Број 3625  петок, 08 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Спорт

Кевендиш ги замолчи критичарите

Британецот највешт во хаотичната петта етапа на Тур де Франс, по која Брајкович се повлече од трката

Британецот Марк Кевендиш влезе меѓу десетте велосипедисти со најмногу етапни победи на Тур де Франс со тоа што стигна прв на целта во петта делница од трката до Кап Фреел, преполна со инциденти. Во финишот на етапата долга 164,5 километри тој им избега на белгискиот првак Филип Жилбер и на Шпанецот Хосе Хоакин Рохас. Со својата 16. етапна победа на Тур, возачот на Менксмен се израмни на вечната листа со петкратниот освојувач Жак Анкетил. Норвежанецот Тор Хусховд ја зачува жолтата маичка наменета за најдобриот во вкупниот поредок.

Пред Кевендиш да стигне до својата прва етапна побед�� во годинашното издание на најпрестижната велосипедска трка, речиси сите познати имиња во колоната го „бакнаа“ асфалтот во возењето по силен ветер покрај брегот на Бретања, почнувајќи од трикратниот победник Алберто Контадор. Шпанецот, кој помисли дека ја освои четвртата етапа пред да сфати дека за влакно пред него финиширал Австралиецот Кадел Еванс, падна на 88 км до целта и го фрли велосипедот во лутина пред да се врати и да ја стигне колоната.

Најмалерозен тим беше Радиошек, кој го изгуби својот лидер Јанез Брајкович. Словенецот падна четири километри пред Контадор и беше принуден да се повлече од трката.

„Тежок ден. Но, не може ништо да се стори. Тоа е Тур де Франс, тоа е лотарија. Речиси сите паднаа. Се надевавме дека ќе имаме четворица лидери на Пиринеите, но ќе ги има само тројца“, изјави тимскиот директор на Радиошек, Алан Галопен.

На Брајкович му беше дијагностициран потрес на мозокот, но скенирањето на мозокот во болницата во Жињамп не откри ништо сериозно. Словенецот доби и третман за повредата на рамото.

Меѓу другите тимски лидери зафатени со карамболот беа и Холанѓанецот Роберт Гесинк, кој ги изгреба коленото и лакотот, како и Британецот Бредли Вигинс, кој изгуби минута по масовниот судир, но беше вратен во групата од своите колеги од тимот на Скај. Квик степ беше речиси идентично погоден како Радиошек со тројца возачи што паднаа, а најдебелиот крај го извлече поранешниот светски првак Том Бонен од Белгија, кој стигна на целта долго по главната група со повредено рамо.

Резултати од петтата етапа: Марк Кевендиш (В. Британија, ХТЦ) 3:38,32 ч., Филип Жилбер (Белгија/Омега) исто време, Хосе Хоакин Рохас (Шпанија/Мувистар) исто време итн.

Вкупен поредок: Тор Хусховд (Норвешка/Гармин) 17:36,57 ч., Кадел Еванс (Австралија/БМЦ) +1 секунда, Френк Шлек (Луксембург/Леопард) + 4 секунди итн.


#
Статијата е прочитана 271 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Скопје го одврза кесето за Вардар
Се урна покривот на стадионот на Твенте
Пјонгчанг домаќин на ЗОИ 2018
Македонките подобри од Гркинките
Илиевски против Мекејлеб во Евролига
Футсалците во израмнета група за СП
Меси и колегите пред неславно испаѓање од Копа Америка
Фогел останува на клупата на Индијана
Чековски една година во МЗТ Скопје

"""