Феникс, конечно, го победи Сан Антонио
Во најдобриот меч досега во плеј-офот кошаркарите на Феникс, конечно, го победија Сан Антонио со 105:86 и намалија на 3:1 во серијата до четири победи. „Сонцата“ го решија натпреварот со одличната игра во првите три четвртини, во кои направија предност од 93:65, а јунак на мечот беше Французинот Борис Диао (20 поени, 10 скока и 8 асистенции), кој успеа во целост да го запре плејмејкерот на Сан Антонио, Тони Паркер.
Иако има негатива од 3:1, Феникс се' уште верува дека може да влезе во историјата на НБА како прв тим што славел по негатива од 3:0 во плеј-офот.
„Се враќаме во Сан Антонио и мислам дека можеме и таму да победиме бидејќи тоа веќе го сторивме двапати во регуларниот дел од сезоната“, изјави Стив Неш.
|