Динамо заработи 58 млн. евра, за Хрватска ниту липа
Со продажбата на петмина фудбалери: Лука Модриќ (25 милиони евра - Тотенхем), Едуардо (15 мил. евра - Арсенал), Чорлука (13 млн. евра - Манчестер С.), Покривач (3,5 млн. евра - Монако) и Шилденфелд (2 млн.), Динамо заработи вкупно 58,5 млн. евра. Тој износ би можел да се зголеми ова лето со продажбата на Вукојевиќ и Дино Дрпиќ. Ако на сето ова се додадат сите продажби откако со клубот раководи Здравко Мамиќ ќе се дојде до вртоглава сума од 90 милиони евра.
Богатите трансфери во јавноста го предизвикуваат прашањето за плаќање данок.
Данокот на додадена вредност се одредува според законите каде е продадена „стоката“ а во случајов во Велика Британија. Динамо единствено плаќа данок на добивка (20 отсто) на разликата на приходот и расходот по годишна пресметка. Доколку прикаже загуба, нема да плати ништо. Треба да се знае дека во фудбалската работа вообичаено е поголемите отштети да се плаќаат на рати. Како ни за претходните трансфери така и за овој на Лука Модриќ Динамо не е должен да плати данок. „Динамо е Здружение на граѓани и не е должен да плати данок. Но, секако, кога Динамо ќе почне да ги троши тие пари за плаќање други работи, на тоа ќе плати данок како и сите останати“, објасни министерот за финансии на Хрватска, Иван Шукер. |