Федерер доби близначки
Швајцарскиот тенисер Роже Федерер (27) и неговата сопруга Мирка (31) добија близначки, се вели во соопштението на сајтот на најдобриот светски тенисер.
„Ова е најголем ден во нашиот живот“, се наведува во соопштението на Федерер, кој во четвртокот ги доби девојчињата Шарлен Рива и Мила Роуз. Сопругата Мирка и близначките се здрави и добро се чувствуваат, пренесе Ројтерс.
Близначките се први деца на брачната двојка, која се венча во април. Федерер својата сопруга Мирослава Вавринец родена во Словачка, ја запозна во 2000 година, кога се натпреваруваа на Олимпијадата во Сиднеј. |