Депонијата е неважна за советниците
ТЕТОВО - Проблемот со дивата депонија во Тетово не ги испровоцира советниците што го одложија за некоја наредна седница. Само малкумина, главно, од опозицијата, сметаат дека моментно за Тетово нема поважно прашање од депонирањето на сметот. Токму оваа советничка групација побара сите сили во Општината да се обединат зашто дивата депонија во Тетово станува жариште на зараза, особено во овие летни горештини. Советникот Зоран Митревски, кој три месеци инсистира да се дискутира за комуналниот проблем, вчера предложи вонредна седница за да се даде општествена димензија на проблемот. На крајот се заклучи Комисијата за комунални дејности да излезе на самото место и да подготви информација. Се прелета и преку проблемот со уредување на новите православни гробишта во селото Фалише. (Г.Е.) |