Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Се воведува трета смена за матичните лекари

Јасмина Јовановска

Во здравствените домови во земјава, со исклучок на Скопје, најдоцна до септември, ќе се воведе трета смена за давање здравствени услуги. Неа ќе ја спроведуваат матичните лекари, кои ќе дежураат од 20 часот до 1 часот по полноќ. Со дежурствата за почеток ќе стартуваат матичните лекари во општините каде што има итна медицинска помош, додека во другите општини третата смена на матичните лекари ќе се воведе откако ќе се формира служба за итна медицинска помош.

Во овие општини итната помош и натаму ќе ја покриваат матичните лекари, кои и сега дежураат од 20 часот навечер до 8 часот наутро. Во Скопје останува старата шема. Здравствената помош по 20 часот ја покриваат лекарите од ноќната служба, а матичните лекари дежураат во саботите.

Реорганизацијата во работата вчера министерот за здравство, Бујар Османи, им ја соопшти на директорите на здравствените домови, укажувајќи дека овој проект има цел да воспостави континуирана медицинска помош за пациентите. И досега некои лекари работеа во трета смена, но сега ќе биде задолжителна. „Со третата смена ќе се покрие јазот кој го имаше во примарната здравствена заштита, бидејќи граѓаните по 20 часот беа принудени да се упатуваат во најблиската болница. Со овој проект граѓаните ќе ги добијат истите здравствени услуги од матичните лекари, а со оваа измена ќе се помогне и за побрзо детектирање на новозаболените лица од новиот грип“, појасни Османи. Дежурствата на матичните лекари, додаде министерот Османи, нема да се плаќаат, зашто тие се дел од обврските предвидени со капитацијата што лекарите ја добиваат од Фондот за здравствено осигурување, а која изнесува 50 денари месечно по пациент.

„Во Битола секој кој имаше потреба од лекар по 20 часот се обраќаше во брза помош. Сега директорот ќе мора да одреди двајца матични лекари, кои ќе дежураат од 20 часот навечер до 1 часот по полноќ, со што нема да мора и за главоболка пациентите да се обраќаат во брза помош“, објаснува државниот секретар во Министерството за здравство, Зоран Стојановски.

Со овој проект во 15 општини ќе се воведе и служба за итна медицинска помош. Ова се однесува за општините со помалку од 20.000 жители. За воспоставување нова брза помош, како што најави министерот Османи, ќе бидат вработени 50 лекари, за што има согласност од Владата, а ќе се набават и возила како дел од Стратегијата за дејствување во итни и кризни состојби.

Ќе може да се формираат 50 лекарски тимови, со што, како што објасни државниот секретар Стојановски, по четири тима ќе следуваат за секоја општина каде што нема брза помош. На овој начин ќе им се помогне и на матичните лекари, особено во општините каде што тие се во мал број, како, на пример во Македонска Каменица каде има само четири матични лекари.

Колку пари чини севкупниот проект не знаеше ниту министерот Османи, ниту, пак, државниот секретар Стојановски.


Статијата е прочитана 780 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Трет случај на новиот грип
��хридско Езеро и Врело меѓу 77 финалисти
Труењето на вишнарите останува мистерија
Рестрикции ги секнаа чешмите во Кавадарци
Последен рок за пензионерите