Шах - Данчевски се издвои на врвот во Струга
Интермајсторот Орце Данчевски (рејтинг 2441) е единствениот со максимален ефект во првите три кола на Отвореното првенство на Македонија во шах, кое од 14 до 22 јули се одржува во Струга за вкупен награден фонд од 200.000 денари, од кои 50.000 за победникот. Вториот носител на турнирот во третото коло го совлада ФИДЕ-мајсторот Љубиша Андоновски (2300).
Салонско реми со „дури“ седум потези одиграа велемајсторите Влатко Богдановски (2388) и Звонко Станојоски (2514).
Други резултати од третото коло: Менкиноски - Стојановски реми, Попов - Петровски реми, Љ. Илиќ - Велески 0-1, Јаќимовиќ - Марковски реми, Секуловска - Панчевски 0-1, Васовски - Петров 1-0, Николоски - Динев 0-1, З. Илиќ - Темков 1-0 итн.
Табела: Данчевски три поена, Станојоски, Стојановски, Велески, Менкиноски и Богдановски по 2,5 итн. (Р.Д.)
Данчевски - Андоновски
1. е4 ц5 2. ц3 Сф6 3. е5 Сд5 4. д4 ц:д4 5. Сф3 д6 6. ц:д4 е6 7. Сц3 С:ц3 8. б:ц3 Дц7 9. Лд2 Сд7 10. Сг5 д:е5 11. Дх5 Сб8 12. Лб5+ Сц6 13. О-О г6 14. Дх3 Лг7 15. д:е5 Д:е5 16. Л:ц6+ б:ц6 17. Тфе1 Дф5 18. г4 Дц2 19. Тад1 Тб8 20. Дг3 Тб7 21. Се4 О-О 22. г5 Тб5 23. ц4 Тф5 24. Лб4 ц5 25. Л:ц5 Т:ц5 26. С:ц5 Д:ц4 27. Се4 Д:а2 28. Сф6+ Л:ф6 29. г:ф6 Дц4 30. Те3 х5 31. Тед3 Лб7 32. Тд8 Т:д8 33. Т:д8+ Кх7 34. Дг5 Дг4+ 35. Д:г4 х:г4 36. Тд7 Лд5 37. Т:ф7+ Кх6 38. Т:а7 г5 39. Тг7 е5 40. Кф1 Лф3 41. Т:г5 1-0 |