Фогел останува на клупата на Индијана
Френк Фогел е именуван за тренер на Индијана во средата, пет месеци откако ја презеде разнишаната екипа на привремена основа и ја одведе до плејофот. Фогел (38) го зазеде местото на отпуштениот Џим О’Браен на 30 јануари и во завршницата од основниот дел на сезоната во НБА-лигата со тимот оствари 20 победи и 18 порази, доволни за прво учество во разигрувањето за титулата по 2006 година.
Претседателот на Пејсерси за кошаркарски операции Лари Бирд изјави дека Фогел, кој му се приклучи на тимот како асистент во 2007 година, кога О’Браен беше назначен за главен тренер, беше фаворит за функцијата уште од стартот на потрагата за замена.
„Не се брзав во врска со тренерот, главно поради тоа што знаев дека имам добар кандидат во Френк“, изјави Бирд. „Но, сакавме да ја ��оминеме процедурата, а лично сакав да повеќе пати да поразговарам со Френк за персоналот што ќе ги покрие сите области“.
Фогел изјави дека верува оти Индијана, која го собра последното место што води во плејофот од Источната конференција минатата сезона, ќе продолжи да покажува напредок.
„Нашиот тим минатата сезона имаше силен финиш со позитивен настап во плејофот и тоа е нешто што сите ние, дефинитивно, можеме да го надградиме“, убеден е тој. |