Почна изградбата на ново училиште во Чаир
Сто и шеесет милиони денари се предвидени за изградбата на новото основно училиште „Конгреси и Mанастирит“ каде што ќе учат децата од истоименото училиште, кои досега учеле во бараки. Изградбата на новото училиште почна вчера. „Ставаме камен-темелник за изградба на нов училишен објект во Општина Чаир и еднаш засекогаш да ставиме крај на тешките услови во кои учеа учениците. Изградбата е дел од инвестиционата програма на Министерството за образование и наука, каде што за оваа година се предвидени 19 милиони денари, а севкупниот објект ќе чини 160 милиони денари“, изјави вчера заменик-министерката за образование, Линдита Ќазими. (Ж.Х.З.)
|