Брoj 2673  вторник, 29 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Жестока тепачка на играчите на Јунајтед со обезбедувањето на „Стемфорд бриџ“

На тепачката на играчите на Манчестер јунајтед и вработените на „Стемфорд Бриџ“ по дербито во Премиерлигата, наводно, претходеле тешки навреди на расна основа упатени кон играчите на Јунајтед, особено кон Патрис Евра. Засега ниту Јунајтед ниту Ф.А не ги потврдија ваквите шпекулации. „Гардијан“ пишува дека Евра ја загубил контролата, но додава дека бил испровоциран. „Евра беше сериозно навредуван од еден од вработените на „Стемфорд Бриџ“, тој побара објаснување, а потоа почнаа да го напаѓаат. Логично беше да го одбраниме, а само неколку секунди подоцна сите бевме опкружени со стјуарди. Верувам дека снимките ќе покажат кој го предизвикал инцидентот. Не ми се верува дека вакво нешто можеше да се случи“, изјави Карлос Тевез.

Инаку, играчите кои Јунајтед не ги користеше за мечот со Челзи го завршуваа вообичаениот мини тренинг по мечот, а обезбедувањето ги замоли да не трчаат по теренот, за да биде среден за утрешниот меч од ЛШ против Ливерпул.

Тие одбија да џогираат пред косилките и се претпоставува дека некој ги навредувал, по што дошло до тепачката. На сето тоа му претходел и инцидент во тунелот по завршување на мечот, каде, наводно, Харгрејвс и Фердинанд ги нападнале судиите. Изнервираниот Рио сакал да шутне една реклама, но погодил една работничка на стадионот.

На девојката и останале трагови од копачките на коленото, по што добила и извинување и цвеќе од Рио. Ф.А најави истрага за целиот случај и ригорозни казни.

 


Статијата е прочитана 626 пати.

Испрати коментар

Од: Ice Q
Датум: 29.04.2008 07:54:19
A jas mislev deka ova se slucilo vo Tetovo na stadionot na Skendija. Znaci vakvi raboti se sluuvaat sekade.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
ШАХ Победнички потег
Феникс, конечно, го победи Сан Антонио
Работнички К. ја завери титулата
Хирвонен победник во Јордан
Роналдо
Неде�� на делба на 34. место на ЕП во Пловдив
Надал пак подобар од Федерер во Монако
Раиконен го одведе Ферари до еден-два победа во Шпанија
Лука Модриќ од Динамо во Тотенхем за рекордни 25 млн. евра
Динамо заработи 58 млн. евра, за Хрватска ниту липа