Македонките подобри од Гркинките
Машката селекција изгуби и од Србија во втората фаза на ЕП во ракомет на плажа
Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа ја победи Грција со 2:0, по сетови 13:11 и 20:18, со што остана на врвот на табелата во групата за пласман од 9 до 14 место на 7. Европско првенство што се одржува од 4 до 9 јули во хрватскиот град Умаг. Машката селекција, пак, продолжи со серијата порази, овој пат против Србија, од која изгуби со 2:0 (19:10, 24:19) во рамките на групата од втората фаза и без бодови од три средби остана да го дели дното на табелата со Полска.
Елена Ѓорѓиевска беше убедливо најдобриот поединец во дуелот со јужниот сосед, забележувајќи 15 поени. Адријана Здравковска запиша десет, Сави��а Мркиќ шест и Дијана Наумоска два.
Македонија и Украина го делат првото место со по шест бода од три средби, Србија, Кипар и Швајцарија имаат по два, а Грција ниту еден. Синоќа девојките во жолто-црвено дресови требаше да ги одмерат силите со Кипар, а денеска ќе го завршат настапот на шампионатот против Украина.
Избраниците на селекторот Сашо Србиноски, пак, беа целосно надиграни од северниот сосед. Филип Лазаров прокнижи 12 поени, Никола Маркоски осум, Наум Танески шест, Дарко Георгиевски два и Златко Мојсоски еден. Нивни противници синоќа требаше да бидат уште Норвежаните и Полјаците. (Р.Д.) |