Чековски една година во МЗТ Скопје
Управата на МЗТ Скопје потврди дека се договорила со Ѓорѓи Чековски. Договорот е во траење од една година со опција да биде продолжен и за настапите во Јадранската лига во сезоната 2012/2013.
Ова е трет клуб за Чековски во македонскиот шампионат. Досега тој има настапувано за Работнички и за Фени индустри. Интернационалната кариера ја градеше во украинскиот Феро ЗНТУ, потоа Черкаси исто така од Украина и Лукоил од Бугарија. Ова е петто засилување за МЗТ Скопје сезонава по доаѓањето на Огнен Стојановски, Ристе Стефанов и двајцата играчи од универзитетската лига во САД, Кејд Дејвис и Ноа Далман. (Н.К.) |