Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Недев на делба на 34. место на ЕП во Пловдив

Велемајсторот Трајко Недев (рејтинг 2518) со 4,5 поени од седум партии се наоѓа на делба на 34 место во конкуренција на 332 шахисти на 9. Европско поединечно првенство во Пловдив. Најуспешниот меѓу седумтемина македонски претставници на шампионатот во седмото коло славеше со бели фигури над ВМ Виорел Јордаческу (2584) од Молдавија и на четири кола до крајот се доближи до групата од 23 шахисти што ќе изборат настап на Светскиот куп.

Педесетпроцентен ефект досега остварија велемајсторите Звонко Станојоски (2506), Владимир Георгиев (2572) и Влатко Богдановски (2391). Станојоски, кој во четвртото коло го однесе скалпот и на Бугаринот Александар Делчев (2639) по големата победа во второто над Украинецот Сергеј Федорчук (2671), во седмата рунда со црни фигури го совлада ИМ Роберт Рис (2395) од Холандија. Индиспонираниот Георгиев со бели само ремизира против ИМ Павел Димитров (2414) од Бугарија, а Богдановски со бели го победи ИМ Василиј Папин (2483) од Русија.

Три поени досега собра ИМ Александар Чоловиќ (2493), кој со црни го подели поенот со Гркот Јоанис Георгијадис (2394). По 2,5 поена имаат ИМ Ванчо Стаменков (2350), кој со црни загуби од ИМ Давит Магалашвили (2462) од Грузија, како и ФИДЕ-мајсторот Дејан Динев (2298), кој исто така со црни ремизира со Габриел Греческу (2423) од Романија. (Р.Д.)

Недев - Јордаческу



1. е4 ц6 2. д4 д5 3. Сц3 д:е4 4. С:е4 Лф5 5. Сг3 Лг6 6. х4 х6 7. Сф3 Сд7 8. х5 Лх7 9. Лд3 Л:д3 10. Д:д3 е6 11. Лд2 Сгф6 12. 0-0-0 Ле7 13. Де2 0-0 14. Кб1 Дб6 15. Се5 Тад8 16. ц4 ц5 17. Лц3 Тфе8 18. С:д7 Т:д7 19. д:ц5 Т:д1 20. Т:д1 Д:ц5 21. Л:ф6 г:ф6 22. Се4 Де5 23. Тд7 ф5 24. Сц3 Дх2 25. Дф3 Лф6 26. Кц2 Дх4 27. б3 а5 28. Т:б7 Ле5 29. Тд7 Тц8 30. г3 Дф6 31. Дд3 ф4 32. Се4 Дг7 33. г:ф4 Л:ф4 34. Тд8 Т:д8 35. Д:д8+ Дф8 36. Д:а5 Де7 37. Дц5 Дх4 38. Дд4 е5 39. Дд5 Кг7 40. Дд1 Дх3 41. ц5 Дг2 42. Де1 ф5 43. ц6 ф:е4 44. ц7 Дг4 45. Д:е4 Дд7 46. Дг6+ Кф8 47. Дф6+ Ке8 48. Дх8+ Ке7 49. ц8=С+ Ке6 50. Дг8+ Дф7 51. Д:ф7 К:ф7 52. Сд6+ Кф6 53. Се4+ Кф5 54. ф3 1-0





 


Статијата е прочитана 114 пати.

Испрати коментар

Од: pepe64
Датум: 29.04.2008 15:26:21
napred, trajce!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ Победнички потег
Феникс, конечно, го победи Сан Антонио
Работнички К. ја завери титулата
Хирвонен победник во Јордан
Жестока тепачка на играчите на Јунајтед со о��езбедувањето на „Стемфорд бриџ“
Роналдо
Надал пак подобар од Федерер во Монако
Раиконен го одведе Ферари до еден-два победа во Шпанија
Лука Модриќ од Динамо во Тотенхем за рекордни 25 млн. евра
Динамо заработи 58 млн. евра, за Хрватска ниту липа