Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Скопје го одврза кесето за Вардар

Со вчерашниот ребаланс на буџетот, градот издвои 15 милиони денари за фудбалскиот клуб, но оттаму порачаа и дека нема вечно да го финансираат

Сашко Ѓ. Димовски

Буџетот на Град Скопје беше ребалансиран вчера, па фудбалскиот клуб Вардар од денеска може непречено да ја користи финансиската помош од градските власти во висина од 15 милиони денари (околу 240.000 евра). Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за активности на град Скопје во областа на спортот за 2011 година, со акцент за реанимација на Вардаровиот фудбалски погон, беше ставена на дневен ред на вчерашната маратонска седница на Советот и потоа усвоена, со што црвено-црните можат да здивнат по подолго време. Сигурни пари ќе има за нормално функционирање на клубот за целата наредна сезона.

„Познат е фактот дека од поодамна Вардар се соочува со тешка криза и со проблеми од финансиска, од кадровска и од организациска природа. Од друга страна, општо познат е фактот дека овој клуб со своите некогашни успеси се втемели во историјата и на град Скопје. Може да се каже дека успесите на Вардар оставија неизбришлива трага во поновата историја на градот и придонесоа за голема афирмација на неговото име низ светот. Затоа, во овие тешки моменти, градот има обврска да помогне во неговото закрепнување“, стои во дел од образложението на Предлог-програмата на Комисијата за спорт при Советот на Град Скопје, чија што правна основа за нејзино донесување се членот 36 од Законот за локална самоуправа и членот 22 од Законот за спорт.

Но, дознаваме дека финансиската поддршка за Вардар во ваков обем нема да биде вечна, бидејќи тоа се средства што Град Скопје не може да ги издржи на долг рок. Помош се најавува и за наредните две-три сезони, односно се' додека клубот не се трансформира во акционерско друштво, не застане на здрави нозе и не почне да функционира стабилно, професионално и без пречки. Идентична финансиска помош за вардарци се најавува до 2014 година, иако не се исклучува можноста таа да биде повисока од 15 милиони денари годишно. Потоа ќе следува постепено повлекување на Градот од клубот во финансискиот дел, но не и во управувачкиот, кога ќе се заклучи дека колективот е подготвен да се издржува сам.

„Во моментот наша цел е ревитализација на клубот. Идејата е на Вардар да му се врати стариот сјај и повторно да прерасне во клуб со кој ќе се гордееме сите, како што се гордееја минатите генерации“, ни изјави претставникот на градската Комисија, Александар Бичиклиски.

Досегашниот буџет на Град Скопје за поддршка и унапредување на спортот и на спортските клубови изнесуваше 12 милиони денари. Со најновата интервенција, сега ќе достигне до 27.540.000 денари. Вардар, пак, преку ноќ закрепнува и од клуб-должник и загубар станува клуб без долгови. Финансиската инјекција од градот ќе се користи за исплата на заостанатите плати и за ликвидирање на клупските долгови од минатото кон сите институции. Неофицијално дознаваме и дека сите претходни претседатели во клубот и негови помагатели потпишале изјави дека немаат побарувања.

Од добро познати причини, Вардар оваа година ја имаше најтешката натпреварувачка сезона од своето постоење. Првпат не успеа да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига, завршувајќи на претпоследното место на табелата, кое директно води во Втора лига. Послаби од вардарци беа само фудбалерите на Пелистер. Но, црвено-црните административно остануваат прволигаши по фузијата со фудбалскиот клуб Миравци, што се случи во втората половина од јуни. Моментно се наоѓаат на подготовки на Златибор, играчки се екипираат, ја темпираат формата, а довербата да го води тимот во сезоната што е пред нас ја доби Илчо Ѓоргиоски.

За салата на Лирија 2,5 млн. денари

Вардар не е единствениот спортски колектив на територијата на Скопје што ќе добие помош од градските власти. Финансиска поддршка е насочена и кон боречкиот клуб Лирија за реконструкција на салата во Чаир. За таа цел ќе бидат издвоени 2,5 милиони денари од градскиот буџет.


#
Статијата е прочитана 2942 пати.

Испрати коментар

Од: zapad
Датум: 08.07.2011 00:19:36
makedonija nikogas nema da bide evropa ili svajcarija pa ova go nema ni vo amerika a go imase samo vo komunizam opstiski pari za profesionalen klup t.e. pari vo dzep na mangupi sportski mafijaski rabotnici koi poktradoa se pa sega i opstinski pari vo dzep alo makedonija opstinski pari se davat za bolni a ne za ova no kaj vas se obratno nedavate pari za sini kartoni na siromasi a na bogatasi polnite dzep.......
Од: mene
Датум: 08.07.2011 00:32:21
gradot skopje keseto go odvrza za miravci, vardar zasluzeno treba da e vo vtora liga , sramota pa i pisuvate po vesnici, nekogasnata gordost na makedonskiot sport sega e najgolema sramota na sportot vo makedonija
Од: tebe
Датум: 08.07.2011 01:25:13
ВАРДАР ШАМПИОН!!!
Од: Nikola
Датум: 08.07.2011 01:45:56
Do zapad. hehe e mnogo dale 250.000 eura -). Tolku pari ima i Moldavski tretoligash. Grad Zagreb dava 4 milion evra godishno za Dinamo Zagreb. Cibona i RK Zagreb zemat po 2 milion evra godisno.
Од: k2
Датум: 08.07.2011 03:13:51
Mesto da so tie pari napravat nekoja ulica ili trotoar se frlaat za gluposti...E ova se frleni pari a ne proektot 2014
Од: Vlatko
Датум: 08.07.2011 07:41:10
Ajde eve pak tema za iskompleksiranite provincijalci i dezurnite pljukaci.Pak istite likovi ke se javat kako se sramat,kako VARDAR trebalo da bide vtora liga,kako e ova Miravci a ne VARDAR itn. Razberete deka VARDAR e del od istorijata ne samo na Skopje tuku i na Makedonija i kolku i da laete ova bese neophodno.A deka koga za godina ili dve VARDAR ke igra vo Liga na sampioni vie ke bidete prvi sto ke zapalite kolite i ke se nacrtate u Skopje na Gradski da gledate fudbal. Taka da zakutete veke , glejte si gi nivite i godinesnava rekolta , ostavete go VARDAR na mira. Pozdrav Stara garda KOMITI
Од: petre
Датум: 08.07.2011 08:57:58
poubavo ke bese gradot da izdvoese pari za plati na javnite pretprijatija vo Skopje koi nemaat zemeno plata i po nekolku meseci, nego li da finansira privatni klubovi. sramota
Од: jaco
Датум: 08.07.2011 10:45:27
stamota koj e vardar zosto pari od grad skopje pa vo skopje ima i drugi klubovi neka i nim im dadat pa da bide ramnopravno sprema site.Za zal ova e Makedonija i drzavata neomu e majka a na nekoj makea .ZALNO NO STVARNOST
Од: abraham
Датум: 08.07.2011 12:06:40
pogolem sram nema vo sportot koj e koce trajanovski od moite pari da go spasuva,pomaga nekojsi vardar a za dva bivsa sampiona na drzavata sloga-jugomagnat i makedonija uvo nego boli.Neli nie sloga i makedonija baravme resormi vo oboj sport kolku tolku da se priblizime do evropa a ovaa vlast dobi izbori propagirajki reformi pa koj e lud ovde edna River plata koja postoji 110 godini 33 pati sampion sedum pati prvak na juzna amerika tri pati interkontinentalel prvak i dogodina ke igra vo vtora liga i toa e ok za cel normalen svet sportski a kaj sme nie sega 98 a dogodina 128 so sreka na zalost.
Од: Скопјанец
Датум: 08.07.2011 12:47:21
До сите плукачи! Читам коментари зашто Градот да финансира приватни клубови?! Вардар не е ничија пр��ватна сопственост, Вардар е во срцето на секој прав Скопјанец. Воедно Вардар е формиран од собранието на Градот и сосем логично беше клубот да се врати таму каде што припаѓа, а некои цело време сакаа присилно да го оттргнат. Вардар и Скопје, засекогаш сплотени во едно и ќе живеат вечно! Еден е Вардар, едно е Скопје!
Од: Citatel
Датум: 08.07.2011 13:41:09
Sramno,bedno i mizerno za Sportoto i drzavata Nemam protiv nisto finansiski inekcii strategii i tn za Vardara da si bide onoj Vardar sto treba da bide AMA Nasiot Vardar treba posteno da si izigra vo vtora liga Da ne e podobar od Sampdorija Vest Ham itn
Од: 3G
Датум: 08.07.2011 14:07:21
Vo proektot 2014 se davaat drzavni pari za opsta namena-spomenicite ne se privatni tuku za site. Vo proektot Varvar 1947 drzavata dava pari vo privatna firma koja pak so pari(moja procenka 20-30 ili na ramno 40 iljadi evra)kupuva prvoligaska licenca-znaci ne se raboti za nikakva fuzija. Simptomaticnoto molcenje i tabu na informaciite od FK Miravci za toa sto konkretno e napraveno, se potvrda. Se raboti za drzavni pari i zatoa tie odnosi ne mozat da se tretiraat kako delovna tajna. Vo normalna evropska drzava za razlika od ovoj totalitarizam, takvo nesto ne moze da se sluci. No ovde t.n. opozicija e pozainteresirana za reklamite na kanal 3 a t.n. nezavisni intelektualci i mediumi koj znae za sto? SFRJ bese sistem vo koj takov nemoral ne mozese da se sluci pa zatoa imase i sport pokraj se ostanato. Ottamu i ubavinata vo sportot sosednoto selo Susevo da se plasira i da igra(vo salata vo Strumica) vo elitnata odbojkarska liga na Makedonija. Konecno, postoi i navremen i pristoen nacin za p
Од: В. Кратовалиев
Датум: 08.07.2011 15:38:56
Со Вардар шеесетина години се препознава Македонија, па зар е потребно сега, со невидена леснотија, од брендот ВАРДАР да се откажеме. Добро е што клубот од градот добива шанса, која во никој случај не треба да биде пропуштена, а најмалку злоупотребена. Со вистински луге, на кои спортот, а посебно фудбалот им е при срце, Вардар со комитите, но не само од запад, да биде оној стариот и вистинскиот, каков што многу генерации го знаат.

Најди! во Утрински
Спорт
Се урна покривот на стадионот на Твенте
Пјонгчанг домаќин на ЗОИ 2018
Македонките подобри од Гркинките
Илиевски против Мекејлеб во Евролига
Футсалците во израмнета група за СП
Меси и колегите пред неславно испаѓање од Копа Америка
Кевендиш ги замолчи критичарите
Фогел останува на клупата на Индијана
Чековски една година во МЗТ Скопје

"""