Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Пекинг 2008

Кинезите ќе го менуваат времето на денот на отворањето на ОИ...

Доколку на денот на отворањето на Олимписките игри времето биде лошо, кинеските метеоролози ќе можат да го променат, тврдат претставниците на Кинеската метеоролошка агенција, а пренесува агенцијата Ксинхуа.

Чен Женлин, потпретседателот на ова тело, изјави дека стручњаците за временските прилики ќе се консултираат со кинеската влада за да донесат одлука дали ќе го менуваат времето на 8 август, на денот на свеченото отворање на Олимписките игри, или не. Тој додаде дека кинеските стручњаци од 2003 година развиваат софистицирани методи на влијание врз временските прилики. Најмногу влијание посветија на редукција на врнежите, иако признаваат дека оваа технологија има многу недостатоци.

„Вештачката промена на времето може да биде многу корисна кога има послаб дожд. Меѓутоа, кога станува збор за силни врнежи или за невреме, ние сме немоќни“, признава Женлин.

Официјалните податоци за временските прилики кои се очекуваат на 8 август ќе бидат познати дури на 1 август. Кинеските стручњаци, веројатно две недели пред Игрите ќе ја имаат прелиминарната временска прогноза, но јавно нема да ја објават. Домашните метеоролози ги проучуваа податоците за временските прилики за периодот од 1951 до 2007 година и утврдија дека постојат 47 отсто шанси дека на 8 август ќе врне дожд. Сепак, тие дврдат дека малку е веројатно дека на тој ден ќе има обилни дождови. Метеоролозите внимателно ќе ги следат временските прилики за областите каде се наоѓаат 31 олимписки стадиони. Три дена пред почетокот на големиот спортски настан, кинеските метеоролози на стручњаците на Олимпискиот комитет ќе им доставуваат детални информации за временските прилики.

Временските податоци ќе се освежуваат на секои три часа, а ќе им бидат достапни на сите по пат на ТВ, телефони и интернет.

Коби Брајант најбогат спортист на ОИ

Коби Брајант, еден од предводниците на американскиот „дрим тим“ од кој сите во САД очекуваат да го вратат олимпискиот рон во Пекинг според податоците на „Форбс“ годишно заработува 24,5 милиони евра. Покрај платата која ја прима во Лејкерски, во примањата на Брајан се пресметани и спонзорските договори. Покрај Брајант, на листата на најбогатите олимпијци се и неговите тријца соиграчи, Леброн Џејмс, Двејн Вејд и Џејсон Кид, како и НБА асовите од Европа, Шпанецот Пау Гасол и Германецот Дирк Новицки. Доминацијата на кошаркарите во ова рангирање ја надополнува и кинескиот центар Јао Минг. Единствена жена на листата на „Форбс“ е руската тенисерка Марија Шарапова.

Листа од десет најбогати олимпијци според „Форбс“

1. Коби Брајант 24,5 милиони евра

2. Леброн Џејмс 23,8

3. Роналдињо 23,2

4. Роже Федерер 22

5. Јао Минг 17,6

6. Двејн Вејд 16.9

7. Марија Шарапова 16,3

8. Дирк Новицки 15,7

9. Џејсон Кид 12,5

10. Пау Гасол 9,4


Статијата е прочитана 262 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
И Италијанецот Рико меѓу допингуваните на Тур де Франс
Шах - Данчевски се издвои на врвот во Струга
Ватерполистите наградени со 20.000 евра
ФИФА бара потврда на саатницата за дуелите со Холандија и со Шкотска
Заборски
Трет бич-волеј фестивал во Охрид
Играчите на Реал Мадрид не го сакаат Роналдо...