Последен рок за пензионерите
Пензионерите кои немаат извадено трансакциона сметка од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување апелираат дека тоа треба да го сторат најдоцна до 20 јули.
Ова е последен рок, во спротивно, како што укажуваат од ПИОМ, пензионерите нема да може да ја подигнат јулската пензија, бидејќи Фондот нема законска можност од 1 август да врши исплата на пензија во готово.
Додека не се извади трансакциона сметка, пензијата ќе биде во мирување, објаснуваат од ПИОМ. (Ј.Ј.) |