Меси и колегите пред неславно испаѓање од Копа Америка
Аргентинците бесни, нивните ѕвезди спасуваа бод и во вториот меч, овој пат со Колумбија (0:0)
Колумбија по Боливија исто така му откина бод на домаќинот (0:0) и првиот фаворит на првенството на Јужна Америка. По ремито без голови пред 35.000 гледачи, Аргентинците имаат само два бода од исто толку натпревари, додека Колумбија е на врвот со четири.
Ако во дуелот меѓу Боливија и Костарика некој победил (се играше ноќеска) тогаш Аргентина во последното коло ќе мора да ја победи Костарика.
Она што посебно ги загрижува Аргентинците е што последните натпревари по групи не се играат во исто време, како што е обичај. Колумбија и Боливија ќе играат први, а ако Боливија ја совладала Костарика, во последното коло може да одигра „пријателски“ со Колумбија па двете репрезентации да одат натаму.
Во тој случај Меси, Тевез, Агуеро, Камбијасо, Маскерано, Игуаин, Лавеци... против Костарика би играле ревијален натпревар. Ситуација на која никој не се надеваше пред почетокот на турнирот.
Жестоко критикуваниот селектор Серџо Батиста напарви само една измена во однос на екипата која извлече реми со Боливија. Наместо бекот на Спартак Москва, Маркос Роја, на левата страна заигра Пабло Забалета.
Меси во првиот дел не се виде, освен кога во 30. минута го проигра Лавеци, кој долго се местеше, па ударот му го блокираа.
Најлошото дојде на самиот крај од тој дел: Голманот Ромеро фантастично реагираше на ударите на Фалкао и Морено, но дефинитивно во херој се претвори во 67. минута. Напаѓачот на Порто Фалкао сам излезе пред Ромеро, но промаши во ситуација во која досега не знаеше да промаши.
На крајот од мечот очекувано следеа жестоки свирежи од трибините на стадионот. Аргентинските ѕвезди ги наведнаа главите.
Табела: Колумбија 4, Аргентина 2, Боливија 1 (-1), Костарика 1 (-1).
МеЧевите на СП во Катар трипати по половина Час?
ФИФА би можела да дозволи на светското првенство во Катар да се игра по третини. Причина е опасноста дека поради високите температури може да биде загрозено здравјето на играчите. Извор на оваа вест е Михаел Бивон, директорот на Аруп Асошиејц, компанијата која е задолжена за ладење на 12 стадиони во Катар на кои ќе се игра Мундијалот.
„Причина за промената е што играчите би можеле да се хидратизираат пред да продолжат со играта. Тоа, секако, би направило дупки во ТВ преносите и слични работи“, вели Бивон.
Претседателот на Тотенхем
и МодриЌ во клинЧ
„Сан“ пишува дека имало жестока расправа на состанокот меѓу претседателот на Тотенхем Даниел Леви и хрватскиот интернационалец Лука Модриќ. Наводно, Леви побарал од Модриќ да им соопшти на медиумите дека останува во Лондон, но тоа било одбиено.
Модриќ му кажал на својот претседател дека сака да замине во Челзи, но овој не сакал да чуе за таква опција. Патем му порачал на Хватот дека поголеми се шансите тој да заврши на клупата отколку да го облече синиот дрес.
Леви по состанокот само кратко кажа дека се' е в ред и дека нема да го продаде Лука.
Милан не отстапува
од ШваЈнштаЈгер
Милан продолжува со обидите да ја доведе ѕвездата на Баерн, Бастијан Швајнштајгер. Според наводите на „Кориере дело Спорт“ Германците се подготвени да го дадат Швајнштајгер за 35 милиони евра.
Интер го продава МаЈкон
Иако, челниците на Интер многу пати демантираа дека ќе го продадат бразилскиот дефанзивец Мајкон, се чини дека вистината е сосема поинаква.
Самиот Мајкон кажа дека по Копа Америка е подготвен да разговара за трансфер во Реал Мадрид. Работата може да биде експресно завршена во случај на понуда од 20 милиони евра. |