Брoj 2740  петок, 18 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Трет бич-волеј фестивал во Охрид

Настанот почна вчера, ќе трае 10 дена и ќе има натпреварувачки, рекреативен и забавен карактер

Сашко Ѓ. Димовски

Интересни натпревари, атрактивни девојки, многу награди, добра музика и забави до доцна во ноќта. Сето ова може да се најде на едно место, локацијата е „Бафало Бич“, плажа која се наоѓа веднаш после мостот кај езерската полиција во Охрид, каде во наредните 10 дена ќе се одржи третото издание на турнирот во одбојка на песок, популарниот бич-волеј фестивал.

„Традицијата продолжува. Лани имавме успешна организација на настанот, се надевам дека оваа година организацијата ќе биде уште поуспешна, а квалитетот на мечевите на уште повисоко ниво. Исто така се надевам дека оваа година за последен пат остануваме на локално ниво бидејќи до година планираме оваа манифестација да добие меѓународен карактер. Затоа на наредниот состанок на Балканската одбојкарска федерација што ќе се одржи во декември во Грција ќе аплицираме за домаќини на Балкански шампионат во одбојка на песок во помладите категории и се надевам дека ќе успееме во нашите намери“, ни изјави генералниот сектера на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), Зоран Карановиќ.

Одржувањето на годинашниот одбојкарски турнир на песок ќе биде добредојден за нашите машки репрезентативци кои на четврти август во Маврово ќе стартуваат со подготовките за септемврискиот бараж двомеч со селекцијата на Чешка за пласман на ЕП 2009. Па, затоа 80 отсто од ростерот на селекторот Александар Тасевски веќе го потврди своето присуство на песокот на „Бафало Бич“. Кај професионалнците во машка конкуренција ќе учествуваат 16 екипи, кај девојките над 10, голем е интересот за учество и кај компаниите и аматерите, а најголем, за разлика од лани, е кај јуниорите во машка и женска конкуренција. Покрај вредните награди за најдобрите оваа година за првпат ќе се избира и МВП на турнирот во обете конкуренции.

Славков нов тренер на Форца Волеј

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, Горан Славков, е нов тренер на тимот на Форца Волеј, носител на двојната круна во женското одбојкарско првенство и наш претставник во Челинџ купот. Ова вчера ни' го потврди претседателот на Форца Волеј, Јане Честовалиев. Славков доаѓа на местото Зоран Чадиев, селектор на женската репрезентација на Македонија, кој од приватни причини го напушти клупското кормило. Прв соработник во новиот стручен штаб на Форца Волеј ќе биде Емилија Терзиевска. Досегашните асистенци на Чадиев, Благоја Ставрески и Атанас Филиповски најверојатно ќе останат во клубот и ќе бидат задолжени за работа со младите категории.


Статијата е прочитана 141 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
И Италијанецот Рико меѓу допингуваните на Тур де Франс
Шах - Данчевски се издвои на врвот во Струга
Ватерполистите наградени со 20.000 евра
ФИФА бара потврда на саатницата за дуелите со Холандија и со Шкотска
Заборски
Играчите на Реал Мадрид не го сакаат Роналдо...
Кинезите ќе го менуваат времето на денот на отворањето на ОИ...