зависност од неговите игри. Што се однесува до настапите за Барселона, годинава тој ќе ги нема: „Многу е млад, а веќе има дадено многу голови и има импресивна статистика. Беше клупска политика да се купи, но јас на него нема да сметам сезонава. Тој ќе оди како позјамен играч во друг клуб“, кажа Гвардиола.

Фергусон има 60 милиони фунти за засилувања



Манчестер Ј. за новата сезона ги ангажира Валенсија, Обертан и Овен, но тоа не ги задоволува навивачите кои по заминувањето на Роналдо и Тевез бараат некое звучно име.

„Имаме голем долг, кој семејството Глејзер го презеде кога го купуваше клубот, но таа рата е 43 милиони фунти годишно, а нашите приходи беа 80 милиони и плус заработивме на трансферите“, отворено зборуваше портпаролот за финансии на семејството, Тексин Најани, кој потврди дека Фергусон може да смета на 60 милиони фунти за засилувања.


Статијата е прочитана 646 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Контадор во фотофинишот ја доби 18. етапа
Сите луди за синхронизација - близначките се како сирени
Работнички обезбеди двомеч со Одензе
Срамен пораз на Милано во Копривница
Гечевски ќе го нема ни на Златибор
Леброн Џејмс- Во средно училиште бев кретен
Вилнев можеби повторно во Ф1, Вебер го продолжи договорот
Македонска фудбалска клупска беда
Федерер доби близначки