Тетовци не излегоа на протест
ТЕТОВО - Протестот што го најавуваа спектакуларно дури седум политички партии и други асоцијации на Албанците не доби поддршка од тетовци. На плоштадот се собраа едвај педесетина кои мавтаа со 12 знамиња на Албанија и со барања за „остварување целосна рамноправност“ и „преиспитување на пресудите на невино осудените од Бродец“, а се' во стилот на „обесправени Албанци“.
Хисни Шакири, претседател на Националната демократска унија, ги оцени протестите како историски и најави дека ќе протестираат „па макар останале само еден“. (Г.Е.)
|