| Уште еден нов позитивен случај на грип  Добиените резултати од лабораториските анализи извршени во Институтот за јавно здравје во Скопје потврдија уште еден позитивен случај на новиот тип на вирусот А/Х1Н1. Пациентот веќе е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и веднаш му е дадена терапија со лекот „тамифлу“. Тој се чувствува добро и е со лесна клиничка слика. 
 Како што соопшти Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести во Скопје, во текот на последните 24 часа, се хоспитализирани шест нови случаи, сомнителни за инфлуенца А/Х1Н1. (Д.Р.)
 |