И Италијанецот Рико меѓу допингуваните на Тур де Франс
Италијанецот Рикардо Рико е последното трето големо разочарување во досегашниот тек на велосипедската трка Тур де Франс. Имено, носителот на точкестата маичка (најдобар возач на планинските етапи), победник на две етапи во годинашното издание на трката, и второпласиран велосипедист во генералниот пласман на Џиро ди Италија, беше позитивен на последниот допинг тест, откако при анализата во неговата крв беше откриено присуство на недозволената супстанца еритропоетин. Веднаш по соопштувањето на веста, неговата екипа Саунер Дувал ја напушти трката. Со овој скандал, Италијанецот Рико им се придружи на Французинот Мануел Бертран и Шпанецот Дуења Невадо, кои исто така беа позитивни на анти-допинг тестот.
Инаку, Норвежанецот Курт Арвесен во фотофиниш ја доби 11. етапа на Тур де Франс возена од Ланемзана до Фокс, долга 167,5 километри, пред второпласираниот Мартин Елмигер, а водството во генералниот пласман го задржа Австралиецот Кадел Еванс.
За норвешкиот првак Арвесен оваа е прва етапна победа на Тур де Франс во кариерата. „Ја чекав оваа победа уште од моето деби, а од 2005 како настинато сонце. Вредеше, ова е неописливо чувство“, изјави по победата членот на ЦСЦ, кого пред пет години Паоло Саволдели го остави на второто место во 17.етапа.
Трет на целта мина Алесандро Балан, тројца кои извлекоа максимум од бекството на 12-мината по уводниот еден час од трката, на нагорнината од прва категорија на Кол де Порте. Кадел Еванс на целта стигна со главната група (27), па измени во поредокот нема. Австралиецот и натаму има една секунда предност пред Шлек од Луксембург, а третопласираен е Кристијан Ванде Велде со 38 секунди задоцнување.
Резултати: Арвесен (Норвешка ЦСЦ) 3.58.13 ч., Елмигер (Шв��јцарија АГ2Р) исто време, Балан (Италија Лампре) +2 сек.
Генерален пласман: Еванс (Австралија, Сајланс Лото) 46.42.13 ч., Шлек (Луксембург, ЦСЦ) +1 сек., Ван де Велде (САД, Жармин Шипотле) +38 сек. |