Хирвонен победник во Јордан
Финецот Мика Хирвонен од тимот на Форд триумфира на Рели Јордан пред Шпанецот Дани Сордо од Ситроен, а третото место го освои Австралиецот Крис Еткинсон од Субару. Хирвонен сега води со 35 поени во вкупниот поредок, пет повеќе од Французинот Себастијан Леб од Ситроен, кој во Јордан заврши на разочарувачкото десетто место.
Кај конструкторите Форд води со 57 поени, втор е Ситроен со 50, а трет Субару со 39. |